Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-18 (page 73)

У-18

Градско фудбалско дерби помеѓу Вардар и Работнички, во 11 првенствено коло кај младинските категории

1149

Во сабота и недела продолжуваат натпреварите во првенството на младинските фудбалски категории. Противник за генерациите на ФК Вардар, ќе биде екипата на Работнички. Веќе започна вториот круг на натпреварување, а во ова коло ќе гледаме дерби помеѓу Вардар и Работнички. Во недела пионерските екипи се домаќини на теренот на Академијата, додека во сабота, кадетите и младинците на Вардар се условно ... Read More »

Минимален пораз за кадетите на ФК Вардар од Шкендија, на првиот 1/4 меч од купот

22688552_10210604383687984_6990042237181083435_n

Кадетите на фудбалскиот клуб Вардар загубија на гостувањето во Тетово, против екипата на Шкендија, во рамките на првиот четвртфинален меч од купот на Македонија. Конечниот резултат на овој дуел гласеше 2:1. По првото полувреме домашната екипа имаше предност од 2:0. Домашната екипа го отвори резултатот во 18 минута за 1:0, додека на 2:0 зголемија во 31 минута од првото полувреме. ... Read More »

Шест младински екипи на ФК Вардар во претстојниве три дена ги играат првите натпревари од 1/4 на националниот куп

1224

Наредниве три дена, дури шест младински екипи на фудбалскиот клуб Вардар ќе ги одиграат своите први натпревари во рамките на четврфиналето од купот на Македнија. Први кои ќе стартуваат со четврфиналните мечеви се генерацијата “2004“ кои денес гостуваат во Куманово, на екипата на Милано, натпревар кој ќе започне од 11 часот. Веќе еднаш и тоа во рамките на седмото коло ... Read More »

Милан Благојевиќ: Мечот со Македонија Ѓ.П беше еден од потешките натпревари за мене и мојата екипа

vardarfans-blagojevic

Многу важна победа за кадетите на фудбалскиот клуб Вардар, во рамките на деветтото коло од првенството на младинските фудбалски категории. Избраниците на Влатко Колев успеаа на теренот на противникот да го победат еден од конкурентите за титулата, а тоа е екипата на Македонија Ѓ.П која пред ова коло беше лидер на табелата. Вардарци славеа со резултат 1:2 и тоа со ... Read More »

Триумфално коло за кадетите и младинците на ФК Вардар, кои денес го совладаа тимот на Македонија Ѓ.П

2615-660x330

Кадетите и младинците на ФК Вардар забележаа победи во денешното првенствено коло. Тие денес гостуваа на теренот во Ѓорче, на екипата на Македонија Ѓ.П. Кадетите на ФК Вардар успеаа да го победат лидерот во оваа генерација и да освојат нови три важни бодови во борбата за титулата. Избраниците на Влатко Колев славеа на овој дуел со резултат од 1:2. Сите ... Read More »

Македонија Ѓ.П е противник на Вардаровите екипи, во 9 првенствено коло кај младинските категории

3115-660x330

Во сабота и недела ќе се одигра деветтото коло во првенството на младинските фудбалски категории. Противник на Вардаровите генерации ќе биде екипата на Македонија Ѓ.П. Кадетите и младинците во сабота гостуваат на теренот во Ѓорче, додека во недела на теренот на Академијата пионерските екипи се домаќини на Македонија Ѓ.П. Натпреварите ќе започнат во термините од 13 и 15 часот. Помладите ... Read More »

Филип Андоновски: Ни беше потребен овој триумф за подигнување на самодовербата во продолжение од сезоната

2913

Втора победа во новата сезона за пионерите на ФК Вардар, кои беа подобри на гостувањето во Куманово од екипата на Милано. Оваа генерација која е предводена од Сашо Тодоровски се врати на победничките патеки, откако убедливо со резултат 0:5 ги совладаа врсниците од Милано. Во најголем дел од натпреварот доминиравме на теренот и целосно го надигравме домашниот тим, што на ... Read More »

(Фотогалерија) Кадетите на Вардар подобри од Милано, следното коло дуел со лидерот Македонија ЃП

22728651_10210604408688609_9032065675485858000_n

Кадетите на Вардар лесно и убедливо го совладаа тимот на Милано од Куманово со резултат 9:0. Во следното коло кадетите на Вардар ги очекува гостување кај тимот на Македонија ЃП, кој е лидер на табелата во кадетската лига. Фотогалерија од овој дуел:  Read More »

Гол шоу на Џемал Ибиши, кадетите на ФК Вардар убедливо го поразија Милано

1

Денес на теренот на академијата се одигра осмото првенствено коло кај кадетите, во кое се сретнаа екипите на Вардар и Милано. Полесно од очекувањата успеавме да славиме триумф со резултат од 9:0. Тренерот Колев стартуваше со следниве 11-сетмина: Велковски, Радевски, Калчиноски, Пешевски, Младеновски, Дарлишта, Филипоски, Стојчевски, Ибиши. Тргнавме офанзивно по првиот судиски свиреж и веќе во првата минута преку Џемал  ... Read More »

Кадетите и младинците домаќини на Милано, пионерските екипи гостуваат во Куманово

1427

Во сабота и недела на програмата е осмото првенствено коло кај младинските фудбалски категории. Кадетите и младинците во недела на теренот на академијата се домаќини на Милано, додека пионерскит екипи во сабота гостуваат во Куманово на истиов противник. Мечевите ќе започнат од 10 и 12 часот. Помладите пионери после триумфот во дербито со екипата на Победа од Прилеп се искачи ... Read More »