Тимска игра за спас на Вардар – MOZZART донираше милион денари после бројните типувања на натпреварите на црвено-црните! ⚫️Големо браво за оваа компанија која во овие тешки моменти е со Вардар. Компанија Mozzart пред неполн месец се придружи на навивачката група Комити во акцијата за спас на Вардар, каде со секој уплатен тикет на кој се наоѓа натпреварот на славниот ... Read More »
Uncategorized
Работнички го совлада КК Вардар
„Црвено-белите“ им се вратија на првенствените обврски и лесно го победија Вардар (92:67) Им требаа неколку дена да се вратат на првенствениот колосек, и тоа им беше доволно на кошаркарите на Работнички да дојдат до замисленото. Како гости да бидат подобри од Вардар. ВАРДАР – РАБОТНИЧКИ 67:92 По една четвртина поделија „соседите“ од „Кале“. Гостите, екипата на Работнички ја добија првата, со ... Read More »
Вардар на 1.април ќе го пречека КК Работнички
Момците на Александар Јованчев, кошаркарите на Вардар ќе одигpаат заостанат дуел од минатата есен (5.коло), во истиот ние сме домаќини на тимот од Градски парк, екипата на КК Работнички. Напреварот се игра на 1.април (четврток) во малата сала при Спортскиот центар „Кале“. На задутрешниот напревар кој е закажан со почеток во 17-00 часот правдата ќе ја делат следните судии: А.Павлов , ... Read More »
ЖОК Вардар „сребрен“ во Купот на Македонија
Викендов во одбојката на програмата беа финалињата во машка и женска конкуренција во Купот на Република Македонија. Одбојкарките на ОК Јанта Волеј Кисела Вода го освоија Купот, совладувајќи ги црвено-црните дами во големото финале. . Во финалето во женска конкуренција одиграно во салата „Парк“ во Струмица екипата од скопската населба Кисела Вода го совладаа скопскиот ривал Вардар со 3:1 во ... Read More »
Еуро Никел подобар од КК Вардар
Се поблиску се кошаркарите на Еуро Никел 2005 во реализација на првичните планови, обезбедување на место во најдобрите шест екипи во Првата лига кои ќе се борат за шампионската титула.Рано поведоа избраниците на Горан Самарџиев. Противникот, Вардар, успеа да се врати, макар и за момент, но и ништо повеќе од тоа. ЕУРО НИКЕЛ 2005 – ВАРДАР 96:79 По нешто повеќе од ... Read More »
(Стрим во живо) Еуро Никел- Вардар 18 часот
Денес, КК Вардар гостува во Кавадарци кај екипата на Еуро Никел 2005. Напреварот од ова 21.коло во Првата машка кошаркарска лига, кој ќе се игра во салата „Јасмин“ – Кавадарци ќе може да се проследи во живо преку видео стрим. Мечот кој започнува во 18-00 часот може во живо да го гледате на следниот- ЛИНК! Read More »
Вардар ќе биде домаќин на 1/4-финалната група од Купот
Вардар ќе биде домаќин на четвртфиналната група од Купот на Македонија и тие средби ќе се одиграат на 29 март (понеделеник) во Скопје. Во групата В покрај Вардар1961 се уште и екипите на Астраион, Радовиш и Тиквеш. Според договорот на екипите, сите предвидени натпревари од групата ќе се играат во еден ден. Во првото полуфинале играат Астраион и Радовиш, а ... Read More »
КК Вардар по продолженијата поразен со само еден поен од Гостивар
Bо натпревар со доста пресврти во резултатот, одлучи последната минута, Гостивар за поен подобар од Вардар (106:105). Неверојатен меч одиграа вечерва екипите на Вардар и Гостивар. Двете екипи, секоја на свој напин, посакуваше два бода. На крајот, им припаднаа на гостите од Гостивар, кои делуваа малку поискусно од противникот во минутата на одлука. Онаа последната која и реши, победник да ... Read More »
(Стрим во живо) КК Вардар-Гостивар 17:00 часот
КК Вардар денес, среда (24.март) ќе ја пречека екипата на КК Гостивар. Дуелот кој ќе се игра во малата сала при СЦ „Кале“ во Скопје е закажан со почеток во 17-00 часот. Од овој напревар може да се гледа директен пренос преку видео стрим. Дуелот може да се гледа во живо на следниот ЛИНК! Read More »
Моцарт Бет Македонија ќе донира во ФК Вардар
Моцарт Бет Македонија објави убава вест за донација во ФК Вардар. Во информацијата се вели: На трибините одамна не одекнува „ајде ајде Вардаре“, но постои начин да се даде голема поддршка – со секој уплатен тикет на кој се наоѓа натпреварот на славниот скопски клуб во наредниот период, компанија Mozzart го зголемува фондот за донација на „црвено – црните“, кои ... Read More »