Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-19 (page 90)

У-19

Вардаровите генерации продолжуваат со добри игри во новата сезона, три победи и нерешен резултат во дуелите со Милано

Иминатиов викенд се одигра треттото коло во првенството на младинските фудбалски категории. Вардаровите генерации со три победи и еден нерешен резултат во дуелите со Милано го одбележаа ова коло. Единствено кои не победија беа помладите пионери, кои одиграа без голови 0:0 на гостувањето во Куманово. Иако имавме неколку шанси, сеоак до крајот резултатот остана непроменет. По три одиграни кола оваа ... Read More »

Вардарците Велковски, Алексовски и Николов одиграа одлично за У-21 и се на пат кон историски пласман на Е.П

aleksovski_tel

Македонската фудбалска селекција до 21 година прави незапамтен успех во македонската фудбалска репрезентативна историја, играме одлично и Eвропското првенство буквално е на дофат. Првпат една селекција е толку блиску до успех, забележaа досега рекордни три гостински победи, имаме 18 бода по 9 меча што е одличен скор, а најважното од се што сме лидери на табелата. Во овој тим има ... Read More »

Виктор Димков: Најважно е што делуваме како вистински тим, сите се бодриме и помагаме да стигнеме до посакуваната цел

Изминатиов викенд се одигра треттото коло во првенството на младинските фудбалски категории. Младинците на ФК Вардар стигнаа и до треттата победа, откако на домашен терен беа подобри од екипата на Милано. Нова сигурна игра за избраниците на Љупчо Марковски, за нови три бода и зацврстување на првата позиција на табелата. Виктор Димков беше дел од овој триумф, постигнувајќи еден гол ... Read More »

(Фотогалерија) Милано лесен “плен“ за младинците на ФК Вардар

Младинците на ФК Вардар со нова победа во првенството, откако вчера беа подобри од екипата на Милано. Доминација во текот на целиот меч за Вардарци, кои заслужено ги освоија трите бода. Стрелци на головите беа Александар Најдоски, Есмин Личина и Виктор Димков, за конечен резултат од 3:0. По првите три одигран кола, младинците имаат исто толку победи. Погледнете ја фотогалеријата ... Read More »

Теодор Димитровски и Есмин Личина повикани од тренерот Седлоски за контролниот натпревар со Раднички

Утре со почеток од 17 часот на стадионот “Борис Трајковски“ во Маџари екипата на ФК Вардар ќе одигра пријателски натпревар против Раднички од Ниш. Нашиот фудбалски шампион ќе ја искористи паузата поради репрезентативни обврски и ќе “спарингува“ со прволигашот на Србија. За овој контролен дуел во составот ќе се најдат и двајца играчи од младинскиот состав. Се работи за Теодор ... Read More »

Младинците со три гола во мрежата на Милано, за третта победа во лигата

Младинците на фудбалскиот клуб Вардар стигнаа до треттата последователна победа во првенството, откако денес беа подобри од екипата на Милано. На теренот во населбата Јане Сандански, црвено-црните успеаа да триумфираат со резултат 3:0 Сосема заслужена победа за нашите младинци, кои имаа доминација во текот на целиот меч. Противникот го имаше првиот удар кон голот на Трајчевски, но топката завршува покрај ... Read More »

Милано следен противник за Вардаровите екипи, во рамките на третото првенствено коло

Викендов ќе се одигра третото коло во првенството на младинските фудбалски категории. Следен противник за Вардаровите генерации ќе биде екипата на Милано од Куманово. Пионерските екипи ќе гостуваат во недела во Куманово, додека кадетите и младинците своите мечеви ќе ги одиграат во сабота на теренот во населбата Јане Сандански. Во минатото коло, помладите пионери стигнаа до првата првенствена победа и ... Read More »

4/4 за Вардаровите генерации во дуелите со Битолски Пелистер

Изминатиов викенд сите четири Вардарови генерации кои се натпреваруваат во првенството забележаа победи во дуелите со екипите на Пелистер и со тоа ја продолжија добрата игра на стартот од сезоната. -Помладите пионери стигнаа до првите три бода, откако со резултатски пресврт ги победија своите врсници од Битола. Марио Илиевски го постигна одлучувачкиот гол за водство од 3:2, што на крај ... Read More »

Вардар против Салцбург во младинската ЛШ

vardarfans mladinci

Нашиот шампион, младинците на ФК Вардар го дознаа својот противник во младинската Лига на шампиони. Денешната ждребка сакаше силите да ги одмериме во 1/16 финалето против првакот на Австрија, тимот на Салцбург. Вардарци првиот натпревар ќе го играат на гости, на 27 или 28 септември, додека пак реваншот во Скопје ќе биде на 18 или 19 октомври. Доколку нашиот тим го ... Read More »

Младинците на Вардар ги дознаа можните противници

vardarfans mladinci

За нешто помалку од 30 минути, младинците на ФК Вардар ќе го дознаат својот противник во Лигата на шампионите. Доколку го минат Вардарци овој денешен противник, следуваат дуели во 1/8 финалето со уште по реномирани екипи. УЕФА веќе направи делегирана ждрепка, и еве ги можните противници на Вардар:  Цирих (Швајцарија), Шериф (Молдавија), Спарта Прага (Чешка), Зрињски Мостар (БиХ), Виторул Костанца ... Read More »