Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 (page 28)

У-16

Вујадин Станојковиќ повика четворица вардарци, за претстојниот тренинг камп на Македонија У16

264545714_4579433482103462_1143838030135112705_n

Македонската фудбалска репрезентација до 16 години во периодот од 13-19.декември ќе одработи тренинг камп во Кичево. Селекторот на оваа млада репрезентација, Вујадин Станојковиќ, повика и четворица играчи од редовите на Вардар. Се работи за Дарко Сековски, Нуман Ајетовиќ, Алтин Алији и Андреј Величковски. Сите споменати се дел од помладите пионери на ФК Вардар и се меѓу стартерите во оваа генерација ... Read More »

Последно есенско младинско коло, Вардар ќе игра со екипата на Пелистер

264781929_4579428432103967_1008779947933260956_n

Претстојниов викенд ќе се одигра последното коло во есенскиот дел од сезоната во младите фудбалски лиги. Вардаровите генерации за противник ја имаат екипата на Пелистер, во рамките на 10.коло. Во сабота, пионерските екипи ќе гостуваат во Битола, на Градскиот стадион „Под Тумбе Кафе“. Натпреварите ќе започнат во термините од 10:00 и 12:00 часот. Во недела на спортскиот комплекс во Хиподром, ... Read More »

(Фотогалерија) Седма сезонска победа за пом.пионери на ФК Вардар

naslovna

Во рамките на 9.првенствено коло, помладите пионери на ФК Вардар го добија дербито против екипата на А.Пандев. Избраниците на Саше Божиноски славеа победа со резултат 2:0 (0:0) со голови во вториот дел од натпреварот. Извештај од дуелот можете да прочитате на линкот, ТУКА. Нашиот медиум беше присутен на натпреварот од кој ви носи фотогалерија.   Read More »

Нови три бода за помладите пионери, победа во дербито со Академија Пандев

naslovna

Помладите пионери на ФК Вардар се вратија на победите во лигата. Утрово на теренот во населбата Хиподром, во рамките на вонредното 9.коло, црвено-црните ја победија екипата на Академија Пандев со резултат 2:0 (0:0). Тренерот Божиноски започна со следниве 11-сетмина: Краљевски, Николов, Миовски, Јанкоски, Порчу (К), Ајетовиќ, Величковски, Нурединовски, Николовски, Лефковски и Сековски.  Првото полувреме помина без некоја сериозна прилика за ... Read More »

Вардар на „мегдан“ со А.Пандев, ново вонредно младинско коло

262468584_4566854973361313_7347749394412005632_n

Ново вонредно коло во младинските фудбалски лиги, кое ќе се одигра во наредниве денови. За Вардар на програмата е дербито од 9.коло со екипата на Академија Пандев. Во среда, пионерските екипи на спортскиот комплекс во населбата Хиподром се домаќини на Академија Пандев. Натпреварите ќе започнат од 10:00 и 12:00 часот. Во четврток, кадетите и младинците ќе патуваат за Струмица, каде ... Read More »

Преглед на 8.младинско коло, Вардар подобар од Шкупи

naslovna

Вардар освои вкупно 9 од можнисте 12 бодови, на натпреварите од 8.коло во младинските лиги. До победи стигнаа три наши генерации, тоа се пионерите, кадетите и младинците, додека единствениот пораз го доживеавме со помладите пионери. Кадетите стигнаа до втората победа во серија, вкупно трета сезонава за нив, исто толку имаат и пионерите, додека младинците ја забележаа и седмата сезонска победа, ... Read More »

Победа за враќање на самодовербата кај пионерите, помладите пионери на Вардар со прв пораз сезонава од Шкупи

38

Нашите пионерски екипи денес гостуваа на екипата на Шкупи, на натпреварите од 8.првенствено коло. Остваривме половичен успех од една победа и пораз. Помладите пионери после осум одиграни натпревари го претрпеа првиот пораз сезонава. Шкупи беше подобар кој на крајот славеше победа со резултат од 3:2. Уште во 2.минута од натпреварот домашниот тим успеа да го отвори резултатот, за во 28.минута ... Read More »

Вардар против Шкупи, во рамките на 8.младинско коло

110

Во недела, младите екипи на фудбалскиот клуб Вардар ќе го одиграат 8.првенствено коло, во кое за противник ја имаме екипата на Шкупи. Сите натпревари со екипата на Шкупи ќе се одиграат во недела. Пионерските екипи ќе гостуваат на теренот во Бутел, со почеток од 11:00 и 13:00 часот, додека кадетите и младинците на теренот во Хиподром се домаќини на овој ... Read More »

(Фотогалерија) Пом.пионери со високи 5:0 ја совладаа Македонија ЃП

262953246_10220618942325691_4265599802885243153_n

Вчера, помладите пионери на ФК Вардар  беа домаќини на ФК Македонија Ѓорче Петров, на натпревар од вонредното 7.коло. На дуелот кој се одигра на „Тренинг кампот во Хиподром “  нашите момци беа доминанти и со резултат 5-0 (3-0) дојдоа до победа на овој дуел, извештај од дуелот-тука, во продолжение фотографии.   Read More »

Во младинските лиги, Вардар е лидер со помладите пионери и младинците

262377093_10220618940125636_447367122672068280_n

Претстојниов викенд ќе продолжат натпреварите во младинските фудбалски лиги, а ние во овој текст ќе ги изнесеме табелите после седум некомплетни одиграни кола. Вардар ги одигра сите седум натпревари во сите четири категории, што не е случај и со другите екипи. Секако Вардар се уште го немал за противник тимот на Куманово Еуроспорт, кој сезонава се откажа од натпреварувањето, па ... Read More »