Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > Интервјуа (page 35)

Интервјуа

Зоран Петковски: Момците напредуваат секојдневно, посветени се максимално, некогаш и повеќе од тоа што очекувам. Во првиот дел од сезоната покажавме карактер и натпреварувачки “дух“

vardarfans-naslovna

Најпријатното изненадување по завршување на првиот дел од сезоната во првата ракометна лига е младиот состав на РК Вардар 2 кој е предводен од човекот кој е долго време во Вардар и како играч и тренер во младинските категории. Избраниците на Зоран Петковски го финишираа есенскиот дел од сезоната на високото второ место, со само еден бод заостанување зад лидерот, ... Read More »

Горјан Цветков: Нема млад фудбалер кој не сака да заигра во Вардар. Јас ја имам таа чест и привилегија да ги бранам Вардаровите бои

21332-660x330

Една од најдобрите генерации на фудбалскиот клуб Вардар во есенскиот дел се дечињата родени “2005“ година кои се предводени од тренерот Игор Кралевски. Тие се натпреваруваа со две екипи во детската лига кои станаа есенски шампион со максимален број на освоени бодови. Токму Горјан Цветков е член на оваа надежна генерација, кој во есенскиот дел настапуваше за Вардар (2) каде ... Read More »

Ива Цветковска: Задоволството да се биде еден од лидерите во екипата по постигнати голови е огромно, но секако тоа повлекува и голема одговорност во иднина

vardarfans-iva-cvetkovska

Кадетките на ракометниот клуб Вардар СЦЈС го завршија првиот дел од сезоната на првото место, во својата кадетска група 2. Во конкуренција на шест екипи, нашите надежи остварија пет победи од исто толку одиграни натпревари и заслужено се наоѓаат на врвот на табелата во оваа група. Во следново интервју ве запознаваме со членот на кадетките Ива Цветковска, која е една ... Read More »

Лео Андрески: Проект како “Јуниор“ лигата е за почит, бидејќи им овозможува на многу деца да го остварат својот сон и да заиграат за ФК Вардар

vardarfans-naslovna

Пред нас е есенскиот дел во лигата на сите младински категории. За прв пат оваа сезона, генерациите родени “2002“ и “2003“ година добија шанса да се натпреваруваат во посебна регионална скопска лига. Овие генерации на фудбалскиот клуб Вардар со успех го завршија есенскиот дел од натпреварувачката сезона. Избраниците на Томче Трајановски станаа есенски шампиони, откако забележаа десет победи од исто ... Read More »

Теодора Златановска: “Јуниор“ лигата ни покажува колку сме научиле и ни овозможува од натпревар во натпревар се повеќе да напредуваме како играчи

vardarfans-rk-karpos-kumanovo

Се поголемо е црвено-црното семејство, во Ракометната академија на Вардар,  на почетокот на новата сезона во “Јуниор“лигата се приклучи и нова школа. Станува збор за  „РК Карпош-Вардар од Куманово.  Тимот на РК Карпош ќе им понуди можност на најмладите кумановчани да се вклучат во ракометната еуфорија што владее последниве неколку децении. Дел од оваа ракометна школа е Теодора Златановска, која ... Read More »

Никола Павлески: Нашата цел е одбрана на трофејот од минатата сезона, секогаш треба да го покажуваш најдоброто од себе бидејќи е реткост да си играч на Вардар

vardarfans-nikola-pavleski

Вардаровата генерација 2004 е една од нашите најдобри во есенскиот дел од сезоната во детската фудбалска лига. Двете екипи на тренерот Ане Андовски завршија како први во своите групи и станаа есенски шампиони во ова натпреварување. Дел од оваа надежна генерација, кој настапува за Вардар (1) е Никола Павлески. Играч со дефанзивни задачи и еден од најзаслужните што неговата екипа ... Read More »

Стефанија Ѓорѓиевска: Целиот тим и тренерите се заслужни за моите добри игри

vardarfans-stefanija

Трето место за втората кадетска екипа на ракометниот клуб Вардар по завршување на есенскот дел од натпреварувачката сезона. Со три победи и два порази избраничките на Ристова и Певевска го завршија првиот дел од сезона. Фактот дека се натпреваруваме во повозрасна генерација е само искуство за овие млади девојки на РК Вардар. Најдобар стрелец на екипата по финиширање на есенскиот ... Read More »

Никола Величковски: ФК Вардар е најпознат и најдобар клуб во Македонија. Тренерот Кралевски не научи дека е голема чест и гордост да бидеш дел од овој клуб

vardarfans-velickovski

Фудбалскиот клуб Вардар има многу талентирани играчи во своите младински категории. Еден таков пример е Никола Величковски кој настапува за генерацијата родени “2005“ година, а воедно е и капитен на оваа надежна генерација која ја предводи тренерот Игор Кралевски. Никола оваа сезона е вистински лидер на својот тим и еден од најзаслужните за добрите резултати на својата екипа која стана ... Read More »

Лука Стојковски: Во ниеден момент не сум погрешил што сум голман, а како играч се надополнувам за полесна да ми биде голманската работа

vardarfans-luka-stojkovski

Фудбалскиот клуб на Вардар има многу квалитетни голмани во своите младински екипи. Ние во следново интервју ве запознавме со чуварот на мрежата на генерацијата “2003“. Се работи за Лука Стојковски за кој слободно може да се каже дека поседува голем потенцијал и квалитет, еден ден да имаме можност да го гледаме на голот и на првиот тим на ФК Вардар. ... Read More »

Стефан Кочаров: Најголема желба и цел ми е заедно со брат ми Михаил да заиграме за првиот тим на РК Вардар и да ги браниме боите на Македонија

vardarfans-stefan-kocarov

Ракометната Вардар Јуниор лигата веќе зад себе има 5.коло реализирано од втората сезона. Лигата лани беше вистинско доживување за младите ракометари кој од многуте вардарови школи земаа учество во истата. Сезонава повторно почна лигата, истата сега е нормално далеку подобро организирана со собраното искуство од премиерната. Дури 650 дечиња се дел од оваа лига, голем број школи земаат учество во ... Read More »