Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > Останати спортови (page 15)

Останати спортови

Куглање: Вардар го совлади Макпетрол-Б, Димитровски со 599

a4-660x330-660x330

Вчера во кугларницата „Мусандра“  се одигра дуел од Македонската кугларска лига, во истиот Вардар-А беше домаќин на вториот тим на Макпетрол. На оваа средба црвено-црните дојдоа до победа со високи 6-2. За нас на почетокот поентираа Саша Јанковиќ (557) и најдобриот вардарец оваа сезона Димитар Димитровски (599). Покрај нив за нас поенитираа Дарко Димитровски (559) и Драги Ѓорѓиевски  (518). По ... Read More »

Шампионот, Макпетрол се „вадеше“ во финишот против ослабнатиот Вардар

0

Викендов се одигра дербито во Македонската кугларска лига, тимот на Вардар гостуваше кај актуелиот шампион на земјава Макпетрол. Многумина очекуваа лесна победа на фаворитот, најплатениот тим во земјава кој има четири репрезентативци во своите редови и двајца интернационалци против црвено-црните во чии редови не играа двајца клучни играчи, Манев и Милош Миливоевиќ. Сепак сино-жолтите одиграа блед дуел и не совладаа ... Read More »

Вардарецот, Трендов со „сребро“ во Келн

v2

Борачот  на БК Вардар, Милан Трендов (-71 кг) го потврдува талентот на сите настапи, денес на големиот Меѓународен турнир „Ландесмајстершафт” во Келн, Германија, во конкуренција до 17 години во слободен стил го освои сребрениот медал. Да потсетиме дека вчера го зазеде четвртото место во категоријата до 67 кг до 20 години во грчко-римски стил.Милан е син Благој Трендов, кој е ... Read More »

КК Вардар со победата над конкурентот Соколи се одлепи на табелата

kk vardar

Кошаркарите на Вардар направија уште еден, голем чекор на патот кон враќање во друштвото на најдобрите клубови – Првата лига. На свој терен„ црвено-црните“ стигнаа од убедлив триумф (97:73), против нивниот прв пратител на табелата, екипата на Соколи 1933. Па по 13 одиграни кола, „вардарци“ (скор 11-2), сега се на два чекори, две победи плус во однос на екипата на ... Read More »

Стручно трасираните подготовки даваат резултати

naslovna

Денес на 4. февруари, се одржа голем меѓународен турнир “Landesmeisterschaft” во Келн, Германија. Турнирот беше за јуниори до 20 години, на кој учествуваа и Вардарците во грчко-римски стил, каде што покажаа извонредни борби и освоија одличен резултат : -67кг МИЛАН ТРЕНДОВ 4.место -82кг ЉУПЧЕ МИТЕВ 2.место 87кг СТЕФАН МИТЕВ 1.место Тренер : Благој Трендов   Утре ке настапи уште еднаш во ... Read More »

БК Вардар со нови парични награди за борачите, Трендов освои злато во Радовиш

327198523_1575357532927604_8145268037790191564_n

БК Вардар продолжува да ги наградува борачите кои остваруваат успеси на македонските првенства. Овој  пат беа наградени учесниците  на Изборното првенство за У-17 што се одржа изминатиов викенд во Радовиш. Милан Трендов освои златен медал во категоријата до 65 килограми, а со тоа и награда од 100 евра. Инаку, Милан е син на Благој Трендов, поранешен борач на Спартак, кој ... Read More »

Порази за лидерите, ЖКК Вардар и Баскет Кам

zkk2

Нема веќе непоразени екипи во Првата женска лига. За тоа најголем „виновник“ е екипата која го брани шампионскиот пехар – Бадел 1862. Која го победи својот најголем конкурент во изминатите години – Баскет Кам 2011, инаку лидерот во домашното првенство. И тоа на гостински терен, во натпревар кој се играше во салата на СРЦ „Кале“, макар и минимално (66:65). Одлучувачка ... Read More »

КК Вардар со победата над Ангели останува лидер

kk-vardar-660x330-660x3301-660x330-660x330-660x330-660x330

Екипата на Вардар останува на првото место на табелата во Втората лига откако во локалното скопско дерби, на гостински терен, беа подобри од екипата на Ангели (73:65). Доволно за скор (10-2), и задржување на предноста во однос на првиот конкурент. Во овој случај, екипата на Соколи 1933 која на свој паркет, во салата „Јордан Мијалков“ во Штип убедливо го порази ... Read More »

Три години без Димитровски Драги, ненадомеслива е загубата за Вардар и мак.куглањето

dr2-625x330-625x330

На денешен ден се навршува 3.години откако  го напушти овој свет и се пресели во вечноста тренерот на кугларскиот клуб Вардар, Драги Димитровски. Тој целиот својот живот му го посвети на овој “мал спорт“ со голема душа, тој беше неговиот „животен повик“. Истиот беше еден од најуспешните и најдолготрајните кугларски тренери во Македонското куглање. Активен уште од самото основање на македонската кугларска ... Read More »

КК Вардар гостин на Ангели во 1.коло во 2023

kk var

По пауза од еден месец, овој викенд продолжуваат и натпреварите од Втората лига, а ќе се игра 12 коло.По првиот круг од натпреварувањето, екипата на Вардар се избори за првата позиција, и е на еден чекор пред конкуренцијата во која се уште и екипите на Ангели, Соколи 1933 и Работнички кои заостануваат по еден бод, а веднаш зад нив се ... Read More »