Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Пред три години го најавивме нејзиниот “блесок“, Јована Мицевска со само 17 години беше дел од првиот тим на ЖРК Вардар во лигата на шампионите
Пред три години го најавивме нејзиниот “блесок“, Јована Мицевска со само 17 години беше дел од првиот тим на ЖРК Вардар во лигата на шампионите

Пред три години го најавивме нејзиниот “блесок“, Јована Мицевска со само 17 години беше дел од првиот тим на ЖРК Вардар во лигата на шампионите

1656257_890910647615298_4098141149138555492_n-660x330

Уште пред скоро три години најавивме дека е родена новата голманска надеж на Вардар и Македонската ракометна репрезентација. Интересен бил нејзиниот почеток во ракометот и голманската позиција, кога имала само шест години. Случајно на еден тренинг на кој била присутна и Јована, на тренерот му недостигал голман за да го одработи тренингот. Токму Јована застанува на голот, па од тогаш ја задржува таа позиција, каде денес бележи големи резултати и успеси зад своето име. Првите почетоци ги има во ракометната школа на Зоран и Индира Кастратовиќ.

vardarfans-micevska1-480x330-480x330

Во Вардар настапува од 2012 година, каде ги има поминато сите младински екипи на ракометниот клуб Вардар. На само 15 години добива шанса да биде дел од првиот тим на ЖРК Вардар, на меч во супер-лигата, каде дебитира против екипата на Жито Прилеп, во натпреварувачката сезона 2014/15 и на тој дуел забележува седум одбрани, од кои два се од ударите од седум метри. Голема беше привилегијата за Јована да биде во друштво со една Суслина и Лејно. Од тој меч постојано добива шанса да брани во првиот тим, на натпреварите од супер-лигата. Во сезоната 2015/16 активно тренира и со вториот тим на Вардар од тогаш и бележи настапи за оваа екипа предводена од тренерот Симе Симовски, а истовремено настапува и за кадетската и младинската екипа на клубот.

vardarfans-micevska-najdobar-golman-660x330

Две години по ред е прогласена за најдобар голман на турнирот “Вардар еден живот, една љубов“, талентот е веќе препознаен од стручните лица во РК Вардар, кои беа децидни дека Јована еден ден ќе брани за Вардар и во лигата на шампионите. Мицевска е актуелна кадетска и младинска репрезентативка на Македонија, а последен пат беше дел од кадетската селекција на Македонија, на ЕП за кадетки кое во месец август се играше во Скопје.

vardarfans-naslovna7-660x330

На мечот со Ларвик, одигран во саботата во С.Ц.Јане Сандански тренерскиот тандем на ЖРК Вардар реши да и даде шанса да биде дел од составот. Со само 17 години, Мицевска е веќе пријавена во составот на Европскиот вицешампион, за мечевите од лигата на шампионите за оваа натпреварувачка сезона. Може да се каже дека е пр голман на тимот, на натпреварите од супер лигата.

Уште кога започнавме со работа на нашиот веб сајт го најавивме нејзиниот блесок и бевме сигурни дека еден ќе ја гледаме помеѓу стативите на Вардар во лигата на шампионите. Меѓу првите наши интервјуа на “Вардар Фанс“ е токму со новата голманска надеж на Вардар, Јована Мицевска која во иднина треба да биде и прв голман на црвено-црните.

vardarfans-micevska1-660x330-660x330

Голем удел и заслуга за нејзниот напредок има и Александар Царчев, кој работи со голманите во сите машки и женски екипи на РК Вардар и е дел од стручниот штаб на Македонската машка репрезентација, заедно со Раул Гонзалес.

Да се потсетиме на сите наши интервјуа, дел од изјавите и напишани текстови, поврзани со Јована Мицевска:

Јована Мицевска -големата надеж на ЖРК Вардар.

Јована Мицевска: Чуството да си блиску и да работиш Со “Суслина И Лејно“ е непроценливо

Јована Мицевска за Вардар Фанс: Наградата ја споделувам со моите соиграчи и тренерот.

Јована Мицевска во наредниов период ќе тренира со вториот тим на Вардар јуниор

Јована Мицевска: Оваа награда сакам да ја споделам со мојот тренер Александар Царчев, со кого работам напорно

Јована Мицевска, Анастасија Николовска и Ива Божиноска оставаат најголем “белег“ во младинските категории на Вардар

Јована Мицевска во стилот на Лејно го “скроти“ Металург

Јована Мицевска: Би сакала во иднина да застанам меѓу стативите на голот на Вардар во лигата на шампионите