Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња (page 77)

Петлиња

Вардаровата генер. 2004 со две победи и еден нерешен резултат обезбеди 1/2 финале на турнирот “Срце Куп“

vardarfans-2004

Генерацијата 2004 на ФК Вардар денес ги стартуваше настапите на турнирот „Срце Куп“ кој се одигрува во Босна и Херцеговина. Избраниците на Петар Ѓорѓиески денес одиграа дури три натпревари, на кои остваривме две победи и еден нерешен резултат. На отварање на турнирот се сретнавме со екипата на Будуќност од Црна Гора, против која одигравме без победник (0:0). Вардар: Ангелов, Павлески, ... Read More »

Трета последователна победа за вардаровата генер. 2005 на турнирот во Несебар

29510887_761499527388138_4589932666481459444_n

Генерацијата 2005 на ФК Вардар ја забележа и третата последователна победа на турнирот во Несебар. Момците на Зоран Петковски за противник ја имаа екипата на Нефтохимик, која ја совладаа минимално со резултат 1:0. Стрелец на единствениот гол за Вардар беше Кристијан Антевски. На претходните два меча, ги совладавме екипите на Бургас Спорт (6:1) и Јунорул (4:0). Утре не очекува последното коло ... Read More »

Полуфинале за генер. 2006 и четвртфинале за генер. 2007, на турнирот „Црно Море Куп“

vardarfans-2006

Во текот на денешшниот ден продолжија натпреварите на турнирот во Несебар, за две генерации на ФК Вардар, кои повторно имаа победничко коло. Избраниците на Филип Спасевски, генерацијата 2006 на Вардар, стигна и до својот трет триумф денес, откако беше подобра од екипата на Дусх од Украина. Црвено-црните беа многу подобрата екипа на теренот, а конечниот резултат од 1:0, не ја ... Read More »

ФК Вардар генер. 2008 освои бронзен медал на “Драган Манце Куп“ во конкуренција на 40 екипи

vardarans-2008

Голем успех за генерацијата 2008 на фудбалскиот клуб Вардар, која успеа да освои трето место на масовниот меѓународен турнир “Драган Манце Куп 2019“ во Белград. Избраниците на Влатко Колев одиграа нов одличен турнир и на крајот се закитија со бронзениот медал, во конкуренција на 40 екипи. Во четврт-финалето, нашите млади надежи силите ги одмерија со екипата на Мачва, која ја ... Read More »

Драган Манце Куп: ФК Вардар генер.2008 и 2009 со три победи обезбедија 1/4-финале, ген.2010 ја мина групата

64917683_2176844355727331_4267068627259228160_n

Три генерации на фудбалскиот клуб Вардар  се  дел од силен меѓународен турнир, “Драган Манце Куп 2019“ во Белград. Натпреварите се играат на стадионот “СЦ Телеоптик-Партизан. На истиот црвено-црните  настапуваат  со генерациите 2008, 2009 и 2010 година кои ги денес ги минаа успешно групите. Во 1/4-финалето минаа 2008 и 2009, најмалите минаа само група и беа сопрени во 1/8-финалето. ФК Вардар генерација родени 2008 на ... Read More »

Во Несебар повторно три победи за црвено-црните, ФК Вардар ген.2005,2006 и 2007 редат успеси

vardarfans-naslovna10-660x330

Трите екипи на ФК Вардар кои играат на турнирот во Несебар-Бугарија по 2.коло го задржаа 100% ефект. Денес како и вчера сите три екипи, генер.2005, 2006 и 2007 дојдоа до нови победи. ФК Вардар генерација родени 2005 повторно имаа дуел во кој доминираа како и вчера кога го совладаа со пет гола тимот на ФК Бургас Спорт. Денес момците на ... Read More »

ФК Вардар со ген.2008, 2009 и 2010 ги одигра првите мечеви на „Драган Манце Куп 19“

62493355_665021710627060_5768034872576704512_n

Од вчера, три генерации на фудбалскиот клуб Вардар па до 16-ти јуни се  дел од силен меѓународен турнир, “Драган Манце Куп 2019“ во Белград. Натпреварите ќе се играат на стадионот “СЦ Телеоптик-Партизан. На истиот црвено-црните  настапуваат  со генерациите 2008, 2009 и 2010 година кои ги одиграа своите први дуели. ФК Вардар генерација родени 2009 одиграа два дуели, во истите имаа една победа и едно несреќно ... Read More »

Сите три екипи на ФК Вардар започнаа со победи од по пет гола разлика во Несебар

gg3

Три екипи на фудбалскиот клуб Вардар од денес имаат натпревари во Бугарија, на турнирот во Несебар. Победивме на сите воведни дуели денес, интересен факт е дека на сите средби победата дојде со пет гола позитива за црвено-црните момци. ФК Вардар ген.2005 предводена од Зоран Петковски успеа да го отвори со победа овој турнир. Тие се сретнаа во прелиминарното коло со ... Read More »

Генерацијата 2004 на ФК Вардар дел од младински турнир во БИХ, „Срце Куп“

351

Генерацијата 2004 на ФК Вардар во периодот од 15-18. јуни ќе биде дел од младинскиот турнир „Срце Куп“ во Босна и Херцеговина, во местото Ајдиновиќи. Покрај Вардар, на турнирот во оваа генерација ќе се натпреваруваат уште и екипите на Будуќност ( Црна Гора), Сараево ( БИХ), Топ Гол ( БИХ), Џаково ( Хрватска), Младост ( Хрватска) и Ступчаница ( БИХ), ... Read More »

Вардаровите играчи активни за Македонската селекција до 16 години, која одигра две контроли против Азербејџан

vardarfans-selekcija

Изминативе денови, фудбалската селекција на Македонија до 16 години одигра два контролни мечеви со селекцијата на Азербејџан. Двата меча се одиграа на стадионот „Борис Трајковски“ во населбата Маџари, дуели на кои остваривме една победа и нерешен резултат. Македонија го доби првиот меч со резултат 3:1, а стрелец на два гола, беше вардаровиот напаѓач, се работи за Бесар Гуџуфи, кој погоди ... Read More »