Friday ,17 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња (page 74)

Петлиња

Убедлив триумф за ФК Вардар генер. 2005, на контролен меч против Форца

167-660x330

Генерациите на фудбалскиот клуб Вардар ги играат последните контролни натпревари, пред почетокот на новата натпреварувачка сезона. Генерацијата 2005 на Зоран Петковски на теренот во населбата Јане Сандански одиграа пријателски меч со екипата на Форца, кој го добија убедливо со резултат 10:1. Вардарци беа надмоќни на овој дуел и на крајот стигнаа до заслужена победа. Никола Величковски беше играчот кој успеа ... Read More »

Од денес со тренинзи стартуваат „петлињата“ на ФК Вардар, познати тренерите на сите генерации

39454559_1815107235202781_367327108055171072_n

Од денес старт на подготовките за новата натпреварувачка сезона ќе означат и петлињата во Академијата на фудбалскиот клуб Вардар. Познати се и тренерите кои ќе ги предводат генерациите во детската лига. Горан Петрески повторно ја доби можноста да биде предводник на генерацијата родени 2007 година. И на стартот на минатата сезона, „Чунга Лунга“ започна како тренер на оваа генерација, за ... Read More »

Младинците и генер. 2006 на ФК Вардар подобри во дуелите со екипата на Шкупи

334

Две младински екипи на фудбалскиот клуб Вардар во текот на вчерашниот ден одиграа контролни натпревари. На теренот во населбата Аеродром, младинците на Вардар предводени од Филип Деспотовски имаа успешна контрола против екипата на Шкупи. Црвено-црните беа голгетерски расположени и славеа со резултат 5:1. Азер Омерагиќ беше играчот кој беше стрелец на два гола, додека по еден постигнаа Апостол Ангелковски, Александар ... Read More »

Контролни натпревари за младинските екипи на ФК Вардар

251

Младинските екипи на фудбалскиот клуб Вардар во претстојниве денови ќе одиграат контролни натпревари, како подготовка за новата натпреварувачка сезона. Кадетите и младинците предводени од Деспотовски во текот на денешниот и утрешниот ден ќе спарингуваат со екипата на Шкупи од Чаир. Мечевите ќе се одиграат на теренот во населбата Јане Сандански, со почеток од 18:00 часот. Најпрво денес кадетите, а утре ... Read More »

Иван Ташовски: Прекрасната атмосфера во екипата и другарството се главната „формула“ за успех на нашата генерација

2

Вардар Фанс како медиум кој активно ги следи натпреварите на младинските екипи, продолжува со промоција на играчите од Академијата на фудбалскиот клуб Вардар. Во следното наше интервју ќе ве запознаме со играчот кој доаѓа од шампионската генерација 2008. Се работи за Иван Ташовски, кој ја одигра својата втора сезона во црвено-црниот дрес. Игра во дефанзивната линија, се работи за одличен ... Read More »

(ФОТОГАЛЕРИЈА) Вардаровата генер. 2006 на чело со Филип Спасески продолжува со подготовки за новата сезона

5

Генерацијата 2006 на ФК Вардар која успеа минатата сезона да ја освои детската лига, во новата сезона ќе биде дел од регионалната-скопска лига. Филип Спасески ја доби довербата и понатаму да ја води оваа генерација, единствениот кој успеа да ја донесе на врвот во Македонија. Со оглед дека пет играчи заминаа во Академијата на ФФМ, а клубот има забрана за ... Read More »

(ФОТОГАЛЕРИЈА) ФК Вардар генер.2005 со Зоран Петковски напорно се подготвува за почетокот на новата сезона

16

Генерацијата 2005 на фудбалскиот клуб Вардар напорно се подготвува за почетокот на новата натпреварувачка сезона. Зоран Петковски останува предводник на оваа генерација, која во новата сезона ќе влезе ослабена за неиграњето на неколку играчи кои преминаа во Академијата на ФФМ. Се работи за Лефковски, Гаштаров, Галевски, Коловски и Сековски, иако се работи за играчи родени 2006 година, истите минатата сезона ... Read More »

Лука Јакимовски: Во Академијата на Вардар има одлични услови за работа, најдраг трофеј ми е оној од регионалната лига освоен минатата сезона

vardarfans-luka

Генерацијата на ФК Вардар родени 2005 година успеаа во својата прва сезона на регионалната-скопска лига, да станат шампиони на Македонија. Дел од шампионската генерација е Лука Јакимовски, кој игра на бековските позиции во тимот. Борбеноста е главната одлика за овој млад играч, кој има свој придонес во екипата, како еден од најстандардните во составот предводен од Зоран Петковски, за изминатата ... Read More »

Сековски, Галевски, Коловски, Лефковски и Гаштаров, во наредниве две години ќе бидат дел од Академијата на ФФМ

64418502_1047074358830652_9147165474344140800_n

Стана традиција, секоја година, фудбалскиот клуб Вардар да дава најмногу играчи, кои одат во Академијата на ФФМ. Оваа година се селектираа играчи кај генерацијата родени 2006 година, па петмина вардарци во следните две години ќе бидат дел од овој проект на ФФМ. Заминувањето на играчи од Вардар доаѓа во лош момент, кога клубот има забрана за донесување нови засилувања, дури ... Read More »

Деспотовски е нов предводник на кадетите и младинците на ФК Вардар, познати тренерите кои ќе ги водат младинските екипи во новата сезона

vardarfans-akademija

Од денес со тренинзи стартуваа и младинските екипи во Академијата на ФК Вардар. Први кои означија старт на подготовките, беа пионерите (2003), кадетите (2002) и младинците (2001 година). Има и некои тренерски промени кај оделни генерации на Вардар. Филип Деспотовски ја доби довербата во новата сезона да ги предводи кадетите и младинците на ФК Вардар. Човекот кој минатата сезона дебитираше ... Read More »