Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња (page 241)

Петлиња

Победа за ФК Вардар генер.2005 во тест-дуелот со Мал Ајакс

a2

Денес на терените на фудбалската Академија на Вардар во градскиот парк се одигра контролен дуел помеѓу Вардар и тимот на Мал Ајакс, за фудбалерчиња родени 2005 година. На истиот избраниците на Зоран Петковски остварија убедлива победа со резултат 7-2, на полувремето водевме 2-1. Мечот имаше две полувремиња во времетраење од по триесет минути. Избранците на Петковски  први го отворија натпреварот ... Read More »

16 погодоци во мрежата на Мал Ајакс од Вардаровата генерација “2006“

2

Фудбалскиот клуб на Вардар генерација родени “2006“ година денес одиграа контролен натпревар со екипата на Мал Ајакс од Штип. Овој меч се играше на академијата на ФК Вардар и заврши со убедлив триумф за избраниците на Кралевски. Се играа две полувремиња по 30 минути. Конечниот резултат гласеше високи 16:0 во корист на црвено-црните. Натпреварот со погодок го отвори Матеј Гаштаров ... Read More »

Контролни натпревари за Вардаровите екипи против Брегалница

vardardans-12

Утре на академијата на фудбалскиот клуб Вардар, контролни натпревари ќе одиграат шест Вардарови генерации. Противник на сите ќе бидат врсниците на Брегалница од Штип. Ова воедно ќе бидат последни мечеви за оваа натпреварувачка сезона, по што ќе следи заслужен одмор за црвено-црните генерации. Во утринската програма ќе настапат пионерските екипи и кадетите, додека во попладневните часови настапи ќе имаат генерациите ... Read More »

Филип Јовановски ја предводи листата на најдобри стрелци кај Вардаровата генерација родени “2005“

vardarfans filip jovanovski

Вардаровата генерација родени “2005“ оваа сезона во детската лига ја завршија како вицешампиони. Избраниците на Зоран Петковски се натпреваруваа со две свои екипи кои се пласираа во елиминациските мечеви. Таму ждрепката сакаше да се сретнеме меѓусебно, така што само Вардар (1) продолжи понатаму. На крајот второ место за оваа генерација, што претставува голем успех. Двете екипи вкупно за цела сезона ... Read More »

Генерација за паметење, младите надежи родени “2004“ година имаа незаборавна сезона

vardarfans-generacija-20041-660x330

Вардаровата генерација родени “2004“ година имаа сезона за незаборав, откако успеа да освојат прво и трето место во детската лига. Избраниците на Филип Арсовски се натпреваруваа со две екипи, кои завршија на првото место во своите групи во регуларниот дел од сезоната. Истите се најдоа и на завршниот турнир, каде направија голем успех. Несомнемо генерација за паметење, а малку недостауваше ... Read More »

Давид Голубов број еден стрелец кај Вардаровата генерација “2006“

vardarfans golubov najdobar strelec

Вардаровата генерација родени “2006“ година која ја предводи тренерот Игор Кралевски сезоната во детската лига ја заврши со 30 победи победи, 7 нерешени и само 3 порази, што е одлично достигнување за нашите млади надежи. Нападот беше ефикасен, каде постигнавме повеќе од 127 голови. Најдобриот стрелец кај оваа генерација во детската лига е Давид Голубов. Голубов е број еден најефикасен играч ... Read More »

Стефан Младеновски и Петар Мицевски се најдобри стрелци кај генерација “2007“

vardarfans najdobri strelci

Најмладата Вардарова генерација која се натпреваруваше во детската лига, момчиња родени “2007“ година успеаа да станат шампиони на Македонија во својата возрасна категорија. Избраниците на Томче Трајановски во текот на целата сезона имаа забележано повеќе од 43 победи, натпреварувајќи се со две екипи во лигата. На крајот заслужено нашите млади надежи го подигнаа трофејот за освоеното прво место. Беа постигнувани ... Read More »

Генерација “2005“ вицешампиони на Македонија, со повеќе од 40 победи во детската лига

vardarfans gener 2005

Генерација 2005 ја заврши сезоната во детската лига на второто место. Оваа генерација која ја предводи тренерот Зоран Петковски се натпреваруваше со две свои екипи во лигата, поделени како Вардар (1) и Вардар (2). Ждрепката сакаше двете екипи да се сретнат во елиминациските мечеви, по што едната екипа се збогуваше од понатамошни натпревари во лигата. Иако мора да се напомене ... Read More »

Александро Прелоговски е најдобар стрелец кај ФК генерација “2003“

vardarfans prelogovski

Вардаровата генерација “2003“ важи за една од најефикасните, што се однесува по бројот на постигнати голови во детската лига за сезоната која финишираше. Избраниците на Ане Андовски не успеаа да се борат за првото место во својата генерација, откако во четвртфиналето беа неочекувано поразени од екипата на Постолов Пандев. Сезоната ја завршија со вкупно 123 постигнати голови, што е несомнено ... Read More »

(Фотогалерија) Вардар Јуниор лига: Ново Лисиче – Еуроспорт 4:2

vardarfans-fotogalerija

На терените на Академијата на фудбалскиот клуб Вардар се одигра завршното коло од Јуниор лигата, на кој настапија генерациите родени “2003“ , “2004“ , “2005“ и “2006“ година. Во генерацијата ”2003” силите ги одмерија Ново Лисиче и Еуроспорт од Куманово, натпреварот заврши со победа на Ново Лисиче од 4:2. Погледнете ја нашата фотогалерија од овој дуел. Read More »