ЖРК Вардар заврши како лидер во групата-А во женската лига. Денес на последниот дуел од есенскиот дел воедно и последниот од групната фаза го совладавме тимот на Спартак. На оваа средба бевме гости во салата “Круме Кепески”, на почетокот единствено само до 2-2 беа рамноправни со нас. Потоа влеговме во ритам и до крајот на првиот дел поведовме со 9.гола, ... Read More »
Прв тим
(СТРИМ) ЖРК Спартак – ЖРК Вардар
Денес со почеток од 18:30 часот, ракометарките на Вардар ќе го одиграат последното 14.коло од регуларниот дел на сезоната во женската Супер Лига. Вардарки ќе гостуваат кај екипата на Спартак, натпревар на кој се големи фаворити за победата, против последно пласираниот тим на Спартак кој има освоено само 1 бод, додека Вардар се наоѓа на првата позиција со 33 освоени ... Read More »
Среќен роденден Царчев Александар
Својот 61-ви роденден, денес го прославува поранешниот голман на РК Вардар потоа тренер во машкиот, а сега прв тренер на женскиот тим Александар Царчев. Своето ракометно знаење несебично го пренесуваше и ќе го пренесува на младите вардарови голмани кои се иднината на црвено-црниот тим. Од оваа сезона по краткиот аражман во странство се врати како прв тренер на црвено-црните дами. ... Read More »
Преглед 13.коло! Сите фаворити со победи, Вардар останува лидер
Изминатиот викенд се одигра 13.коло кај дамите во женската сениорска ракометна лига. Во оваа предпоследна рунда сите фаворити имаа лесни задачи и дојдоа до сигурни победи над своите ривали, Вардар, Чаир и Куманово остварија победи. Најинтересно беше во Гевгелија каде битолчанки остварија гостинска победа со само еден гол повеќе. Ова се резултатите од оваа рунда: 18/12/2022 ЖРК ЧАИР – ЖРК ... Read More »
Вардарки се вратија на победничките патеки, лесен триумф во дуелот со Шампион
Ракометарките на Вардар на убедлив начин се вратија на победите во женската Супер Лига. На натпревар од 13.коло во групата А, избраничките на Александар Царчев стигнаа до висок триумф во дуелот со екипата на Шампион, изразен со резултат 43:18. Вардарки добро го отворија натпреварот со серија од 4:0 и уште на стартот најавија дека противникот нема што да бара на ... Read More »
ЖРК Вардар во првиот “шешир” за Купот на РМ
Познати се куп 1/8-финалните шеширите пред ждрепката во ова натпреварувања кај дамите. Ќе играат 15 екипи, кои во осминафиналето ќе бидат поделени во три групи по четири екипи и една со три екипи. Ранкингот на екипите е направен според пласманот во Женската лига минатата сезона. 1/8-финалните натпревари на 18/19 март, најдобрите четири екипи ќе обезбедат место на завршниот турнир што ... Read More »
ЖРК Вардар домаќин на Шампион во сениорски дуел
ЖРК Вардар ќе се обиде да се врати на победничките патеки по поразот пред два дена од Чаир во лигата, овој викенд не очекува натпревар на кој сме фаворити за победа. Викендов се игра 13.коло во групата-А каде што настапуваат девојките на Александар Царчев, во оваа рунда ние сме домаќини на тимот на ЖРК Шампион. Натпреварот е закажан за утре, ... Read More »
ЖРК Вардар минимално поразен од Чаир, поради подобар меѓусебен дуел остануваме лидери
ЖРК Вардар, вчера во заостанат дуел од 10.коло гостуваше кај тимот на Чаир, на оваа средба бевме минимално поразени со резултат 27-26. Успеавме поразот да биде помал од нашата победа над истиот тим па при ситуација на исто бодови која е се поверојатна ние како први на табелата ќе патуваме во плеј-офот. Дуелот започна со по два гола во двете ... Read More »
(Стрим) Чаир-ЖРК Вардар, 17-30 часот
ЖРК Вардар и екипата на Чаир кои атакуваат на првата позиција во групата-А во рамки на 10.коло не го одиграа дуелот помеѓу себе. Истиот ќе се игра денес, среда (14/12/2022) во салата ОУ „7ми МАРТ“ во скопската населба Чаир. Овој натпревар е закажан со почеток во 17 часот и 30 минути, истиот е клучен за првата позиција на табелата во ... Read More »
Одложениот дуел со ЖРК Чаир, вардарки ќе го играат во среда
ЖРК Вардар и екипата на Чаир кои атакуваат на првата позиција во групата-А во рамки на 10.коло не го одиграа дуелот помеѓу себе. Ова дерби беше одложено порани настапот на нашиот ривал во европските натпреварувања. Познат е терминот за играње на натпреварот, истиот ќе се игра задутре, среда (14/12/2022) во салата ОУ „7ми МАРТ“ во скопската населба Чаир. Овој натпревар е ... Read More »