Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Младински лиги (page 31)

Младински лиги

Лавиците во среда на кејот крај Ј.Сандански ги „палат моторите“

88

Младиот женски ракометен тим на Вардар, кадетскиот состав кој во претходната сезона дојде до две титули, пионерска и кадетска, ги троши последните слободни денови.  Платон Анжела и Марија Папуџиева се подготвуваат да ги започнат активностите за новата сезона. „Лавиците“ летните подготовки ќе ги стартуваат во среда, 5.август. Истите започнуваат во 18-00 часот со состанок, односно половина час покасно со првиот ... Read More »

Среќен 18.роденден Јаковчевска Ива

d

Денес свој роденден прославува ракометарката на ЖРК Вардар, крилото на црено-црните Ива Јаковчевска.  Таа го прославува своето полнолетство, односно нејзиниот 18.роденден.  Станува збор за инспиративна  и талентирана млада девојка, во тимот  настапува на десната крилна позиција, дојде како „производ“ на Вардар Јуниор лигата во нашиот тим и ги мина сите скалила од пионерска до сениорска категорија. СРЕЌЕН РОДЕНДЕН ИВА! Read More »

Нацева за Вардарфанс: ЖРК Вардар има три спонзори, цел стручен штаб го задржавме, имаме визија за големи успеси

naceva2

ЖРК Вардар во новата сезона 2020/2021 ќе функционира различно од претходно, тимот сега е засебен субјект. Истиот има ново раководство, спонзори, но ги задржа поголем дел  од играчите кои се претежно репрезентативки и целиот стручен штаб. Во раководната структура се искусниот тим од претходно. Гордана Нацева е претседател на тимот, долгогодишната репрезентативка, капитенот на Европскиот првак, Кометал ЃП и искусниот ... Read More »

ЖРК Вардар го задржа домот, „Јане Сандански“ останува наша база

vardarfans-zrk-vardar

Женскиот ракометен тим, Вардар во новата сезона ќе биде засебен субјект, повеќе нема да биде дел од семејството на РК Вардар. Тимот се „осамостои“ па една од прашањата кое не беше познато,  беше каде ќе продолжи да се натпреварува, конечно истото е решено. Во комуникација со Гордана Нацева бевме известени дека тимот ќе остане во својот дом, Спортскиот центар “Јане ... Read More »

Лавиците ги „палат моторите“ на 5.август

521

Првиот тим на ЖРК Вардар како што веќе ве известивме ќе започне со подготовките на 3.август, познато е веќе и терминот за кадетскиот тим. Платон Анжела ќе прозива два дена покасно, односно на 5.ти идниот месец (05/08/2020,среда) кога официјално ќе ги започне тимот летните подготовки за новата сезона. Ќе се започне на отворено, вчера РФМ ги изработи и протоколите за ... Read More »

Попова: Очекувам лесна адаптација во ЖРК Вардар, тоа е тимот во кој сакам да напредувам

gg2

ЖРК Вардар веќе ги закажа подготовките за новата сезона, истите се предвидени за на 3.август во Скопје. Прв пат во црвено-црниот дрес ќе одработат тренинг две нови девојки, летните засилувања на Вардар. Една од нив е Попова Јасмина. Со неа ќе биде пополнета десната бековска позиција во тимот, станува збор за млад играч кој доаѓа од суперлигашот, ЖРК Гевгелија. Младата ракометарка која ... Read More »

Стојановска: Од Металург минав во ЖРК Вардар поради желбата за напредок и усовршување кој го нуди тимот

df

ЖРК Вардар сериозно се засили со две нови имиња пред почетокот на новата сезона. Една од нив  игра на левата бековска позиција. Станува збор за македонската репрезентативка, Михаела Стојановска. Таа во нашите редови пристигна од ривалот од Автокомада, екипата на ЖРК Металург. Тука ги мина сите младински конкуренции,  беше дел и од Македонската кадетска селекција на шампионатот во Италија 2019. Ристова добива одличен бек ... Read More »

На денешен ден лани: Македонија по пресврт подобра од БиХ, Трпевска со пет гола е најефикасна од вардарки

61844941_1257278834443074_5986550649544769536_n-660x330

Овој период од годината никогаш не изобилувал со спортски настани, па така и лани едниствен дуел за одбележување на денешен ден беше женскиот младински меч против БиХ одигран во Мостар. Во составот на црвено-жолтата селекција имаше пет вардарки. Во извештајот сме го донеле следното: Женската младинската селекција  на Македонија  го одигра првиот натпревар  против Босна и Херцеговина во Мостар. Ова е ... Read More »

Вардар со помалку млади машки и женски ракометни екипи годинава

mali-660x330-660x330-660x330-660x330

До 30 јуни е последен рок за пријавување на младинските екипи во системот на Реакометната федерација на Македонија. Очигледно оваа сезона црвено-црните ќе бидат со помал број на тимови застапени во лигите. Кај дамите пионерската е до 2006 година, ние немаме моментално тим со таа воздраст. Па така досегашните пионерки кои се сега во возраст на кадетки ( 2004 и ... Read More »