Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим (page 302)

Прв тим

(ВИДЕО) Атмосферата по голот на Вардар

komiti

Се до 63. минута тимот на Копенхаген одолеваше на нападите на шампионот на Македонија. Се играше 64. минута, една одбиена топка стигна до Балотели кој биеше прецизно за голема радост како на теренот така и на трибините. Погледнете низ овој видео материјал, како звучеше навивањето од јужната и западната трибина следните две минути по водството на Вардар. Read More »

(ФОТОГАЛЕРИЈА) Вардар продолжува со добри игри во ЛШ, падна и Копенхаген

91

Фудбалерите на Вардар продолжуваат со добри игри во квалификациите од лигата на шампионите. Избраниците на Гоце Седлоски стигнаа до многу важна победа, на првиот натпревар против екипата на Копенхаген. Црвено-црните славеа со резултат 1:0, со погодокот на бразилецот, Балотели. Успеавме да ја зачуваме мрежата незатресена, а притоа да постигнеме гол, што е добра предност, пред реваншот во Данска. Погледнете ја ... Read More »

Вардар треба да биде горд на своите навивачи!

komiti-fkv

ФК Вардар треба да биде горд што има ваква публика крај себе. Навивачите на Вардар, популарните “Комити”, на вчерашниот натпревар беа 12-сетиот играч на тимот и главен мотиватор. Песна комитска одекнуваше од западната трибина во текот на целите 90 минути, по песната од западот, на истата се приклучуваше и преполната јужна трибина. Се на се, одличен амбиент направија навивачите на ... Read More »

Самба на Градски!

fkv

Вардар продолжува да ја живее својата европска фудбалска бајка. Нашите играчи се на само 90. минути од пласман во четвртото коло и испишување на историја. На вчерашниот натпревар против Копенхаген во Скопје, играч на натпреварот беше Џонатан Балотели. Балотели буквално го имаше насекаде по теренот. По постигнатиот погодок во 65. минута, Балотели во свој стил заедно со Фелипе одиграа самба. ... Read More »

Николов: Имаме предност, но не треба да не фаќа еуфорија

vardarfans-nikolov

ФК Вардар ја израдува уште еднашка македонската фудбалска јавност, нашиот тим е пред историски пласман во 4 квалификациско коло во Лигата на шампионите. Еден од главните играчи и на натпреварот против Копенхаген беше Бобан Николов. Николов по овој натпревар изјави: “Најважен фактор е што постигнавме гол, а не примивме. Од самиот старт на натпреварот нашата цел беше да победиме, без ... Read More »

Балотели: Среќен сум што постигнав гол за Вардар во ЛШ, сакам да дадам гол и во Данска

vardarfans-baloteli

Нашиот фудбалски шампион стигна до уште една важна победа, со која се чекор поблиску до историски успех. Избраниците на Гоце Седлоски успеаа да триумфираат на првиот натпревар, против тимот на Копенхаген, минимално со резултат од 1:0. Човекот на одлука, беше Џонатан Балотели кој беше стрелец на единствениот гол за Вардар. Интернационалецот од Бразил беше еден од најдобрите поединци на теренот, ... Read More »

(ВИДЕО) Сите интересни моменти од вчерашниот меч

fkv

ФК Вардар порази уште една екипа од скандинавија, овој пат станува збор за тимот на Копенхаген. Иако данците вредат многу повеќе од нашиот Вардар, “црвено – црните” играчи покажаа дека со срце на терен победата е секогаш тука. Погледнете ги најинтересните моменти од овој натпревар. Вардар можеше и да победи поубедливо, на крајoт мораше да се задоволи со 1:0. Read More »

Гачевски: Свесни сме дека сме на чекор да направиме историја, да играме групна фаза на Лигата на шампионите или Лигата на Европа

vardarfans-gacevski-2

Вардар успеа да излезе како победник, на првиот натпревар од третото квалификациско коло во ЛШ, против екипата на Копенхаген. Само еден гол го реши овој натпревар, кој го постигна Боарето во 65 минута од мечот, за значајна предност од 1:0, пред реваншот во Данска. Црвено-црните мирно ја чекаа својата шанса и тактички го надмудрија противникот, кој не создаде некои посериозни ... Read More »

Солбакен: Вардар беше подобрата екипа, ние правевме многу грешки

vardarfans-kopenhagen

Копенхаген иако се сметаше за фаворит, не успеа да излезе како победник, на првиот натпревар против Вардар. Данците го загубија мечот, минимално со погодокот на Балотели. Сега следува реванш во Копенхаген, кој се игра на 2-ри август, на арената “Телиан Паркен„ . По поразот од Вардар, тренерот на противникот, Солбакен изрази незадоволство од прикажаната игра на неговиот тим, со надеж ... Read More »

Седлоски: Честитки до моите играчи и публиката, која вечерва беше наш 12-ти играч

vardarfans-sedloski

Падна и Копенхаген пред црвено-црните момци и херои. Вардар со предност од 1:0 ќе патува на реваншот во Данска, откако вечерва на арената “Филип Втори„ ја победи екипата Копенхаген. Моментот на одлука се случи во 65 минута кога Балотели успеа да го матира голманот на противникот и да донесе голема радост за Вардарци. До крајот можевме да го зголемиме резултатот, ... Read More »