ЖРК Вардар остана на врвот на табелата по победата денес над Пелистер. Црвено-црните беа домаќини во „Круме Кепески“ и победија со 31-26. Првиот дел беше изедначен, двата тима имаа дузина минимални водства и изедначувања, од 2-2 се до 12-12 пред финишот. На крајот нашиот тим успеа да поведе со 13-12 и така се замина на одмор, на овој дуел кој ... Read More »
Прв тим
(Стрим) Вардар-ЖРК Пелистер
ЖРК Вардар во 9.коло во женската група-А, игра против тимот на ЖРК Пелистер, екипа која ја совладавме во Битола во 2.коло. Ние сме домаќини денес во салата при ОУ „Круме Кепески“, дуелот е закажан со почеток во 17 часот и 30 минута. Натпреварот може да го погледнете на следниот ЛИНК! Read More »
Преглед 8.коло! Вардар и покрај поразот остана лидер, Куманово и Чаир на 3.бода зад него
По паузата поради Европското првенство започнаа дуелите во женската група-А каде што играат девојките на Александар Царчев. Во ова 8.коло бевме поразени во дербито од Куманово, во продолжение резултатите од оваа осма рунда. 24/11/2022 ЖРК ЧАИР – РК СПАРТАК 37 – 21 23/11/2022 ЖРК ГЕВГЕЛИЈА – ЖРК ШАМПИОН 24 – 26 23/11/2022 ЖРК ПЕЛИСТЕР 2012 – ЖРК СКОПЈЕ 35 – ... Read More »
ЖРК Вардар во сабота домаќин на Пелистер
ЖРК Вардар по вчерашниот пораз веќе викендов ќе има прилика да се врати на победничките патеки, следи 9.коло во женската група-А. Во оваа рунда повторно сме домаќини, ние сме фаворити за победа против тимот на ЖРК Пелистер, екипа која ја совладавме во Битола во 2.коло. Дуелот се игра задутре, сабота (26/11/2022) во салата при ОУ „Круме Кепески“ во скопската населба ... Read More »
ЖРК Вардар без бодови од дуелот со Куманово
Денес, во спортскиот центар „Јане Сандански’ се одигра натпреварот од 8.коло помеѓу ЖРК Вардар и Куманово, ова дерби го доби тимот на кумановки со 22-27. Дербито започна со четири гола за само две минути, ние поведовме преку Миновска и Џатевска, а ривалот изедначи (2-2). Тимовите беа резултатски блиски, по 10.минути беше 5-5, резултат кој го постави Џатевска со својот ... Read More »
(Стрим) ЖРК Вардар-Куманово 16-30 часот
По паузата поради Европското првенство продолжува лигата кај дамите, денес во дербито, ЖРК Вардар е домаќин на Куманово. Дуелот се игра во СЦ „Јане Сандански’ со почеток во 16 часот и 30 минути. *Дербито може да го погледнете на следниот ЛИНК! Read More »
Дербито, Вардар-ЖРК Куманово се игра утре
По паузата поради Европското првенство продолжува лигата кај дамите. ЖРК Вардар е домаќин во дербито на силниот тим на Куманово. Дуелот се игра утре, среда (23/11/2022) во спортската сала Јане Сандански со почеток во 16 часот и 30 минути. Вардар влегува како лидер на табелата со максимални 21.бод на оваа средба. Read More »
Среќен роденден Трпевска Ивона
Денес, својот 22.роденден го прославува крилото на ЖРК Вардар, Ивона Трпевска. Редакцијата на Вардар Фанс и посакува среќен роденден на Трпе. Среќен роденден Ивона Read More »
ЖРК Вардар со „бронза“ на турнирот во Романија
ЖРК Вардар го освои 3.место на меѓународниот турнир во Слобозија, Романија, денес на последната средба против ЦСМ Дева, најдобриот тим на турнирот бевме поразени со 37-27. Вардарки одлично го отворија натпреварот, тие имаа постојано предност од гол-два се до 20.минута. Потоа потфрливме во реализиацијата, имавме одличен противник, најдобар на турнирот. Тренерот Царчев кратко ни изјави дека е задоволен од играта ... Read More »
ЖРК Вардар совладан од домаќинот и судиите на турнирот во Романија
Вчера, во 2.коло од турнирот во Романија, девојките на Царчев се сретнаа со тимот на домаќинот, Униреа Слобозија. Ривалот дојде до победа на „крилјата“ на судиската двојка која не беше на ниво за вака важен меѓународен натпревар. Тие не совладаа со 39-34. Првиот дел беше резултатска „нишалка“ нашите девојки постојано поведуваа ривалот се враше на реми, потоа они поведуваа ние ... Read More »