Претстојниве денови ќе се одигра вонредно коло во младинските фудбалски лиги. Вардар за противник ќе ја има екипата на Победа. Во вторник (29.10), пионерските екипи ќе гостуваат во Прилеп кај екипата на Победа. Натпреварите ќе се одиграат на игралиштетото со вештачка трева, во термините од 10:00 и 12:00 часот. Во среда (30.10) во истите саатници, на Локомотива, ќе се одиграат ... Read More »
У-19
Преглед на 9.коло во Супер Лигата, Вардар освои 7 од максималните 12 бодови против Пелистер
Во рамките на 9.коло во Супер Лигата, Вардар одигра натпревари со екипата на Пелистер. Кадетите и младинците успеаа да слават на гостувањето во Битола, помладите пионери освоија бод, додека единствено пионерите беа поразени во соочувањето со овој противник. Комплетни резултати од 9.коло во сите четири лиги: Помлада пионерска Супер лига Охрид – Шкупи 2:0 Македонија Ѓ.П – Академија Пандев 0:0 ... Read More »
Вардар го победи Пелистер, кадетите и младинците со цел „плен“ се враќаат од Битола
Кадетите и младинците на ФК Вардар стигнаа до победи, на дерби натпреварите од 9.коло во Супер Лигата против екипата на Пелистер. Кадетите стигнаа до убедлива победа, на гостувањето кај екипата на Пелистер. Нашите млади надежи победата ја обезбедија уште по првите 45 минути кога резултатот гласеше 0:3, истиот на крајот се покажа и како конечен на овој дерби натпревар. Одигравме одличен ... Read More »
Серафимов одигра цел натпревар, Македонија У19 подобра од Сан Марино
Репрезентацијата на Македонија до 19 години оствари победа со 2:0 над соодветната селекција на Сан Марино во натпреварот од последното коло на квалификацискиот турнир кој се одржува во Скопје. Давор Серафимов беше единствениот играч од редовите на Вардар, кој беше дел од оваа репрезентација на Македонија, на квалификацискиот турнир. Серафимов во победата против Сан Марино помина 90 минути на теренот. ... Read More »
Минимален пораз за Македонија У19 против Србија, Давор Серафимов беше стартер
Младата репрезентација на Македонија до 19 години загуби минимално со 2:1 од соодветната селекција на Србија во рамките на првото коло на мини квалификацискиот турнир (прва рунда) за пласман во елитната фаза квалификации за Европското првенство што ќе се одржи во Малта 2023 година. Натпреварот се одигра во Скопје на тренинг центарот „Петар Милошевски“ Србија на полувреме имаше минимална предност од ... Read More »
Табели во младинските фудбалски лиги после комплетирање на 8.коло
Како изгледаат табелите после одигрување на 8.коло во младинските фудбалски лиги: Помлада пионерска Супер лига Пионерска Супер лига Кадетска Супер лига Младинска Супер лига Read More »
Комплетни резултати од 8.коло во Супер лигата, Вардар за противник ја имаше А.Пандев
Вардар имаше половичен успех во 8.коло на Супер Лигата, откако освои 6 од максималните 12 бодови на натпреварите со екипата на Академија Пандев. До победи дојдоа помладите пионери и кадетите, додека бевме поразени на натпреварите со пионерите и младинците. Комплетни резултати од 8.коло во сите четири лиги: Помлада пионерска Супер лига Кул – Охрид 3:0 Брегалница – Милано 5:1 Победа ... Read More »
Давор Серафимов е единствениот вардарец, кој ќе биде дел од Македонија У19 за претстојниот квалификациски турнир
Репрезентацијата на Македонија до 19 години во периодот од 16 до 24 ноември, во Скопје ќе биде домаќин на мини квалификацискиот турнир (прва рунда) за пласман во елитната фаза квалификации за Европското првенство што ќе се одржи во Малта 2023 година. Македонија е во групата 10 заедно со селекциите на Србија, Норвешка и Сан Марино. Квалификациските мечеви во рамките на ... Read More »
Минимален пораз за младинците на ФК Вардар
Младинците на Вардар, денес беа домаќини на Академија Пандев, на еден дуел на кои имавме игра и шанси сепак бевме поразени, со резултат 0-1 (0-1). Вардар: Филевски Никола, Фидановски Зоран, Јовановски Филип, Ибраим Левент , Стојановски Стефан , Дошев Ѓорѓи , Анчевски Никола , Здравковски Симеон , Алексоски Андреј , Стојилевски Марко и Спасиќ Тино. На почетокот тргнавме офанзивно, најпрвин ... Read More »
Дерби во 8.коло на Супер Лигата, Вардар против Академија Пандев
Во рамките на 8.коло во Супер Лигата, Вардар ќе игра со екипата на Академија Пандев. Натпреварите на пионерските екипи се закажани за сабота (12.11) на општинското фудбалско игралиште во Струмица, со почеток од 10:00 и 12:00 часот. Во недела (13.11) на теренот на Локомотива, со кадетите и младинците сме домаќини на истиов противник. Натпреварите се закажани да започнат од 10:00 ... Read More »