Младинскиот репрезентативец на Македонија, Анатолиј Петејчук заминува од редовите на Вардар, дознава ,,Вардар Фанс”. Младиот крилен играч иако потпиша две и пол годишен договор пред една година, сепак порано го напушта таборот на ,,црвено – црните” и во новата натпреварувачка сезона ќе има нов клуб. Петејчук изминатава сезона одигра 11 првенствени натпревари и постигна еден погодок, оној против Работнички на три кола ... Read More »
Author Archives: Д.Гогов
(ФОТО) Дибиров со двајца екс-соиграчи на одмор на Малдивите
Вардар европските титули ги освои благодарение на тимската хемија која владееше во тимот, а таа продолжува и надвор од ракометните терени. Левото крило на Вардар, Тимур Дибиров е на одмор и ужива на Малдивите, а друштво му прават двајца екс-соиграчи од шампионските денови. Игор Карачиќ и Кристијан Дисингер остануваат верни пријатели на Тимур. Русинот на својот ,,Инстаграм” профил ја објави оваа фотографија: Read More »
Итало: Ме викнаа да играм ЛЕ, арно ама..
Бразилецот Итало ќе биде запишан во низата на играчи кои дојдоа, малку одиграа и експресно си заминаа. Бразилскиот голгетер дојде во Вардар како големо засилување за Лигата на Европа, но одигра малку. Ќе се памети оној погодок против Розенборг на домашен терен, кога Вардар одигра 1:1 за историски бод. Итало за бразилски „Јовем Пам“ искажа каков му бил престојот во Вардар. „Македонија ... Read More »
Симов: Убави спомени имам од голманските денови, се надевам дека ќе продолжиме по тој успешен пат како во минатото
Горан Симов освои две шампионски титули како играч на Вардар, а сега ќе треба да освојува како предводник од клупата на ,,црвено – црните”. ,,Вардар Фанс” правеше интервју со Симов кога беше играч на нашиот клуб, а денес прави со новиот тренер на најтрофејниот фудбалски клуб од Македонија. - Се вративте дома, што значи за вас клупата на ФК Вардар? ... Read More »
Неколку заминувања од Вардар
Напаѓачот Филип Петковски и играчот од одбраната Виктор Велкоски, во новата сезона нема да бидат дел од ФК Вардар. Искусниот Петковски заминува во Индонезија, а Виктор Велкоски сеуште разгледува понуди. И двајцата имаа значителна улога во тимот изминатава сезона. Петковски одигра 32 натпревари и постигна пет погодоци, додека пак Велкоски одигра 33 натпревари без постигнат погодок. Од Вардар како што најавивме пред некој ден, заминува ... Read More »
Вардар добива тренер на голманите од Црна Гора
Од Вардар 1961 излегоа со информација дека стручниот штаб на тимот ќе биде засилен со Александар Рогановиќ, кој ќе биде тренер на голманите во Вардар. Искусниот Рогановиќ ќе има за задача да ги тренира Томовски, Ристовски и Сафар. Стручниот штаб на Вардар 1961 следната сезона ќе биде зголемен за уште еден нов член, со Александар Рогановиќ (59) кој ќе биде одговорен ... Read More »
Поранешниот капитен и голман на Вардар, седнува на клупата на ,,црвено-црните”
ФК Вардар во новата сезона освен низа на нови играчи ќе има и нов тренер. Поранешниот голман и капитен на тимот, Горан Симов седнува на клупата на ,,црвено – црните” и ќе има за задача да го врати тимот експресно во Првата фудбалска лига. Горан Симов им е доста добро познато име на оние верни навивачи на Вардар. Во периодот ... Read More »
Ѓурковски заминува од Вардар
Младиот играч од одбраната, Александар Ѓурковски најверојатно го напушта тимот на ФК Вардар и продолжува во друг тим од Скопје. Ѓурковски добиваше солидна минутажа минатата сезона од Никола Илиевски Џиџи како дефанзивец и последен играч за врска и одигра 19.официјални натпревари во Првата лига без постигнат погодок. Ѓурковски пред да добие шанса за првиот тим, играше во младинските категории на клубот. ФК ... Read More »
(ВИДЕО) Македонските навивачи во Амстердам: ,,Кој не пие лозова не е Комита”
Македонската фудбалска репрезентација од 18.00 часот го игра последниот натпревар на ова Европско првенство, а навивачите на Македонија продолжуваат да се забавуваат пред натпреварите и да бидат вистински хит. Овој пат интересно видео ни доаѓа од Амстердам, каде македонските навивачи ги запиваат Холанѓаните со лозова ракија и притоа им пејат песна. Хит видеото погледнете го ТУКА. Read More »
Ал Кувајт го слави Али Сафар: Чуварот на мрежата играч на натпреварот со 15 одбрани за финале!
Новиот голман на Вардар, Али Сафар во моментов настапуваат на Азискиот клупски шампионат во Саудиска Арабија, каде го носи својот тим Ал Кувајт кон титулата. Али Сафар беше одличен на натпреварот кој заврши предмалку, на кој тимот на Ал Кувајт го победи Ал Араби во полуфиналето и се избори за големо финале. Токму новиот чувар на мрежата на Вардар имаше шоу помеѓу стативите ... Read More »