Tuesday ,23 April 2024
Последни:
Home > Slider (page 11)

Slider

(ФОТО) Фереира се уште не ги заборава добрите моменти во Вардар

vardarfans-fereira

Мораес Фереира помина три одлични години во Вардар, а бразилецот се уште не може да ги заборави добрите моменти во клубот. На својот инстаграм профил, Мораес Фереира сподели слика, после големата победа против Веспрем и освојувањето на втората Европска титула. На постот коментираше и Кристијан Дисингер, кој напиша, „Единствен бразилец со два Европски трофеи“. Фереира во новата сезона ќе настапува ... Read More »

Среќен роденден Даниил Шишкарев

vardarfans-siskarev

Денес својот 31.роденден го прославува играчот на Вардар, се работи за Данил Шишкарев. Рускиот репрезентативец ја одигра својата петта сезона во Вардар и во новата сезона ќе биде дел од клубот. Нашата редакција му посакува многу здравје, среќа и успеси на професионален план. СРЕЌЕН РОДЕНДЕН ДАНИЛ !! Read More »

(ФОТО) Европските шампиони одмараат и ги полнат „батериите„ за новата сезона

vardarfans-dibirov

Европскиот ракометен шампион се наоѓа на заслужен одмор, после напорната сезона и освојувањето на голем број на трофеи, од кои најскапоцен беше оној во Лигата на Шампионите. Голем дел од играчите се наоѓаат на одмор и уживаат со своите семејства, или девојки. Дибиров со семејството се наоѓа во Турција, Горбок со сопругата и трите ќерки е на одмор во Словенија, ... Read More »

(ВИДЕО) Најатрактивните голови на Тимур Дибиров

vardarfans-dibirov

Еден од најдобрите стрелци на Вардар, Тимур Дибиров ја одигра шесттата сезона во црвено-црниот дрес, период во кој успеа да освои и две Европски титули и уште голем број на други трофеи со Вардар. Познат е по атрактивните голови, многу често знае да го совлада противничкиот голман и од невозможни позиции, па затоа се вбројува меѓу најдобрите леви крила. Дибиров ... Read More »

Неизвесен настапот на силниот меѓународен турнир во Стразбург за вардарци, поради учеството на „Супер Глоуб Купот“

vardarfans-turnir

Станува неизвесно учеството на силниот меѓународен турнир во Стразбург, за екипата на РК Вардар. Европскиот ракометен шампион требаше во периодот од 22-25.август да биде дел од силниот меѓународен турнир Стразбург, но учеството на истиот е под знак прашалник, со оглед дека од 26.август Вардар треба да настапи на „Супер Глоуб Купот“, или неофицијалното светско првенство, кој ќе се одигра во ... Read More »

(ВИДЕО) Писонеро и Гонзалез, како Карачиќ и Столе

vardarfans-video

Шпанската врска во Вардар и натаму продолжува, што се однесува до позицијата главен тренер во редовите на Европскиот Шампион. После Раул Гонзалез, Гарсија Парондо, па и Давид Дејвис кој беше помошен тренер, од клубот се одлучија во новата сезона шанса на клупата да добие уште еден стратег од оваа земја, се работи за Давид Писонеро. Писонеро имал активна играчка кариера, ... Read More »

(ВИДЕО) Поим за „мотивација“ – Стојанче Стоилов

vardarfans-stole

Вардар е голем клуб во кој играат врвни играчи, но и мотиватори, кои го подигнуваат тимот и кога не оди најдобро на теренот. Такви примери се Чупиќ, Карачиќ, Стоилов и.т.н. Македонскиот „лав“ и капитен на Европскиот Шампион, Стојанче Стоилов е иконата на екипата, исто така голем мотиватор и поддршка за соиграичите. Еве едно видео, од реванш дуелот против Пик Сегед, ... Read More »

Новото засилување на Вардар,Толедо, заврши како трет најдобар стрелец на Висла Плок

vardarfans-toledo

Играчот кој е роден во Сао Пауло и бразилски репрезентативец, Хозе Гиљермо Де Толедо е новото звучно име за Европскиот ракометен шампион. Тој доаѓа на местото на Кисељев кој по една сезона го напушти клубот и заедно со Кристопанс ќе ја сочинуваат десната бековска позиција. Што се однесува до изминатава сезона, Толедо ја заврши со 41 постигнат гол во редовите на ... Read More »

„Требиње“ ќе биде центарот на главните подготовки за црвено-црните, каде ќе настапат и на меѓународен турнир

vardarfans-podgotovki

Прва година, ракометниот клуб Вардар се решава да направи промена што се однесува до местото каде ќе се одвива главниот дел од летните подготовки. Претходните години, Крањска Гора беше честата дестинација на вардарци, но сега се решија за друга опција. Се работи за местото „Требиње“ во Босна и Херцеговина, каде според планот, Европскиот Шампион ќе се задржи во периодот од ... Read More »

Карачиќ во голем стил се одјави од Вардар, хрватскиот „моцарт“ ја одигра најдобрата сезона во црвено-црниот дрес

vardarfans-karacic

Хрватскиот „Моцарт“ после седум години поминати во Вардар се реши за нов предизвик во неговата играчка кариера. Игор Карачиќ ја одигра последната сезона во црвено-црниот дрес и на најдобар можен начин се одјави од Скопје и клубот. Инаку, Карачиќ ја одигра својата најдобра сезона, откако настапува за Вардар. Играчот за кој не е проблем да настапува на позициите среден и ... Read More »