Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња (page 63)

Петлиња

Вардар го доби дербито против Работнички, генер. 2005 стигна до нов триумф во регионалната-скопска лига

3

Генерацијата 2005 на ФК Вардар го доби дербито со екипата на Работнички, на натпревар од 4.коло во регионалната-скопска лига. Попладнево на теренот на Академијата нашите млади надежи го совладаа градскиот ривал со резултат 3:0. Тренерот Петковски го стартуваше ова дерби со следните 11-сетмина: Филевски, Јакимовски, Таневски, Кулуковски, Јованоски, Спасиќ, Величковски (c), Цветков, Антевски, Дошев и Серафимов. Вардар тргна офанзивно, а ... Read More »

(ФОТО) Нови натпревари за генер. 2011 на ФК Вардар во детската лига

5

Генерацијата 2011 на ФК Вардар денес одигра ново коло во детската фудбалска лига, на кои имаше еден пораз и нерешен резултат. Во еден интересен натпревар, Вардар (1) доживеа минимален пораз од екипата на Албарса, со конечен резултат од 2:3. Головите за Вардар ги постигнаа Борјан Костовски и Огнен Божиновски. Вардар (2) за противник ја имаше екипата на Биџо, со која ... Read More »

ФК Вардар генер.2006 во градското дерби го совлада Работнички со минимални 1-0

b4

Вардар во градското дерби во рамки на регионалната лига во генерација родени 2006 година го совлада Работнички, со минимални 1-0. Момците на Филип Спасески дојдоа до нова победа во меч во кој ние имавме доминација на теренот. Ние го започнавме овој дуел со следните момци: Данстак, Нурединовски, Порчу, Јанковски, Спасовски, Ајетовиќ, Величковски, Алији, Цониќ и Николовски. Ние имавме иницијатива за ... Read More »

Момците на Колев повторно редат успеси, Вардар ген.2010 со две победи

71889620_10215365265827062_5436726025985720320_n

ФК Вардар ген.2010 денес се одигра два напревари во детската лига, момците на Колев Влатко забележаа две победи во соочувањата со ривалот.    ФК Вардар(1) го совлада тимот на ФК Драчево со високи 10-1. Нападнавме по првата судиска свирка, рано отворивме со гол за 1-0, стрелец на истиот беше Марко Јовановски кој погоди од половина терен. Нашата офанзивна игра беше ... Read More »

Продолжува победничката серија за момците на Георгиевски, генер. 2008 на ФК Вардар со две нови победи во детската лига

3

Генерацијата 2008 на ФК Вардар денес одигра ново коло во рамките на детската лига. Избраниците на Петар Георгиевски беа убедливи во дуелите со екипите на Скупи и Њу Старс. Вардар (1) за противник ја имаше екипата на Скупи, која ја совлада убедливо со резултат 4:2. Интересно, први во водство беа екипата на Скупи, која успеа да го отвори резултатот за ... Read More »

ФК Вардар генер. 2007 и 2008 одигра пријателски натпревари со Реал Ниш

72615140_2664845953538350_3009858075390640128_n

Две генерации на фудбалскиот клуб Вардар вчера беа гости на екипата на Реал Ниш, противник со кој одигравме два пријателски натпревари. Настапивме со генерациите родени 2007 и 2008 година, дуели на кој имавме половичен успех. Мечевите се играа на голем терен со 10+1 играчи на теренот. Генерацијата 2008 на Вардар беше поразена од Реал Ниш, со резултат 4:2. Во оваа ... Read More »

(Фотогалерија) Генерација 2011 одигра мечеви против Смилковци и Скупи

10

Генерацијата 2011 на ФК Вардар оствари една победа и пораз во 4.коло од детската лига. Вардар (1) го победи тимот на Смилковци, додека Вардар (2) беа поразени од екипата на Скупи. Извештајот од натпреварите можете да го прочитате на линкот, ТУКА. Погледнете 34 фотографии од двата дуели на генерација 2011. Read More »

Продолжено коло во детската лига, натпревари ќе има и на 11.октомври

18

На 11, 12 и 13.октомври ќе бидат одиграни нови кола во детската лига, по две за генерациите 2008, 2010 и 2011. Активни ќе бидат сите генерации на Вардар кои ќе одиграат нови натпревари. Вака изгледа распоредот на одигрување натпревари за генерациите на Вардар: Вардар (1) генер.2008 - Скупи  08:30  ( петок) Вардар (2) – Њу Старс 1   09:30      ... Read More »

Во петок, градско фудбалско дерби, помеѓу Вардар и Работнички, кај генерациите 2005 и 2006

1628

Во петок на теренот на Академијата, градското фудбалско дерби во регионалната-скопска лига ќе го одиграат генерациите 2005 и 2006 на ФК Вардар, кои за противник ја имаат екипата на Работнички. Според распоредот, ова е натпревар од 4.коло во ова натпреварување. За генерацијата родени 2005 година ова ќе биде само втор официјален натпревар сезонава. Во првото коло кое се смета за ... Read More »

Генерациите 2007 и 2008 на ФК Вардар во четврток ќе гостуваат на Реал Ниш

28-1

Генерациите на ФК Вардар родени 2007 и 2008 година во четврток во Ниш ќе одиграат приjателски натпревари со соодветните генерации на Реал Ниш од Србија. Станува традиција да играме со Реал Ниш, откако оваа екипа претходно има гостувано неколку пати на Академијата на Вардар. Натпреварите во четврток ќе се одиграат во термините од 12:00 и 14:00 часот. Read More »