Monday ,20 May 2024
Последни:
Home > Фотогалерии (page 46)

Фотогалерии

(Фотогалерија) Пионерите со „петарда“ во мрежата ја испратија Шкендија дома

2

Пионерите на ФК Вардар со убедлив триумф ја започнаа сезоната во пионерската супер лига. Иако се очекуваше да биде дерби мечот со екипата на Шкендија, немаше ништо од тоа, со оглед дека нашите млади надежи со „петарда“ во мрежата ја испратија Шкендија во Тетово. Георг Стојановски, Алек Сељанац, Петар Давидовски, Антонио Мирков и Лео Андрески беа стрелци на головите. Погледнете ... Read More »

(Фотогалерија) Втор натпреварувачки ден на турнирот „Кул Куп“

7

Во текот на вчерашниот ден се одиграа нови натпревари во групната фаза на турнирот „Кул Куп“, по што беа познати екипите кои продолжуваат во четврт-финалето. Вардар со сите четири генерации ги продолжуваат настапите на турнирот. Од вчерашниот ден ви носиме фотогалерии од следните натпревари: Вардар ( генер. 2007) – Цементарница 3:0 Вардар ( генер. 2008) – Спорт Ефе  0:0 Вардар ... Read More »

(Фотогалерија) Поделба на бодовите, пом.пионери на Вардар и Шкендија одиграа со нерешен резултат

33

Помладите пионери на ФК Вардар во текот на вчерашниот ден го одиграа дербито од 2.коло против екипата на Шкендија. Мечот се одигра на теренот на Академијата и заврши со нерешен резултат (2:2). Двата гола за Вардар беа дело на Бесар Гуџуфи. Погледнете ја фотогалеријата од овој дерби меч во рамките на помладата пионерска супер лига. Read More »

(Фотогалерија) Второ коло на турнирот „Кул Куп“ за генерациите 2007 и 2009 на ФК Вардар

24

Генерациите 2007 и 2009 во текот на вчерашниот ден го одиграа и второто коло на турнирот „Кул Куп“. Генерацијата 2007 го победи Драчево Јуниор (3:0) и стигна до вториот триумф, додека генерација 2009 ремизираше во дуелот со екипата на Прилеп-Тони-Прилеп (1:1). Погледнете фотографии од двата натпревари на нашите генерации. Read More »

(Фотогалерија) ФК Вардар генер. 2006 го победи Тиквеш и го освои турнирот „Гази Баба Куп“

20

Генерацијата 2006 на ФК Вардар го освои турнирот „Гази Баба Куп“. На целокупниот турнир одигравме пет натпревари и забележавме исто толу победи. Во големото финале, избраниците на Спасески ја победија екипата на Тиквеш (2:1). Погледнете ја нашата фотогалерија од финалниот дуел. Read More »

(Фотогалерија) Младеновски му донесе финале на ФК Вардар генер. 2007 на турнирот „Гази Баба Куп“

8

Генерацијата 2007 на ФК Вардар успеа да го освои турнирот „Гази Баба Куп 2019“. Во големото финале, избраниците на „Чунга Лунга“ беа подобри од екипата на Талент од Битола, после изведување на удари од белата точка откако во регуларниот дел мечот заврши со нерешен резултат 1:1. Претходно во полуфиналето со голот на Стефан Младеновски ја совладавме екипата на Кул. Погледнете ... Read More »

(Фотогалерија) ФК Вардар генер. 2010 го победи Спорт Ефе и освои 3. место на „Гази Баба Куп“

3

Трето место за генерацијата 2010 на турнирот „Гази Баба Куп 2019“. Во малото финале, избраниците на Влатко Колев ја победија екипата на Спорт Ефе (3:0) и на тој начин го освоија бронзениот медал. Погледнете фотографии од мечот за третото место. Read More »

1/2 финале: „Гази Баба Куп“ ФК Вардар генер. 2006 подобра од Шкендија

14

Генерацијата 2006 на Филип Спасески со трофеј ја започна новата сезона, откако го освои турнирот „Гази Баба Куп“. На целокупниот турнир одигравме вкупно пет натпревари и забележавме исто толку победи. Во полуфиналето ја победивме екипата на Шкендија (1:0). Погледнете фотогалерија токму од овој дуел кој се одигра на теренот во населбата Јане Сандански. Read More »

(Фотогалерија) Костовски, Цури и Ристовски погодија за три бода на вардаровите младинци

11

Изминатиов викенд започна новата сезона во младинската супер лига. Екипата на Вардар имаше успешен старт, откако во првото коло на свој терен успеа да освои три бода во дуелот со екипата на Победа од Прилеп. Црвено-црните славеа со резултат 3:1, со головите на Костовски, Цури и Ристовски. Погледнете ја нашата фотогалерија од овој дуел кој се одигра на теренот на ... Read More »

(Фотогалерија) Победнички старт на новата сезона за кадетите на ФК Вардар

8

Кадетите на ФК Вардар со триумф ја стартуваа новата натпреварувачка сезона. На теренот на Академијата, избраниците на Деспотовски ја совладаа екипата на Победа од Прилеп. Стрелци на головите беа Абдулах Хасани и Азер Омерагиќ. Погледнете ја нашата фотогалерија од овој дуел.   Read More »