Wednesday ,08 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-17 (page 85)

У-17

(ФОТО) Пионерите на Вардар победнички под будното око на Панчев

Денеска нов натпревар во рамките на пионерската лига одиграа играчите на Вардар, тие во оваа рунда ја пречекаа штипска Брегалница. Овој натпревар нашиот тим го доби со резултат 4:1 (1:1). Иако Вардар губеше се до финишот на првиот дел, сепак на крајот успеа да слави лесна победа. Треба да се напомене дека и новиот спортски дирекот на ФК Вардар Панчев, ... Read More »

Четворица играчи на ФК Вардар дел од репрезентацијата до 18 години, за контролните натпревари против Азербејџан

Македонската фудбалска репрезентација до 18 години во наредниов период ќе одигра два контролни натпревари против соодветната селекција. Мечевите ќе се одиграат на 11 и 13-ти април во Баку. За овие натпревари, селекторот Вујадин Станојковиќ повика и четири играчи од фудбалскиот клуб Вардар. Се работи за Филип Антовски кој настапува за пионерите, како и Филип Стојчевски, Тодор Тодоровски и Бојан Колевски ... Read More »

Пионерските екипи домаќини на Брегалница, кадетите и младинците гостуваат во Штип

Во сабота и недела ќе се одигра 16 првенствено коло кај младинските фудбалски категории. Пионерските екипи во недела се домаќини на екипата на Брегалница, додека кадетите и младинците во сабота ќе гостуваат во Штип на истиов противник. Помладите пионери својот натпревар против Брегалница го играат во недела на теренот на академијата од 10 часот. Оваа генерација е во подем, откако ... Read More »

Пионерите ги губат шансите за титулата, помладите се во подем, додека кадетите и младинците во тесна борба за титулата

Пред нас е 15 коло во првенството на младинските фудбалски категории. Во саботата Вардаровите екипи одиграа мечеви со Победа од Прилеп и забележаа три победи и еден пораз. Помладите пионери стигнаа до третата победа во пролетниот дел од сезоната, откако триумфираа на гостувањето во Прилеп. Полека но сигурно оваа генерација предводена од Сашо Јанев го фаќа потребниот ритам. Со два ... Read More »

Висока победа за пом.пионери на Вардар и минимален пораз за пионерите на гостувањето во Прилеп

Денес во Прилеп кај екипата на ФК Победа гостуваа двете пионерски екипи на црвено-црните. Помладите пионери во меч од лигата дојдоа до победа над врсниците од Пелагонија. Момците на Јанев триумфираа со резултат 0-3 (0-2).  Вардар овој меч го стартуваше со следните момци: Андов, Ѓурковски, Мирчевски, Асенов, Манасиевски, Бојковски, Апостоловски, Димоски, Илиевски, Астарџиев и Спировски. Ние тргнавме уште од првата ... Read More »

Победа од Прилеп е противник за младите Вардаровите екипи во 15 првенствено коло

Во сабота ќе се одигра 15 коло во првенството на младинските фудбалски категории, а противник за Вардарци ќе биде екипата на Прилеп. Пионерските екипи ќе гостуваат во Прилеп во термините од 11 и 13 часот, додека во исто време на теренот во населбата Јане Сандански своите натпревари ќе ги одиграат кадетите и младинците. Доколку сакаат да ги одржат шансите за ... Read More »

Две победи, еден нерешен резултат и пораз за младинските екипи на ФК Вардар во дуелите со Милано

20

Изминатиов викенд се одигра 14 коло во првенството на младинските фудбалски категории. Противник за Вардаровите генерации беше екипата на Милано од Куманово. Забележавме две победи, еден нерешен резултат и еден пораз. Помладите пионери стигнаа до втората домашна победа во пролетниот дел од сезоната, откако на домашен терем минимално ја победија екипата на Милано (1:0). Стрелец на единствениот гол беше Мартин ... Read More »

Александар Ѓорѓиески: Среќен сум за двата постигнати голови кои придонесоа за триумф, а уште посреќен за играта и резултатот на тимот

Прва победа за пионерите на ФК Вардар во пролетниот дел од сезоната. Изминатиов викенд избраниците на Сашо Тодоровски го одиграа 14 првенствено коло во кое беа подобри од екипата на Милано. Сите дилеми околу освојување на трите бода беа решени уште во првото полувреме, кога црвено-црните имаа убедливо водство од 3:0. Овој резултат се покажа и како конечен на крајот ... Read More »

(Фотогалерија) Пионерите на ФК Вардар повторно на победнички “колосек“, падна Милано

29

Денес пионерите на фудбалскиот клуб Вардар се вратија на победите во лигата, откако  во рамките на 14 првенствено коло беа подобри од екипата на Милано од Куманово. Конечниот резултат на овој натпревар гласеше 3:0 за избраниците на Сашо Тодоровски. Read More »

Пионерите се вратија на победите во лигата, убедливо совладан Милано на домашен терен

vardarfans-naslovna-2

Пионерите на фудбалскиот клуб Вардар се вратија на победите во лигата, откако денес во рамките на 14 првенствено коло беа подобри од екипата на Милано. Конечниот резултат на овој натпревар гласеше 3:0. Тренерот Тодоровски стартуваше со следниве 11-сетмина: Тимески, Ѓорѓиески, Димов, Калчиноски, Адем, Наумчески, Дарлишта, Битиќи, Реџепи, Каркалашев-Трајковски, Благојевиќ. Брзо го отворивме резултатот на овој меч и поведовме со 1:0 ... Read More »