Saturday ,13 July 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-17 (page 96)

У-17

Пионерските екипи и кадетите на ФК Вардар од утре на подготовки во Струга

vardarfans-101

Три Вардарови генерации од утре заминуваат на седумдневни подготовки во Струга. Двете пионерски екипи и кадетите, главниот дел од припремите пред почетокот на новата натпреварувачка сезона ќе ги одработат во Струга. Веќе е познато дека изминатиов период се тренираше на академијата, најчесто по еден тренинг во текот на денот. Сеуште се склопува мозаикот на екипите, како треба да изгледаат во ... Read More »

Кадетите подобри од пионерите на ФК Вардар, на меѓусебен контролен натпревар

45

Стартуваа подготовките за новата натпреварувачка сезона за младинските фудбалски категории, кои  веќе полека започнаа да ја темпираат формата за новите предизвици кои им следат. Меѓусебен контролен натпревар на академијата одиграа пионерите и кадетите на фудбалскиот клуб Вардар. Очекувано подобри беа повозрасните, кадетите на Влатко Колев ги надиграа пионерите на Тодоровски. Ова беше прв натпревар за двете екипи во овој подготвителен ... Read More »

Младинските фудбалски категории започнуваат со тренинзи, како увертира за предизвиците кои им следат во новата сезона

vardarfans-52-660x330

Младинските категории на фудбалскиот клуб Вардар ги започнуваат подготовките за новата натпреварувачка сезона, кои најпрво ќе се одвиваат на новата академија Први кои стартуваа со тренинзи е младинскиот состав предводен од тренерот Љупчо Марковски. Инаку оваа највозрасна генерација ќе го брани трофејот освоен во првенството, за минатата сезона. Денес со почеток од 10:00 часот својот прв тренинг ќе го одржаа ... Read More »

Нема промени во однос на возрасните генерации и тренери кај Вардаровите младински екипи кои се натпреваруваат во лигата и купот

13244652_1030889026957943_8678136897322949330_n

Во натпреварувачката сезона 2016/17 во првенството и купот на младинските фудбалски категории нема промени во возрасните генерации, односно остануваат со исто годиште како и изминатава сезона. Така генерацијата родени “2001“ остануваат како помлади пионери со тренерот Сашо Јанев, генерацијата “2000“ продолжува да се натпреварува како пионери и следната година под водство на тренерот Сашо Тодоровски. Да потсетиме дека оваа генерација ... Read More »

Сашо Милошевски: Младинската школа функционира како едно семејство и затоа резултатите не изостануваат

Стручниот тим одговорен за успехот!

Финишираше една успешна сезона за младинските категории на фудбалскиот клуб Вардар, кои освоија вкупно три трофеи, иако бевме во борба за уште неколку. Помладите пионери станаа вицешампиони со само еден бод помалку од првопласираниот. Пионерите стигнаа до двојната титула, кадетите и младинците играа финале на куп, а младинскиот состав го освои и првенството. Како помина сезона во младинските категории ќе ... Read More »

(ФОТО) Блесокот на пехарите “сведочи“ за одличната сезона на младинските екипи на ФК Вардар

vardarfans pioneri

Во текот на вчерашниот ден на академијата се одржа заедничко сликање на сите младински категории во фудбалскиот клуб Вардар, по повод завршување на уште една натпреварувачка сезона. Единстено недостасуваа младинците предводени од тренерот Љупчо Марковски. Беа прикажани и освоените трофеи за оваа сезона. Ние како медиум кои цела сезона бевме верна сенка на нивните натпревари, присуствувавме и на оваа завршна ... Read More »

(ФОТО) Успешна година за школата на ФК Вардар, бројните трофеи доказ за тоа

3

Навистина успешна сезона е зад младинската школа на фудбалскиот клуб Вардар. Повторно како некогаш, силно светна ѕвездата на оваа најважна школа во македонскиот клубски фудбал. Годинава е голем доказ, голем број трофеи завршија во рацете на црвено-црните надежи. Освен трофеите, во Вардаровата школа надзираат и голем број на таленти, кои би можеле со сигруност да кажеме, дека во иднина може да бидат ... Read More »

Сашо Тодоровски: Најзаслужни за двојната титула се децата, а наша цел е да создаваме играчи за првиот тим на ФК Вардар

Сашо Тодоровски со пионерите освои “двојна круна“

Пионерите на фудбалскиот клуб Вардар се освојувачи на двојната круна за натпреварувачката сезона 2015/2016. Тие успеаа да ги обединат двата трофеи од првенството и купот и да станат најуспешната Вардарова генерација оваа сезона. Тренерот на екипата Сашо Тодоровски дојде на кормилото на оваа генерација во јануари минатата година, пред почетокот на пролетниот дел од сезоната, откако на клупата го наследи ... Read More »

(ФОТО) Кадетите во финишот успеаа да погодат за минимална победа над пионерите

10

На теренот на Фудбалската Академијата на ФК  Вардар во текот на вчерашниот ден младинските категории на Вардар одиграа меѓусебни контролни натпревари. Помладите пионери беа поделени на две екипи, додека пионерите и кадетите спарингуваа меѓу себе. Истиве генерации требаше да одиграат пријателски мечеви со екипата на Брегалница од Штип, која не допатува во Скопје од оправдани причини. Првото полуврме од 40 ... Read More »

Контролни натпревари за Вардаровите екипи против Брегалница

vardardans-12

Утре на академијата на фудбалскиот клуб Вардар, контролни натпревари ќе одиграат шест Вардарови генерации. Противник на сите ќе бидат врсниците на Брегалница од Штип. Ова воедно ќе бидат последни мечеви за оваа натпреварувачка сезона, по што ќе следи заслужен одмор за црвено-црните генерации. Во утринската програма ќе настапат пионерските екипи и кадетите, додека во попладневните часови настапи ќе имаат генерациите ... Read More »