Најмладата Вардарова генерација во детската лига, дечиња родени “2008“ година имаа успешна полусезона во нивната дебитанска сезона. Тие успеаа да станат есенски шампиони без ниту еден пораз. На 11 одиграни натпревари избраниците на Павел Неделковски имаат забележано десет победи, само еден нерешен резултат и ниту еден неуспех во овој дел од натпреварувачката сезона. Нападот беше доста ефикасен, нашите млади надежи ... Read More »
Петлиња
Ново дружење на ФК Вардар и ГФК Неготино и одигрување на пријателски натпревари
Вчера на теренот на академијата се одиграа нови контролни натпревари на Вардаровите генерации родени “2005“ и “2008“ година со дечињата од ГФК Неготино, кои повторно прифатија да бидат гости на фудблалскиот клуб Вардар и да спарингуваат со нашите екипи. Двата меча се играа во вечерен термин под рефлектори. Избраниците на Кралевски од генерација родени “2005“ забележаа нов триумф против Неготино ... Read More »
Горјан Цветков: Нема млад фудбалер кој не сака да заигра во Вардар. Јас ја имам таа чест и привилегија да ги бранам Вардаровите бои
Една од најдобрите генерации на фудбалскиот клуб Вардар во есенскиот дел се дечињата родени “2005“ година кои се предводени од тренерот Игор Кралевски. Тие се натпреваруваа со две екипи во детската лига кои станаа есенски шампион со максимален број на освоени бодови. Токму Горјан Цветков е член на оваа надежна генерација, кој во есенскиот дел настапуваше за Вардар (2) каде ... Read More »
Дечињата од ГФК Неготино гости на ФК Вардар генер. “2005“ со кои одиграа контролен натпревар
Вардаровата генерација родени “2005“ година не застануваат со одигрување на контролни натпревари. Дефинитивно најактивната генерација предвоена од Игор Кралевски, по завршување на есенскиот дел во детската лига. Во текот на вчерашниот ден гости на академијата на ФК Вардар, беа дечињата од ГФК Неготино. Во еден пријателски натпревар, Вардар на крајот славеше со резултат од 10:2. На овие контролни натпревари сите ... Read More »
Лео Андрески: Проект како “Јуниор“ лигата е за почит, бидејќи им овозможува на многу деца да го остварат својот сон и да заиграат за ФК Вардар
Пред нас е есенскиот дел во лигата на сите младински категории. За прв пат оваа сезона, генерациите родени “2002“ и “2003“ година добија шанса да се натпреваруваат во посебна регионална скопска лига. Овие генерации на фудбалскиот клуб Вардар со успех го завршија есенскиот дел од натпреварувачката сезона. Избраниците на Томче Трајановски станаа есенски шампиони, откако забележаа десет победи од исто ... Read More »
Шампионската генерација “2007“ продолжува со добрите игри и во новата сезона, Вардар (1) стана есенски шампион со дури 103 постигнати голови
Шампионската генерација на Вардар од минатата сезона, дечиња родени “2007“ година продолжуваат со добрите игри и во новата натпреварувачка сезона. Екипите вообичаено се поделени во две, кои одиграа вкупно 23 натпревари во своите групи. Вардар (1) кој го сочинуваат играчи кои станаа шампиони во минатата сезона се промовираа како есенски шампион и во оваа натпреварувачка сезона, а новиот тренер Зоран ... Read More »
Три нови победи на контролни натпревари за генерација “2005“, избраниците на Кралевски продолжуваат со победничкиот ритам
Фудбалскиот клуб на Вардар од генерација родени “2005“ година максимално го искористуваат периодот по завршување на есенскиот дел од сезоната во детската лига. Избраниците на Игор Кралевски продолжуваат со силното темпо на одигрување контролни натпревари и тоа по четири во тек на една недела. Изминатиов период беа одиграни три натпревари, на кои забележавме убедливи победи. Беа совладани екипите на Скупи ... Read More »
Никола Павлески: Нашата цел е одбрана на трофејот од минатата сезона, секогаш треба да го покажуваш најдоброто од себе бидејќи е реткост да си играч на Вардар
Вардаровата генерација 2004 е една од нашите најдобри во есенскиот дел од сезоната во детската фудбалска лига. Двете екипи на тренерот Ане Андовски завршија како први во своите групи и станаа есенски шампиони во ова натпреварување. Дел од оваа надежна генерација, кој настапува за Вардар (1) е Никола Павлески. Играч со дефанзивни задачи и еден од најзаслужните што неговата екипа ... Read More »
Како помина полусезоната преку бројки на Вардаровата генер. “2006“ , Вардар (1) стана есенски шампион и постигна дури 62 голови
Вардаровата генерација на ФК Вардар родени “2006“ година го финишираа есенскиот дел од сезоната во детската лига. Избраниците на Филип Арсовски се натпреваруваа со две екипи, од кои Вардар (1) заврши на првото место и со тоа стана есенски шампион во својата група. Во наредниов текст ќе направиме комплетен преглед на остварените резултати во изминатата полусезона за двете екипи на ... Read More »
Никола Величковски: ФК Вардар е најпознат и најдобар клуб во Македонија. Тренерот Кралевски не научи дека е голема чест и гордост да бидеш дел од овој клуб
Фудбалскиот клуб Вардар има многу талентирани играчи во своите младински категории. Еден таков пример е Никола Величковски кој настапува за генерацијата родени “2005“ година, а воедно е и капитен на оваа надежна генерација која ја предводи тренерот Игор Кралевски. Никола оваа сезона е вистински лидер на својот тим и еден од најзаслужните за добрите резултати на својата екипа која стана ... Read More »