Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > Author Archives: Звонко Ивановски (page 3)

Author Archives: Звонко Ивановски

Солидна полусезона за пионерите на ФК Вардар

7

Пионерите на ФК Вардар одиграа солидна полусезона во Супер лигата, позиционирајќи се на 5.место после финиш на есенскиот дел. Екипата предводена од Димо Мушу на 11 одиграни натпревари освои 19 бодови, остварувајќи 5 победи, 4 нерешени резултати и 2 порази. Можеме да се пофалиме дека ја имаме една од најдобрите одбрани во лигата со 11 примени погодоци, додека постигнавме 18 ... Read More »

РК Вардар го освои првото место во групата и пренесува 3.бода во плеј-оф

rk

Екипата на РК Вардар со 13 победи и 1 пораз финишираше на првото место во групата Б на ракометната Супер Лига. Поради подобар меѓусебен дуел со тимот на Еурофарм Пелистер, вардарци во плеј-офот ќе пренесат три бода, во борбата за освојување на Шампионската титула. Вардарци ја имаат најдобрата одбрана со 321 примени голови и вториот најдобар напад со 442 голови. ... Read More »

Преглед на полусезоната за кадетите на ФК Вардар, единствените кои се пласираа во следната фаза од Купот

11

Преглед на полусезоната за кадетите на ФК Вардар. Кадетите се наоѓаат на 8.место на табелата со освоени 15 бодови, по комплетирање на есенскиот дел од сезоната во Супер Лигата. На 11 одиграни натпревари оваа генерација забележа 5 победи и 6 порази, без ниту еден нерешен резултат. Гол разликата е 20 постигнати и 19 примени голови. Кристијан Галевски е најдобар стрелец ... Read More »

Младинците се есенски шампиони во Супер лигата

405759220_326654456788314_7913612135135583999_n

Младинците станаа есенски шампиони, финиширајќи на првото место во младинската Супер Лига. Екипата предводена од Трајче Стојковски освои вкупно 28 бодови, или шест повеќе од екипите на Брера и Брегалница, кои се наоѓаат на второто и третото место на табелата. На 11 одиграни натпревари остваривме 9 победи, 1 нерешен резултат и само 1 пораз, на гостувањето кај екипата на Беласица. ... Read More »

Томовски, Јагуриновски и Лазаревски, на скратениот список на селекторот Лазаров

382714438_797460879054495_2718141919034992058_n

Селекторот на машката сениорска репрезентација на Македонија Кирил Лазаров го објави списокот на повикани ракометари за собир и подготовки за претстојното EHF Euro 2024 кое ќе се оддржи во Германија. EHF Euro 2024 ќе се оддржи во период од 10.01.2024 – 28.01.2024 во Германија , а нашата сениорска репрезентација е дел од групата А заедно со репрезнтациите на Германија , ... Read More »

(СТРИМ) РК Вардар – РК Голден Арт

403812212_835601391907110_7088489002482428895_n

Во рамките на 14.коло во Супер Лигата, екипата на РК Вардар е домаќин на Голден Арт. Натпреварот ќе се одигра денес со почеток од 18:30 часот во малата сала на СЦ.Јане Сандански. Стрим од натпреварот е достапен  на линкот, ТУКА. Read More »

Табели во Супер Лигата после финиш на есенскиот дел, младинците се први, помладите пионери втори на табелата

405759220_326654456788314_7913612135135583999_n

Комплетирани се табелите во сите четири младински лиги, младинците на Вардар се есенски шампиони, додека помладите пионери се наоѓаат на второто место. Пионерите се позиционирани на 5, додека кадетите на 8.место. Помлада пионерска Супер лига Пионерска Супер лига Кадетска Супер лига Младинска Супер лига   Read More »

Младинките на ЖРК Вардар се домаќини на Ѓорче Петров

408757784_1052089595870871_187964197218540763_n

Во рамките на 7.коло во младинската женска ракометна лига, вардарки се домаќини на екипата на Ѓорче Петров. Натпреварот е закажан да се одигра денес со почеток од 17:00 часот во салата „Круме Кепески“. Ѓорѓи Василевски и Блаже Михајлов ќе го судат натпреварот, додека делегат ќе биде Бобан Мајнов, сите од Скопје. Read More »

Во рамките на 14.коло во Супер Лигата, РК Вардар е домаќин на Голден Арт

400863251_829699619163954_6662929938964210364_n

Во рамките на 14.коло во Супер Лигата, екипата на РК Вардар е домаќин на Голден Арт. Натпреварот ќе се одигра во среда (13.12) со почеток од 18:30 часот во малата сала на СЦ.Јане Сандански. За судии се делегирани Исмаил Металари и Ненад Николовски од Скопје, додека делегат е Љупчо Јаневски. Read More »

Повозрасните петлиња на ФК Вардар одиграа силен тест натпревар против Црвена Ѕвезда

1

Одличен натпревар во Белград одиграа повозрасни петлиња на ФК Вардар, кои денес имаа силен контролен натпревар против екипата на Црвена Ѕвезда. Натпревар кој го доби противникот со резултат 2:0, со голови во вториот дел од натпреварот. Избраниците на Колевски одиграа добар меч на кој имаа неколку зицер шанси, кои за жал останаа неискористени. Сепак, ова е одлично и големо искуство ... Read More »