Saturday ,04 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-17 (page 92)

У-17

Антовски, Велковски и Бериша забележаа настап за репрезентацијата У -17 на двомечот со Словенија, Велковски атрактивно одбрани пенал

Нашата фудбалска репрезентација до 17 години одигра  два контролни натпревари против соодветната селекција на Словенија, истите се играа теренот на  тренинг центарот “Петар Милошевски“ . Овие натпревари се подготовка за квалификацискиот турнир, кој во периодот од 26-31 октомври ќе се игра во Италија. Селекторот Добринко Илиевски во составот на црвено-жолтите повика тројца играчи на ФК Вардар, голманот Методија Велковски и неговите соиграчи од пионерската екипа, Филип ... Read More »

Три победи и нерешен резултат во дуелите со Брегалница

Изминатиов викенд се одигра петтото коло во првенството на младинските фудбалски категории. Вардаровите генерации за противник ја имаа екипата на Брегалница од Штип. Беа забележани три победи и еден нерешен резултат. Помладите пионери полека влегуваат во посакуваната форма, остварувајќи две убедливи победи на последните меча. Постигнаа вкупно девет голови на два меча, што говори за нивната ефикасност. Во неделаа ја ... Read More »

Велковски, Антовски и Бериша повикани во фудбалската репрезентација до 17 години, за контролните дуели со Словенија

Македонската фудбалска репрезентација до 17 години утре и во четврток ќе одигра два контролни натпреаври против соодветната селекција на Словенија. Мечевите ќе бидат одиграни на тренинг центарот Петар Милошевски со почеток од 15 часот. Овие натпревари се подготовка за квалификациксиот турнир, кој во периодот од 26-31 октомври ќе се игра во Италија. За претстојните натпревари против Словенија, селекторот Добринко Илиевски ... Read More »

Победа и нерешен резултат за пионерските екипи на ФК Вардар, на гостувањето против Брегалница

Денес своите натпревари од петтото коло во првенството на младинските фудбалски категории ги одиграа и пионерските екипи на ФК Вардар. Тие гостуваа во Штип на екипата на Брегалница. Една победа и еден нерешен резултат е исходот од нивните дуели. Тренерот Сашо Јанев го започна мечот со следниве 11-сетмина: Рамадани, Ѓурковски, Мирчевски, Ристески, Манасиевски, Бојковски, Петксоки, Димоски, Ариф, Астарџиев, Николов. Помладите ... Read More »

Вардаровите екипи против Брегалница, во очекување да ја продолжат победничката серија

Претстојниов викенд ќе се одиграат натпреварите од петтото коло во првенството на младинските фудбалски катеогории. Брегалница од Штип ќе биде следниот противник за Вардаровите екипи во рамките на ова првенствено коло. Пионерските екипи на Вардар своите натпревари ќе ги одиграат во недела, со почеток од 11 и 13 часот на гостински терен. Помладите пионери имаат две победи, еден нерешен резултат ... Read More »

Јакуп Бериша: Среќен сум што постигнав три гола, но најважно е што екипата победува

Продолжуваат добрите игри во новата сезона за пионерите на ФК Вардар. Избраниците на Сашо Тодоровски ја забележаа четвртата победа од исто толку одиграни натпревари и со максимални 12 освоени бодови се наоѓаат на првото место на табелата. Противник во ова коло ни беше екипата на Победа од Прилеп, која ја пречекавме на новата академија. Црвено-црните во целост ја оправдаа фаворитската ... Read More »

(Фотогалерија) Пионерите незнаат за пораз, прилепска Победа нова “жртва“

Вчера на теренот на Академијата на ФК Вардар пионерите  се сретнаа  во првенствен меч од 4.коло во пионерската лига со екипата на ФК Победа од Прилеп. Избраниците на Сашо Тодоровски остварија победа со резулат 4-1 (3-1). Ова беше четврта победа во четвртиот дуел за оваа генерација во сезонава, стрелци на головите беа Јакуп Бериша (3) и Марко Ѓорѓиевски (1). Во продолжение ... Read More »

Пионерите високо ја совладаа Победа, момците на Тодоровски имаат 4 од 4 во лигата

На теренот на Академијата на фудбалскиот клуб Вардар пионерите на црвено-црните се сретнаа со екипата на ФК Победа од Прилеп. Нашите момци избраниците на Сашо Тодоровски остварија победа со резулат 4-1 (3-1). Ова беше четврта победа во четвртиот дуел за оваа генерација во сезонава 2016/2017 во пионерската лига. Мечот го почнавме со Мето Велковски на голот, во составот беа Каркалашев-Трајковски ... Read More »

Победа од Прилеп ќе биде противник на Вардаровите фудбалски генерации, во рамките на 4 коло од лигата

Во сабота продолжуваат натпреварите од четвртото коло во првенството на младинските фудбалски категории. Противник за сите Вардарови генерации ќе биде екипата на Победа од Прилеп. Помладите пионери ќе бидат домаќини на своите врсници од Победа. Во минататото коло оваа наша генерација ремизираше со екипата на Милано. Минатата сезона забележавме победа и нерешен резултат во дуелите со овој противник. На гостувањето ... Read More »

Вардаровите генерации продолжуваат со добри игри во новата сезона, три победи и нерешен резултат во дуелите со Милано

Иминатиов викенд се одигра треттото коло во првенството на младинските фудбалски категории. Вардаровите генерации со три победи и еден нерешен резултат во дуелите со Милано го одбележаа ова коло. Единствено кои не победија беа помладите пионери, кои одиграа без голови 0:0 на гостувањето во Куманово. Иако имавме неколку шанси, сеоак до крајот резултатот остана непроменет. По три одиграни кола оваа ... Read More »