Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 (page 73)

У-16

Импресивна сезона за пом.пионери на ФК Вардар, единствената генерација која стана шампион во повозрасните категории

3214-660x330

Пред нас е натпреварувачката сезона 2017/18 во првенството на младинските фудбалски категории. Вообичаено како претходните, така и на крајот од оваа сезона ќе направиме преглед на сезоната за секоја генерација на ФК Вардар, која се натпреваруваше во првенството и купот. Ќе започнеме со шампионите, единствените кои успеаа да освојат трофеј во повозрасните категории, а тоа се помладите пионери, или генерацијата ... Read More »

Петлињата на Вардар доминираа, повозрасните целосно потфрлија, во сезоната која е веќе зад нас

34366329_1865925516798930_6532458048181501952_n

Пред нас е уште една натпреварувачка сезона во младинските фудбалски категории. По одигрување на денешните завршни натпревари во детската лига, уште еднаш се покажа дека доминираме кај петлињата, што беше случај и минатата сезона. Петлињата доминираа, но целосно потфрлија повозрасните младински категории на клубот, тука се мисли пред се на генерациите родени “2001“ (пионери), “2000“ ( кадети) и “1999“ ( ... Read More »

(Фотогалерија) Пом.пионери на ФК Вардар и Македонија Ѓ.П одиграа со нерешен резултат во последното коло

4

Помладите пионери на ФК Вардар се шампиони на Македонија, во својата генерација. Во средата беше одиграно последното коло, на теренот на Академијата ја пречекавме екипата на Македонија Ѓ.П, против која одигравме со нерешен резултат од 1:1. Погледнете ја фотогалеријата од овој натпревар. Read More »

Играчот на Вардар, Атом Фазлиу, доби награда од општина Куманово, за спортски достигнувања и успеси

Играчот на помладите пионери на ФК Вардар, Атом Фазлиу доби награда и признание за посебни спортски достигнувања и успеси во екипни и поединечни спортски дисциплини на поединци и клубови од општината Куманово. Признанието им го додели Општинскиот сојуз на спортови која секоја години доделува вакви награди. Атом успеа со помладите пионери на Вардар да ја освои шампионската титула во првенството. Тој ... Read More »

Две победи за Македонија против Словенија, пет играчи од Вардар добија минутажа на овие контролни дуели

Изминативе денови, македонската фудбалска репрезентација до 16 години одигра два контролни натпревари со соодветната селекција на Словенија. Мечевите се одиграа на трениг центарот “Петар Милошевски“ и двата им припаднаа на Македонија. За овие дуели настапија и пет играчи од ФК Вардар, кои добија своја минутажа од селекторот на оваа селекција, Марио Вујовиќ. На денешниот меч на кој славевме со 2:0, ... Read More »

(Фотогалерија) Пехарот во рацете на шампионите, пом.пионери на ФК Вардар “крунисани“

32

Денес по крајот на последното коло во лигата, помладите пионери на ФК Вардар кои на доминантен начин стигнаа до титулата во лигата го добија пехарот. По одиграниот натпревар на домашен терен со Македонија ЃП преставникот на ФФМ им го врачи големиот пехар. Момците на Сашо Тодоровски- Раптап одиграа перфектна сезона и заслужено беа “златни“. Во 27 натпревари тие дојдоа до ... Read More »

Пом.пионери на ФК Вардар во последното коло од шампионската сезона одиграа реми со Македонија Ѓ.П

a2

Денес на теренот на Академијата се одигра последното  првенствено коло кај генерацијата родени “2002“ година. Како што е познато од претходно помладите пионери успеаа да станат шампиони во оваа возрасна категорија. Тие утрово на теренот на Академијата одиграа реми во  дуелот со Македонија Ѓ.П и на тој начин успешно ја заокружија оваа сезона. Конечниот резултат на овој дуел гласеше 1-1 (0-0). ... Read More »

Пет играчи од ФК Вардар, дел од младинската репрезентација до 16 години, за контролните дуели против Словенија

Денес и во четврток на тренинг центарот “Петар Милошевски“ контролни натпревари ќе одигра Македонската фудбалска репрезентација до 16 години, која за противник ќе ја има соодветната селекција на Словенија. Селекторот на оваа селекција, Марио Вујовиќ за овие контролни дуели повика пет играчи од Вардар. Се работи за Азер Омерагиќ, Филип Андоновски, Фисник Салиу, Александар Ѓурковски и Али Асани. Денешниот дуел ... Read More »

Во среда и четврток ќе се одигра последното 27 првенствено коло, Македониија Ѓ.П е противник за вардаровите генерации

1916

Во среда и четврток ќе се одигра последното 27 коло во првенството на младинските фудбалски категории, противник за вардаровите екипи е Македонија Ѓ.П. Пионерските екипи во среда се домаќини на теренот на Академијата, додека кадетите и младинците во четврток ќе гостуваат на теренот во Ѓорче. Помладите пионери после завршување на овој натпревар ќе го добијат трофејот за освоеното прво место. ... Read More »

Пионерските екипи на ФК Вардар убедливи на гостувањето против екипата на Милано

363-660x330

Пионерските екипи на ФК Вардар славеа на гостувањето во Куманово, во рамките на претпоследното првенствено коло. Тие попладнево ја совладаа екипата на Милано. Помладите пионери славеа нов триумф, овој пат со резултат од 0:4. Тренерот Тодоровски на овој дуел настапи со комбиниран состав, од ииграчи кои се родени “2002“ и “2003“ година. Вардар: Величковски, Демири, Крстевски, Костовски, Радуловиќ-Величковиќ. Фазлиу, Алими, ... Read More »