Sunday ,28 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 (page 111)

У-16

Младите генерации на Фк Вардар, денес го имаа својот прв тренинг

10940490_934007999943699_6387568889343081141_n

Денес официјално беше означен почетокот на подготовките за новата натпреварувачка сезона, за младите фудбалски категории на Вардар. Кадетите и младинците имаа полесен тренинг, кој се состоеше пред се во физичка подготовка со трчање околу кеј. Помладите пионери и пионери својот прв тренинг ќе го имаат во среда. Има некои мали промени во сите категории кои ќе се натпреваруваат во новата ... Read More »

Марко Ѓоргиевски-новата фудбалска ѕвезда (ВИДЕО)

Vardarfans marko

Напаѓачот на помладите пионери Марко Ѓоргиевски ја заврши сезоната како најдобар стрелец во сите младински категории кои се натпреваруваа во домашни рамки. Зад неговото име на крај беа впишани вкупно 37 погодоци и се смета за вистинско откритие изминатава сезона. Марко настапува и за Македонската репрезентација до 15 години. Тој влезе и во нашиот избор на личности кои ја одбележаа ... Read More »

Конечна листа на најдобри стрелци, кај помладите пионери на Фк Вардар.

sken

Помладите пионери ја завршија сезоната како второпласирани, со само еден бод помалку пред првопласираната екипа на Шкупи. Избраниците на Сашо Тодоровски го освоија купот на Македонија, победувајќи ја во големото финале, екипата на Шкендија. Беа доста ефикасни оваа сезона, каде успеаа да постигнат 74 голови. Вака изгледа листата на најдобри стрелци во оваа генерација. 1. Марко Ѓоргиевски 39 2.Јакуп Бериша ... Read More »

Ѓоргиевски, Маркоски, Димков и Петковски ја одбележаа сезоната во младинските категории на Фк Вардар

vardarfans top-4

Заврши сезоната кај младинските категории на фудбалскиот клуб Вардар. Ние како веб сајт кој известува за целото семејство Вардар, ги испративме и овие млади генерации преку целата сезона. Активни беа на нашиот сајт извештаи од нивните натпревари, изјави и интервјуа од играчи и се што беше актуелно и поврзано со нив. На крајот решивме да направиме избор на четири играчи, ... Read More »

Помладите пионери станаа вицешампиони и го освоија купот на Македонија

vardarfans-ramik-644x330

Помладите пионери се втора најуспешна Вардарова генерација, веднаш после кадетите. Иако одиграа одлична сезона, сепак на крајот само за еден бод не успеаа да ја освојат Шампионската титула. Можеби лошиот старт на почетокот на сезоната, каде забележаа два порази во првите два меча, и оној прв пораз во првиот пролетен натпревар, беа пресудни за конечното второ место на табелата. Оваа ... Read More »

Незаборавна сезона за Марко Ѓоргиевски, успеа да постигне неверојатни 37 погодоци

vardarfans-marko1-555x330

Златната “деветка“ на помладите пионери на Фк Вардар Марко Ѓоргиевски е личноста број еден оваа сезона во сите младински категории, од сите клубови кои се натпреваруваа во двете конкуренции. Марко е број еден стрелец, зад неговото име на крај ќе бидат запишани неверојатни вкупно 37 погодоци. Ова е бројка со која ретко кој може да се пофали оваа сезона во ... Read More »

Помладите пионери победија во пријателски натпревар , од денес на заслужен одмор

vardarfans-izjava2-628x330

Помладите пионери на Фк Вардар денес одиграа пријателски натпревар, на кој забележаа победа. Совладана беше екипата на Форца со резултат 3:0. Мечот се одигра на теренот на Локомотива, по 30 минути едно полувреме. Марко Ѓоргиевски повторно не пропушти да се запише во листата на стрелци, а два погодоци даде и Виктор Пешевски. Ова беше последен меч за оваа генерација, која ... Read More »

Помладите пионери ја победија Шкендија, но Шкупи е шампионот во оваа категорија

vardarfans marko

Денеска се одигра и последното првенствено коло кај помладите пионери. Нашите надежи очекувано високо ги победија своите врсници од Шкендија. Натпреварот се одигра на теренот на Локомотива, и заврши со резултат 4:0. Повторно блесна најдобриот стрелец Марко Ѓоргиевски кој постигна хет-трик, еднаш во листата на стрелци се запиша и Мартин Филипоски. Црвено-црните немаа проблеми на денешниот натпревар. Разликата во квалитет ... Read More »

Во среда и четврток се игра последното првенствено коло, кај младите фудбалски категории

10446396_10202485319533999_2083017689_n

Во следните два дена ќе бидат познати Шампионите во првенството на младинските фудбалски категории. Две наши генерации(помлади пионери и кадети) се единствените кои ќе се борат да го освојат првенството, во својата конкуренција. Противник на сите наши генерации е екипата на Шкендија. -Помладите пионери ќе се обидат да забележат победа на дуелот со Шкендија, но истовремено и да чекаат кикс ... Read More »

Помладите пионери ремизираа со Шкупи, шампионот ќе се решава во последното коло

vardarfans-elvir-531x330

Помладите пионери на Фк Вардар одиграа нерешено со екипата на Шкупи. Мечот се одигра на теренот во Чаир и заврши со поделба на бодовите. Конечниот резултат гласеше 1:1. Погодокот за нашиот тим го постигна Марко Ѓоргиевски. Се играше еден тежок натпревар, каде бодовите им беа неопходни и на двата тима. Црвено-црните поведоа со голот на Ѓоргиевски од 1:0 и со ... Read More »