Генерацијата 2007 на фудбалскиот клуб Вардар и оваа сезона ја покажа својата доминација, освојувајќи ја детската лига на Македонија. Нашите млади надежи и по четврт пат успеаа да станат шампиони на земјава. Во оваа генерација играат доста талентирани играчи, а еден од нив е секако Лука Атанасовски. „Бедем“ во одбраната на оваа генерација, кој дава стабилност на тимот. Располага со ... Read More »
Петлиња
Ненад Дамјаноски: Екипата ја краси колективна игра, борбеност и победнички карактер, голема привилегија е да бидеш капитен на Вардар
Академијата на фудбалскиот клуб Вардар располага со голем број на талентирани и квалитетни играчи, за кои во иднина треба се почесто да се слуша. Еден од нив секако е Ненад Дамјаноски, кој е дел од шампионската генерација 2008 на Вардар. Се работи за фудбалски „бисер“ на клубот и несомено голем талент. Капитен на екипата, предводник и еден од најдобрите стрелци ... Read More »
Драган Јанкоски: Победата во финалето ни ја врати самодовербата, се радувам што во новата сезона ќе играме на голем терен
Велат без добра одбрана нема добри резултати. Во следното наше интервју ве запознаваме со играч кој настапува на позицијата стопер. Се работи за млад и надежен играч, кој доаѓа од генерацијата 2006 на Вардар, тоа е Драган Јанкоски. Тој е незаменлив дел од играта на шампионската генерација, играч кој внесува сигурност во одбраната на вардарци. Позиција која е една од ... Read More »
Даниел Исајловски: Ние сме екипа со одличен тимски „дух“ , затоа и освојуваме пехари
Вардарците од генерација 2007 немаат конкуренција, тие оваа сезона и четврта последователна година станаа шампиони на Република Македонија. Постојано редат успеси, па само во оваа сезона тие освоија и три турнири што ги прави една од најтрофејните екипи. Станува збор за тим кој е одлично вкопен во целост, функционирајќи на високо ниво. Велат во фудбалот дека: „Голман е половина тим“, ... Read More »
Генерациите 2007 и 2008 имаа најмногу победи, тие ја поседуваат и најдобрата одбрана, односно напад
Петлињата на Вардар и оваа сезона доминираа на завршниот турнир во детската лига, освојувајќи три, од можни пет трофеи. Вардар стана шампион на Македонија со генерациите родени 2006, 2007 и 2008 година, генерацијата 2009 стигна во најдобрите 16, додека најмладите вардарци од генерација 2010 се пласираа во осумте најдобри екипи. Што се однесува до статистиката на вардаровите екипите, две генерации ... Read More »
Немаат конкуренција, вардарците од генерација 2007 и четврта последователна година станаа шампиони, а освоија и три турнири
Долг беше патот кон освојување на четвртиот последователен трофеј во детската лига, за генерацијата 2007 на ФК Вардар. Оваа генерација претрпе и најмногу тренерски промени, вкупно три тренери ги водеа шампионите оваа сезона. Започна Горан Петрески кој имаше одличен биланс после завршување на есенскиот дел од сезоната, на 20 одиграни натпревари имаше исто толку победи, што беше за почит. На ... Read More »
Пет играчи од Вардар се најдоа на финалното селектирање, за прием на играчи во Академијата на ФФМ, родени 2006 година
Пет играчи од Академијата на ФК Вардар родени 2006 година се најдоа на списокот на кандидати кои се квалификувани, за прием во Академијата на ФФМ. Играчите кои ги поминаа сите прелиминарни кругови и се најдоа на финалното селектирање се: Дарко Сековски, Стефан Коловски, Кристијан Галевски, Матеј Гаштаров и Давор Лефковски. Во наредниве денови треба да се знае и официјално кои ... Read More »
Генерацијата 2006 на ФК Вардар од четврт обид успеа да стане Шампион на Македонија
Генерацијата 2006 на фудбалскиот клуб Вардар успеа во својот четврт обид да стане шампион на Македонија и на тој начин да ја искористи последната можност да ја освои детската лига. Тоа им успеа на нашите млади надежи, кои во третото свое финале успеаа да ја победата екипата на Албарса и делумно да им се „одмаздат“ за претходните две изгубени финалиња. ... Read More »
Пет златни медали и еден бронзен од турнирите, како и Шампиони на Македонија за најтрофејната генерација 2008 на ФК Вардар
Генерацијата 2008 на фудбалскиот клуб Вардар и трета година по ред ја потврди доминацијата и неприкосновеноста, што се однесува до настапите во детската лига, но и на сите турнири на кои земаа учество. Се работи за една талентирана генерација, која повторно докажа дека е најдобра и заслужено го одбрани приматот, Шампиони на Македонија. Во претходните две години освоија прво место ... Read More »
Големо признание за вардаровиот „бисер“ , Лука Јаневски прогласен за најдобар голман на настанот „Фудбал за пријателство“ кој се одржа во Мадрид
Вардаровиот бисер, Лука Јаневски доби уште едно големо признание, овој пат во меѓународни рамки. Инаку Лука беше дел од проектот „Фудбал за пријателство“ заедно со неговите соиграчи, Борјан Томовски и Милош Спасовски. Настанот се одржа во „Плаза Де Мајор“ во центарот на Мадрид. Во овој проект учество земаа 32 меѓународни тимови на пријателство, а секоја екипа беше составена од 12 ... Read More »