Saturday ,11 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња (page 66)

Петлиња

ФК Вардар генер.2009 триумфално во средбата против ФК Кул во Детската лига

71736623_2444257475621084_3086194212769628160_n

ФК Вардар(1) генерација 2009 на Игор Кралевски денес дојде до победа на дуел од Детската лига. Вардарци ја совладаа екипата на ФК Кул со резултат 4-2 (1-1) во еден динамичен дуел. Ние тргнавме офанзивно прва прилика имаше Јаков Стојковски, чиј удар не беше крунисан со погодок за отварање на резултатот. Потоа силен удар упати Матеј Николов, за жал топката заврши во надворешниот ... Read More »

Вардар броеше до 9 во Ѓорче, генерацијата 2006 стигна до втората убедлива победа во регионалната-скопска лига

2619

Генерацијата 2006 на ФК Вардар стигнаа до вториот триумф сезона во рамките на регионалната-скопска лига. Денес во Ѓорче избраниците на Филип Спасески убедливо ја совладаа екипата на Македонија Ѓ.П, со резултат 0:9. Уште по првото полувреме ги решивме дилемите околу победникот, кога имавме високо водство од 0:4. Крајниот резултат говори за доминацијата на нашите млади надежи, кои го надиграа домашниот ... Read More »

Ново коло во детската фудбалска лига ( распоред)

vardarfans-naslovna

Ново коло во детската лига не очекува претстојниов викенд. Мечевите за генерациите 2007 и 2009 ќе се одиграат во сабота, додека генерациите 2008, 2010 и 2011 ќе играат во недела. Вака изгледа распоредот на одигрување натпревари: Вардар (1) генер. 2007 – Шкупи  16:40 Вардар (2) – Њу Старс 1   15:30 Вардар ( 1) генер. 2008 – Работнички  12:30 Вардар (2) ... Read More »

Генерацијата 2006 на ФК Вардар утре гостува кај екипата на Македонија Ѓ.П

2717

Една генерација на фудбалскиот клуб Вардар во петок ќе го одигра 3.коло во регионалната-скопска лига. Се работи за генерацијата 2006 која гостува во Ѓорче кај екипата на Македонија Ѓ.П, додека генерацијата 2005 на Вардар е слободна со оглед дека противникот нема екипа во оваа генерација. Избраниците на Филип Спасески на одличен начин ја стартуваа новата сезона со убедливата победа во ... Read More »

(Фотогалерија) Две победи за најмладите вардарци од генер. 2011 во детската лига

naslovna

Генерацијата 2011 на ФК Вардар изминатиов викенд го одигра 2.коло во детската лига во кое ги забележа првите победи. Вардар (1) беше убедлив во дуелот со Работнички (10:0), додека Вардар (2) беше подобар од Фудбал Кидс (3:0). Погледнете 54 фотографии од мечевите на генерација 2011. Read More »

Цветков и Кулуковски дел од У15 селекцијата на пријателскиот турнир во Сан Марино

71179674_918593058517548_5803850025037463552_n

Македонската фудбалска репрезентација до 15 години во периодот од 24-30.септември ќе биде дел од меѓународен пријателски турнир во Сан Марино. За овој турнир, селекторот на Македонија, Тони Јакимовски, повика двајца играчи од Вардар. Се работи за Горјан Цветков и Влатко Кулуковски. На турнирот покрај Македонија ќе настапат уште и репрезентациите на Сан Марино, Андора и Латвија. Read More »

(Фотогалерија) Убедлива победа за Вардар (1) генер. 2008 во детската лига

11

До нова победа во детската лига, стигна екипата на Вардар (1) генерација 2008 која убедливо го победи тимот на Сарај (6:0). На полувреме црвено-црните имаа водство од 3:0. Погледнете ја фотогалеријата од овој натпревар Read More »

Први две победи за најмладите вардарци во детската лига, генер. 2012 подобра во дуелите против Работнички и Фудбал Кидс

10

Генерацијата 2011 на ФК Вардар стигнаа до првите победи во рамките на детската лига, откако денес на терените на ФФМ со двете екипи забележаа победи. Екипата на Вардар (1) убедливо ја совлада екипата на Работнички со резултат 10:0. Уште по првото полувреме го решивме прашањето околу конечниот победник, кога имавме високо водство од 7:0. Доротеј Христов беше играчот кој успеа ... Read More »

Нови две победи за вардаровата генер. 2008 во детската лига, совладани екипите на Сарај и Н.Колонија

2

Генерацијата 2008 на ФК Вардар денес на терените на ФФМ го одигра 2.коло во детската лига, во кое оствари две победи. Екипата на Вардар (1) за противник го имаше тимот на Сарај кој го совладавме со резултат 6:0. Само една екипа играше на овој меч, а тоа беше нашиот Вардар, кој покрја постигнатите голови имаше уште неколку добри шанси за ... Read More »