Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-19 (page 105)

У-19

Александар Ѓоргиоски: Задоволен сум од прикажаната игра и борбеност

vardarfans izjava mladinci

Младинците на Фк Вардар ја забележаа петтата победа во првенството. На гостувањето во Струмица, беа подобри од екипата на Академија Пандев. Конечниот резултат гласеше 2:3. Стрелци на головите за црвено-црните беа: Димков, Беќири и Даци. Александар Ѓорѓиоски беше во стартните 11, како чувар на мрежата на Вардарци. Тој беше еден од најзаслужните за триумфот од ова тешко гостување. -Пред се ... Read More »

Три бода за младинците на Фк Вардар, од гостувањето во Струмица

vardarfans 19

Денес се одигра 7 коло во првенството помеѓу младинските екипи на Академија Пандев и Вардар. На теренот во Струмица, поуспешни беа црвено-црните, совладувајќи го домаќинот со резултат 2:3. Виктор Димков, Јасир Беќири и Ердон Даци беа стрелци на головите за Вардар. Избраниците на Љупчо Марковски извлекоа три бода од тешкото гостување во Струмица. Во еден квалитетен натпревар со период на ... Read More »

Акад. Пандев е противник за Вардаровите генерации, во 7 првенствено коло

vardarfans 16 kolo

Викендов ќе се одиграат натпреварите од 7 коло во рамките на првенството, кај младинските категории. Противник на црвено-црните, ќе биде екипата на Академија Пандев од Струмица. Сите наши генерации ќе се обидат да ја продолжат победничката серија, од претходното коло кога бевме поуспешни од Шкупи. -Помладите пионери на домашниот терен на локомотива ги пречекуваат своите врсници од А. Пандев. Нашите ... Read More »

4/4 за Вардарци во дуелите против екипата на Шкупи

Викендов се одиграа натпреварите во рамките на 6 коло на првенството кај младинските категории. Сите генерации на Вардар излегоа како поуспешни во дуелите, против своите врсници од тимот на Шкупи. Помладите пионери се вистински хит во својата прва првенствена сезона. Во еден тежок и пред се некоректен натпревар од страна на домаќинот, успеаа сепак на крај да ги освојат трите ... Read More »

Екипата на Шкупи, лесен “залак“ за нашите младинци

Младинците на Фк Вардар им се вратија на победите во првенството. Денес се одигра 6 коло, помеѓу младинските екипи на Вардар и Шкупи. Поуспешни беа црвено-црните забележувајќи победа со резултат 3:0. Стрелци на головите беа Јасир Беќири, Виктор Димков и Ердон Даци. Сосема заслужена победа за нашите младинци, на теренот на Локомотива. На овој меч избраниците на Љупчо Марковски го ... Read More »

Шкупи е следниот предизвик во првенството за Вардаровите категории

vardarfans 19

После настапот на црвено-црните во Купот на Македонија, повторно се враќаме на првенствените дуели. Сите натпревари во рамките на шестото првенствено коло, генерациите на Вардар ќе ги одиграат во сабота. Противник во ова коло е незгодната екипа на Шкупи. -Помладите пионери влегуваат во овој дуел, со серија од пет победи на последните шест натпревари. Оваа најмлада генерација која се натпреварува ... Read More »

Димков е херојот за младинците на Фк Вардар, кои се пласираа во 1/4 на купот

vardarfans dimkov

Младинците на Фк Вардар обезбедија пласман во следната рунда на купот на Македонија, откако беа подобри од младинците на Љубанци. Натпреварот се играше на теренот во Н.Лисиче и заврши со минимални 1:0 за нашиот тим. Единствениот погодок на овој дуел го постигна Виктор Димков и ја внесе својата екипа во 1/4 на националниот куп. Иако не одиграа онака како што ... Read More »

(ВИДЕО) Виктор Димков- “златната“ седумка на Фк Вардар (младинци)

vardarfans tk

Виктор Димков има 17 години и оваа година настапува за младинците на Вардар. Минатата сезона беше најдобра во неговата играчка кариера. Тогаш играше за Вардаровата категорија-кадети и беше еден од најзаслужните за добрите резултати на оваа генерација, освојувајќи го купот на Македонија и вицешампионското место во првенството. Втора година по ред има можност да работи со Љупчо Марковски-Калц, со кој ... Read More »

Младински куп: Утре, Љубанци – Вардар

vardarfans-vardar

Утре младинците на ФК Вардар ќе одиграат натпревар од Купот на РМ. Противник во 1/16 финалната пресметка ќе биде тимот на Љубанци. Мечот е закажан со почеток во 16-00 часот на теренот во Ново Лисиче. Победникот од овој натпревар продолжува понатаму во 1/8 финалето (се одигрува само еден меч). Овие два тима добро се познаваат, во редовите на Љубанци оваа сезона ... Read More »

Порази за младинците и кадетите на Фк Вардар, на дуелите во Тетово

vardarfans finale

Вчера се одиграа натпреварите од 5 коло во првенството на младинските категории. Свои настапи имаа кадетите и младинците на Фк Вардар. Порази доживеаа и двете генерации на гостувањето во Тетово, против екипата на Шкендија. Ова се воедно и први неуспеси за двете категории во новата сезона. -Кадетите иако играа добро, сепак на крајот немаа среќа и го загубија натпреварот. Шкендија ... Read More »