Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > Интервјуа (page 27)

Интервјуа

Дарко Трпезановски: Колективноста и самодовербата ја красеше нашата генерација, која успеа на крај да ја освои двојната круна

vardarfans-trpezanovski

Зад нас е натпреварувачката сезона 2016/17, во која генерацијата на ФК Вардар родени “2003“ година успеаа да станат шампиони на Македонија и да го освојат националниот куп, што не им успеа на ниту една друга генерација оваа сезона. Избраниците на Томче Трајановски имаа 18 победи од 19 одиграни натпревари во регионалната-скопска лига, додека еден дуел го одиграа со нерешен резултат. ... Read More »

Стефан Младеновски: Сакам да продолжам да тренирам и да ја надминам легендата на ФК Вардар, Дарко Панчев

vardarfans-mladenovski1

Втора година по ред, генерацијата “2007“ на ФК Вардар успева да стане шампион на Македонија. И оваа сезона момчињата од Вардар (1) ја завршуваат сезоната во детската лига без ниту еден пораз, што ретко им успеало на некоја друга екипа во последниве две сезони. Дел од ова шампионска генерација на фудбалскиот клуб Вардар е Стефан Младеновски, кој последниве две години ... Read More »

Љупчо Кметовски- Од “богата„ играчка кариера, до тренер кој создава репрезентативни голмани

1159

Од трофејна играчка кариера до тренер кој создава репрезентативни голмани. Во следново наше интервју ве запознаваме со Љупчо Кметовски, кој има богата биографија, настапувајќи за неколку екипи од првата Македонска фудбалска лига, каде во голем дел од нив има работено и како тренер на голмани, а моментално истата функција ја има во младинските, поточно пионерски екипи на фудбалскиот клуб Вардар. ... Read More »

Горан Симиќ: Македонија и Македонците, се најубавото нешто што ми се имаат случено во животот

vardarfans-simic

Новиот Европски шампион, екипата на РК Вардар на крајот од сезоната се прости со тројца свои ракометари, како и со тренерот на голманите, Горан Симиќ кој по четири сезони поминати во клубот го напушти Скопје. Популарниот “Симке“ дојде во првата сезона, кога клубот го превзема, Сергеј Самсоненко и тоа заедно со неговиот соработник, кои претходно заедно работеа и во репрезентацијата ... Read More »

Виктор Додевски: Јуниор лигата е голем проект, тој ми даде можност да влезам во селекцијата за пионери на Вардар

vardarfans-dodevski

Зад нас е втората сезона на ракометната “Јуниор“ лига, која и оваа сезона беше успешно реализирана. Кај генерацијата родени 2002/2003 првото место им припадна на РК Преспа, кои во финалето го победија тимот на Шампион. Дел од сребрениот тим на Ф4, односно РК Шампион е Виктор Додевски. Тој зборува за своите ракометни почетоци и за сезоната која заврши. Јас имам тренирано многу ... Read More »

Димитар Димитровски: “Златото“ во Купот со резултат од 7:1 на терен на противникот е фантастичен успех со кој можат да се гордеат играчите и вардаровите навивачи

Димитровски Димитар

Пред два викенда се играше Куп финалето во куглање, во истото Вардар излезе на “мегдан“ со фаворитот за круната КК Макпетрол на патеките 5-8 во Вип кугланата при С.Ц “Борис Трајковски“. Изненадувачки одлично почнавме и по 4 играчи водевме со 4-0, па во последните два дуела ни требаше само два сета за сигурна победа. Бог беше со похрабрите и вардарци триумфираа ... Read More »

Никола Величковски: Наградата за најдобар стрелец ми е посебна, но шампионската титула е мојата животна цел, сега и во наредните години

vardarfans-velickovski

Една од четирите генерации која успеа да се закити со златниот медал во детската лига, беа Вардаровите момчиња родени “2005“ година. Двете екипи на оваа генерација беа во најдобрите три на завршниот турнир на најдобрите од цела Македонија. Вардар (1) го освои првото место, совладувајќи ја екипата на Фер Плеј во големото финале, додека Вардар (2) го освои бронзениот медал. ... Read More »

Ненад Дамјановски: Многу ми значи признанието за најдобар стрелец, потајно го очекував бидејќи постигнав најмногу голови на завршниот турнир

vardarfans-naslovna-2

Вардаровата генерација родени “2008“ година станаа шампиони на Македонија во детската фудбалска лига. Избраниците на Павел Неделковски имаа импресивна сезона зад себе и на крајот сосема заслужено го освоија трофејот во ова натпреварување. Колективноста ја красеше оваа надежна генерација, пред која времето допрва започнува, но мора да се напомене дека тие имаа еден лидер, во името на Ненад Дамјановски, кој ... Read More »

Андреј Данстак: Наградата за најдобар голман е голема заслуга на целата екипа, се трудам да бидам најдобар во тоа што го правам

vardarfans-naslovna

Во периодот од 1-4-ти јуни, генерацијата на ФК Вардар родени “2006“ година беше дел од силен меѓународен турнир “Приморско лето“ кој се играше во Бугарија. На истиот нашите млади надежи го освоија чевртото место, а на целокупниот турнир беа забележани три победи, два нерешени резултати и два порази. За целокупните впечатоци од турнирот во Бугарија можете да прочитате од изјавата на ... Read More »

Младен Донковски: Чуството да се освои Купот со Вардар не се опишува, се доживува

99999

Викендов се одигра Куп финалето во куглање, во истото Вардар се сретна  со фаворитот за круната КК Макпетрол на патеките 5-8 во Вип кугланата при С.Ц “Борис Трајковски“. Неочекувано, надвор од сите прогнози, очекувања и надежи изненадувачки одлично почнавме и по 4 играчи водевме со 4-0, па во последните два дуела ни требаше само два сета за сигурна победа. На ... Read More »