Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња (page 64)

Петлиња

(Фотогалерија) Ново победничко коло за генер. 2007 на ФК Вардар

38

Генерацијата 2007 на ФК Вардар стигна до две нови победи во рамките на 4.коло од детската лига. Извештајот од мечевите можете да го прочитате на линкот, ТУКА. Погледнете 50 фотографии од двата дуели на генерација 2007. Read More »

Бронзен медал за генер. 2010 на ФК Вардар, на турнирот во Бугарија

72544311_2471706586487569_3885498638851375104_n-1

Генерацијата 2010 на фудбалскиот клуб Вардар освои бронзен медал на турнирот во Бугарија. Денес се одиграа завршните натпревари на турнирот „Дупница Куп“.Најпрво во полуфиналето немавме среќа и после изведување на удари од белата точка бевме поразени од екипата на  Фуд Школа-Филип Филиповиќ која доаѓа од Србија. Во регуларниот дел, мечот заврши со нерешен резултат 1:1, стрелец на голот за Вардар ... Read More »

ФК Вардар генер. 2009 го освои турнирот во Бугарија, Баснарков најдобар голман, додека Папалиски најдобар играч

1

Генерацијата 2009 на фудбалскиот клуб Вардар го освоија турнирот „Дупница Куп“ кој овие два дена се играше во Бугарија. Избраниците на Игор Кралевски со четири победи од исто толку мечеви на доминантен начин го освоија турнирот. Денес во големото финале нашите млади надежи се сретнаа со екипата на Орлетата од Бугарија, која ја совладаа со резултат 4:0. Одлична игра на ... Read More »

„Гол Шоу“ на Стефан Младеновски, генер.2007 на ФК Вардар со нови победи во детската лига

00000

Генерацијата 2007 на ФК Вардар продолжува со победите во детската лига. Утрово на терените на ФФМ, избраниците на Горан Петрески ги победија екипите на Фортуна и Спорт Ефе. Неверојатен добар натпревар одигра екипата на Вардар (1) која го прегази тимот на Фортуна, на овој дуел нашите млади надежи победија со високи 17:0, од кои десет голови беа зад името на ... Read More »

Вардар убедливо го победи Работнички, генер. 2006 ќе игра во 1/4 финалето од Купот на Македонија

1033

Генерацијата 2006 на ФК Вардар успеаа да се пласира во 1/4 финалето од националниот Куп, откако денес славеше на гостувањето кај екипата на Работнички. Натпреварот се одигра на теренот на Локомотива и заврши со резултат 0:5 во корист на црвено-црните. Доминација за избраниците на Филип Спасески, кои немаа големи проблеми да го совладаат градскиот ривал. Победата се насетуваше уште во ... Read More »

Генерацијата 2010 на ФК Вардар со три доминантни победи се пласираше во 1/2 финалето на турнирот „Дупница Куп“

2

Генерацијата 2010 на фудбаскиот клуб Вардар се наоѓа во Бугарија, каде дел од меѓународниот младински турнир „Дупница Куп“. Денес момците на Влатко Колев одиграа три натпревари и сите ги добија во своја корист. Турнирот го отворивме со дуел против екипата на Хлапетата од Бугарија, која ја совладавме убедливо со резултат 5:1. На овој дуел по два гола постигнаа Благојче Седлоски ... Read More »

Момците на Кралевски, Вардар ген.2009 како тајфун на турнирот во Бугарија со три убедливи победи

71779614_2290631787914047_3975871021411467264_n

ФК Вардар генер.2009 предводена од Игор Кралевски е на силен меѓународен турнир во Бугарија. Денес момците на Кралевски на турниот кој се игра во градот Дупница одиграа три дуели. Одлична игра прикажаа црвено-црните момци и победија на сите три меча. Радува тоа што сите победи се со убедлив резултат. Во првиот меч го совладавме тимот на Мерек со високи 4-1. ... Read More »

Со девет голови во мрежата на Фортуна, генер. 2005 на ФК Вардар успеа да обезбеди пласман во 1/4 финалето од Купот

3100

Генерацијата 2005 на ФК Вардар успеаа да се пласира во следната елиминациска рунда од Купот на Македонија. Денес на теренот на Академијата нашите млади надежи во рамките на 1/8 финалето ја победија екипата на Фортуна 2009. Со оглед дека патникот во следната рунда се решава по само еден добие натпревар, вардарци се тие кои продолжуваат понатаму Избраниците на Зоран Петковски ... Read More »

Победа и пораз за ФК Вардар генер. 2011 во денешното коло од детската лига

5

Генерацијата 2011 на ФК Вардар денес на терените на ФФМ одигра два нови натпревари во рамките на детската лига, на кои остваривме по една победа и пораз. Вардар (1) беше убедлив во дуелот со екипата на Смилковци која ја совлада со резултат 8:2. Уште по првото полувреме имавме високо водство на овој меч, кога резултатот беше 4:0. Во овој дел ... Read More »

Ново 4.коло во детската фудбалска лига ( распоред)

71152966_2445318622181636_2351348565671936_n

Претстојниов викенд на програмата е 4.коло во детската фудбалска лига, во кое нема да се играат натпревари само кај генерацијата родени 2008 година. Генерациите родени 2007 и 2009 година своите натпревари ќе ги играат во недела , додека генерациите 2010 и 2011 ќе настапат во сабота. Вака изгледа распоредот и термините за мечевите на вардаровите генерации: Вардар (1) генер. 2007 ... Read More »