Sunday ,28 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 (page 112)

У-16

Помладите пионери победија против Дрита, титулата ќе се решава во последните два натпревари

vardarfans tz

Помладите пионери немаа поголеми проблеми да остварат триумф на денешниот меч, во рамките на 20 коло од првенството. На домашен терен ги победија своите врсници од Дрита, со резултат 2:0. Стрелци на погодоците беа капитенот Елвир Рамиќ од пенал и Марко Ѓоргиевски. Сосема заслужена победа за оваа генерација, која го контролираше целиот натпревар. Создаде многу прилики за погодок, имаа пет ... Read More »

Елвир Рамиќ: Излеговме на терен да победиме и тоа го остваривме

vardarfans ramik

Нова важна победа во борбата за титулата во првенството, остварија помладите пионери. Вчера на домашен терен ја победија екипата на Дрита со 2:0. По еден гол постигнаа капитенот Рамиќ и најдобриот стрелец Ѓоргиевски. Излеговме на терен со една цел, да ја победиме Дрита. Мислевме дека ќе биде лесен противник но на терен достојно се бореа. Дојдовме во водство со мојот ... Read More »

ВИДЕА-Од победи за сите младински категории на ФК Вардар со Хоризонт Турново

vardarfans 19

Во рамките на 19тото коло во сите четири младински категории нашите надежи се сретнаа со својте  врсници од Хиворизонт Турново. Во сите мечеви убедливи беа победите за нашите момци сите четири дуели ги добивме со огромна предност . Вкупната гол разлика на сите четири дуели изнесува 22 гола позитива, нашите момци дадоа 23 гола а примија само еден погодок . ... Read More »

Во среда и четврток се игра 20 коло, во првенството на младинските категории

11081839_805538002872010_1615484329_n

Остануваат уште три кола до крајот на сезоната во првенството на младинските категории. Во среда и четврток ќе се одигра 20 првенствено коло. Противник на сите Вардарови генерации е екипата на Дрита од Тетово. -Ова коло е посебно важно за помладите пионери кои се во тесна борба за титулата со екипата на Шкупи и Шкендија. Нема друга опција освен победа ... Read More »

Турново недораснат противник за помладите пионери, нашите надежи со висока победа се враќаат од Струмица

Пионерите на Фк Вардар забележаа нова победа во првенството и си ги зголемија шансите за освојување на титулата во својата категорија. Црвено-црните победија со резултат 0:6. Повторно блескаше најдобриот стрелец на оваа генерација, Марко Ѓоргиевски кој постигна 4 голови. Мартин Филипоски и Александар Георгиевски дадоа по еден погодок. Избраниците на Сашо Тодоровски целосно ја оправдаа фаворитската улога на овој дуел. ... Read More »

Екипата на Турново е следниот предизвик за младинските категории на Фк Вардар

10513485_780266848660460_7585684000509323965_n-660x330

Викендов ќе се одигра 19 коло во рамките на националното првенство кај младинските категории. Противник на сите наши екипи, е тимот на Турново. -Помладите пионери по освојување на купот на Македонија, ги очекува нов предизвик во лигата. Во недела гостуваат во Струмица на екипата на Турново. Со оглед дека се во голема борба за титулата, трите бода од овој меч ... Read More »

Мартин Филипоски: Среќен сум што успеав да придонесам за освојување на титулата со постигнатиот решавачки гол

Дури по изведувањето на ударите од белата точка, помладите пионери успеаа да го освојат купот на Македонија. Откако во регуларниот дел , мечот заврши без голови, се пристапи кон изведувањето на пенали. Тука подобро се снајдоа Вардаровите момци, кои дури после 3 серии успеаа да ја совладаат екипата на Шкендија. Еден од јунаците кој последен шутираше и донесе трофеј за ... Read More »

Малик Зибери: Игравме со срце и тоа го покажавме во текот на натпреварот

Вчера на теренот на ФФМ се одигра големото финале во купот на Македонија за помлади пионери. Вардаровата генерација беше подобра од своите врсници од шкендија, дури по изведувањето на удари од белата точка. Во регуларниот дел натпреварот заврши без голови 0:0. Игравме сите со срце и тоа го покажавме во текот на целиот натпревар, кој беше многу цврст. Пропуштивме неколку ... Read More »

Помладите пионери ја потврдија доминацијата и го освоија купот на Македонија

Црвено-црна доминација владее овие два дена во Скопје. Само еден ден откако кадетите го освоија купот, победувајќи во финалето против Работнички, истиот успех денес го повторија и помладите пионери. Дури по изведувањето на удари од белата точка успеаа да слават во големото финале, против екипата на Шкендија и да го подигнат трофејот. Конечниот исход по изведувањето на пенали беше 9:8. ... Read More »

Марко Ѓоргиевски го реши Милано, помладите пионери забележаа убедлив триумф

vardarfans-marko-629x330

Денеска се одигра 18 коло во првенството на младинските фудбалски категории. Помладите пионери веќе ја завршија својата работа, совладувајќи ја убедливо екипата на Милано со резултат 4:1. Најдобриот стрелец на оваа генерација, продолжува безпрекорно да ги треси противничките мрежи. Тимот на Милано беше тимот што настрада од неговите голгетерски можности. Сите четири погодоци беа запишани зад името на Марко Ѓоргиевски. ... Read More »