Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-19 (page 89)

У-19

Вардаровите екипи против Брегалница, во очекување да ја продолжат победничката серија

Претстојниов викенд ќе се одиграат натпреварите од петтото коло во првенството на младинските фудбалски катеогории. Брегалница од Штип ќе биде следниот противник за Вардаровите екипи во рамките на ова првенствено коло. Пионерските екипи на Вардар своите натпревари ќе ги одиграат во недела, со почеток од 11 и 13 часот на гостински терен. Помладите пионери имаат две победи, еден нерешен резултат ... Read More »

Кировски, Тодоровски и Стојчевски забележаа настапи за репрезентацијата У-19 на контролките со БИХ, Стојчевски стрелец на еден погодок

Фудбалска репрезентација на Македонија  до 19 години  одигра два контролни натпревари со соодветната селекција на Босна и Херцеговина. Мечевите се играа  на тренинг центарот “Петар Милошевски“ во вторникот и денес. Селекторот на оваа селекција Јетон Несими за двомечот со БиХ повика  тројца играчи на фудбалскиот клуб Вардар. Се работи за стоперот и десен бек Андреј Кировски , тој  е дел од кадетите на ... Read More »

Александар Најдоски: Посакувам да продолжи оваа наша победничка серија и на наредните натпревари, а моето име почесто да се споменува во листата на стрелци

Вардаровите младинци успеаа да ја поминат првата пречка од купот на Македонија и да се пласираат во осминафиналето од купот на Македонија. Избраниците на Љупчо Марковски во 1/16 беа подобри од екипата на Шкендија, со минимален триумф од 1:0. Стрелец на единствениот погодок на крајот од првото полувреме беше Александар Најдоски. Ова момче по една сезона помината во Сиднеј( Австралија) ... Read More »

Александар Најдоски ја реши Шкендија, младинците на Вардар се пласираа во следната рунда од националниот куп

Нова радост ни донесоа Вардаровите екипи во купот на Македонија. Младинците на ФК Вардар успеаа да ја победат Шкендија и да се пласираат во 1/8 на купот. Само еден гол го одлучи победникот на овој натпревар, кој беше дело на Александар Најдоски. Тренерот на малдинците го започна мечот во следниов состав: Трајчевски, Џуклески, Исмаил, Б. Тодоровски, Ричков, Личина, Додевски, Димитровски, ... Read More »

Кадетите и младинците на ФК Вардар утре го играат 1/16 финалето од националниот куп, против екипата на Шкендија

Кадетите и младинците на фудбалскиот клуб Вардар утре ќе ги играат натпреварите од 1/16 финалето од купот на Македонија. Противник за двете наши екипи ќе бидат врсниците од Шкендија. Мечевите ќе се одиграат со почеток од 11 и 13 часот на теренот во населбата Јане Сандански. Се игра само еден натпревар, кој ќе победи ќе се пласира во следната рунда ... Read More »

Кировски, Тодоровски и Стојчевски дел од Македонската фудбалска репрезентација до 19 години на контролните мечеви со БИХ

Македонската фудбалска репрезентација до 19 години утре и во четврток ќе одигра два контролни натпревари со соодветната селекција на Босна и Херцеговина. Двата меча ќе се одиграат на тренинг центарот “Петар Милошевски“. Утрешниот дуел ќе започне од 16 часот, додека тој во четврток својот старт ќе го има од 11 часот. За овие контролни натпревари селекторот Јетон Несими повика и ... Read More »

Тодор Тодоровски: Од првите минути бевме надмоќни и заслужено победивме

Младинците на фудбалскиот клуб Вардар викендов го одиграа четвртото коло во првенството. Избраниците на Љупчо Марковски стигнаа до четвртата победа, откако на гостувањето во Прилеп славеа во дуелот со Победа. Уште едно сигурно издание за нашите младинци кои имаа доминација во текот на целиот натпревар. По првото полувреме имавме водство од 0:2 и полека го најавивме освојувањето на нови три ... Read More »

Младинците на ФК Вардар ја наполнија мрежата на Прилепска Победа, за максимални 12 бода по првите 4 кола

Младинците на фудбалскиот клуб Вардар стигнаа до нова победа во првенството, откако денес беа подобри на гостувањето во Прилеп од екипата на Победа. Црвено-црните беа многу подобра екипа на теренот и на крајот сосема заслужено ги освоија трите бода на овој меч. Конечниот резултат гласеше 1:4 Голеадата на овој натпревар ја отвори Александар Најдоски кој биеше прецизно во 30 минута ... Read More »

Филип Стојчевски нов играч на ФК Вардар

ФК Вардар доведе во своите редови нов млад играч. Се работи за 17 годишниот Филип Стојчевски, кој доаѓа од тимот на ФК Металург. Стојчевски има само 17 години, и важи за еден голем талент. Игра на средината на теренот, како последен играч за врска, а по потреба може да одигра и како десно крило. Стојчевски дебитираше за првиот тим на Вардар ... Read More »

Победа од Прилеп ќе биде противник на Вардаровите фудбалски генерации, во рамките на 4 коло од лигата

Во сабота продолжуваат натпреварите од четвртото коло во првенството на младинските фудбалски категории. Противник за сите Вардарови генерации ќе биде екипата на Победа од Прилеп. Помладите пионери ќе бидат домаќини на своите врсници од Победа. Во минататото коло оваа наша генерација ремизираше со екипата на Милано. Минатата сезона забележавме победа и нерешен резултат во дуелите со овој противник. На гостувањето ... Read More »