Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-18 (page 4)

У-18

Третта последователна победа за младинците на ФК Вардар, кадетите со пораз од Победа

382793777_292011900252570_6925428311812334487_n

Кадетите на фудбалскиот клуб Вардар беа домаќини на прилепска Победа. Гостинот на оваа средба победи со 1:3. Во првиот дел на теренот во Кадино противникот беше поконкретен во завршницата најпрвин прилепчани поведоа со 0-1. Направивме играчка рамнотежа, но не успеавме да изедначиме. По една грешка на одбраната Победа ја удвои нашата негатива и поведе со 0-2. Во финишот се обидовме ... Read More »

Против Победа од Прилеп, во 3.коло на младинската фудбалска Супер лига

379068255_287367010717059_4770761393961402419_n

Продолжуваат натпреварите од 3.коло во Супер Лигата, екипата на Победа е следен противник. Во сабота (23.09), пионерските екипи ќе гостуваат во Прилеп. Натпреварите ќе се одиграат на игралиштето со вештачка трева, со почеток од 10:00 и 12:00 часот. Кадетите и младинците во недела (24.09) на теренот во Кадино се домаќини на Победа, натпреварите ќе стартуваат од 10:00 и 12:00 часот. Read More »

Втора последователна победа за младинската екипа, кадетите поразени со пресврт од Брегалница

super liga

Денес во рамките на 2.коло во Супер Лигата со кадетите и младинците гостувавме кај екипата на Брегалница. Натпреварите се одиграа на теренот „Мало Брдо“ во Штип. Кадетите иако имаа предност на полувреме (0:1), сепак на крајот го загубија натпреварот против домашниот тим со резултат 2:1. Вардар прв го отвори резултатот, после центар шут на Шаботиќ од десната страна, Кристијан Галевски ... Read More »

Брегалница е противник за младите екипи на ФК Вардар, во 2.коло на Супер Лигата

376685559_284012467719180_636634891853102679_n

Екипата на Брегалница ќе биде противникот за младите екипи на ФК Вардар, во рамките на 2.коло во Супер Лигата. Сите натпревари со овој противник ќе се одиграат во сабота. Пионерските екипи се домаќини на стадионот „Борис Трајковски“’, додека кадетите и младинците ќе гостуваат во Штип. Read More »

Атанасовски, Радески, Шаботиќ и Спасовски дел од Македонија У17 за контролните дуели со Косово

372907307_267656379547181_7683896626022909665_n

Четири наши играчи ќе бидат дел од младинската репрезентација до 17 години која во претстојниов период ќе одигра два контролни натпревари на гостински терен против соодветната репрезентација на Косово. Селекторот на Македонија У17, Дашмир Беари, од нашиот клуб ги повика Лука Атанасовски, Златко Радески, Емир Шаботиќ и Милош Спасовски. Контролните натпревари со Косово ќе се одиграат на 6 и 8.септември. ... Read More »

Убедливи победи за кадетите и младинците против екипата на Шкупи

374848558_280340498086377_8826382052316507799_n

Кадетите со победа ја стартуваа новата натпреварувачка сезона. Во рамките на 1.коло во Кадетската Супер Лига, натпреварот кој се одигра во Кадино против екипата на Шкупи заврши во наша корист со резултат 3:0. Победата добива на тежина со оглед дека денес во составот преовладуваа играчи кои се генерација 2007. На полувреме резултатот беше 1:0. Вардарци одиграа подобро на овој натпревар ... Read More »

Стартува новата сезона во младинската фудбалска Супер Лига, Вардар отвара со Шкупи

370808904_276228825164211_7868666768995842769_n

Претстојниов викенд стартува новата натпреварувачка сезона во младинските фудбалски лиги. Во рамките на 1.коло, наш противник ќе биде екипата на Шкупи. Утре на теренот во н.Бутел ќе се одиграат натпреварите на пионерските екипи на Вардар и Шкупи, кои ќе започнат во термините од 10:00 и 12:00 часот. Во недела, на теренот во Кадино, сме домаќини со кадетите и младинците. Овие ... Read More »

Драган Јанкоски со прв повик во националната репрезентација, Матеј Гаштаров исто така во составот на Македонија У18

303234356_122683833865400_3524336694718107193_n

Драган Јанкоски со прв повик во националната репрезентација, Матеј Гаштаров исто така во составот на Македонија У18 предводен од Вујадин Станојковиќ. Младата репрезентација на Македонија до 18 години во периодот од 3 до 8 септември ќе одржи тренинг камп во Кичево. Нашите млади фудбалери ќе го искористат максимално овој период за да се подготват што е можно подобро за претстојните ... Read More »

Победа за младинците на пријателски натпревар против Македонија Ѓ.П, минимален пораз за кадетите

369467742_272571255529968_7956521779326363752_n

Одличен натпревар одигра младинската екипа, која попладнево на пријателски натпревар успеа да го победи тимот на Македонија Ѓ.П. Составот предводен од Пепи Ѓоргиевски, во кој имаше играчи родени 2006 и 2005 година, како и двајцата репрезентативци, Атанасовски и Спасовски, одигра многу добар натпревар на кој славеше со резултат 2:3 (1:2). Заслужена победа за вардаровите надежи кои прикажаа повеќе од домашниот ... Read More »

Македонија У18 ремизираше со Унгарија, Гаштаров одигра 45 минути

364640967_267287029391724_3553012313818291688_n

Македонската фудбалска репрезентација до 18 години одигра со нерешен резултат 1:1 (0:1) на контролен натпревар против соодветната репрезентација на Унгарија. Натпреварот кој се одигра на стадионот во Ѓорче Петров заврши со нерешен резултат 1:1. Нашите репрезентативци имаа повеќе шанси да стигнат до победа, но сепак беа принудени во вториот дел да бркаат негатива, со оглед дека на полувреме Унгарија беше ... Read More »