Генерацијата родени “2007„ година беше единствената од вардаровите која успеа со максимален број на бодови да го заврши есенскиот дел од сезоната во детската лига. Двете екипи кои ги предводи Чунга Лунга демонстрираа одличе фудбал и на 20 одиграни натпревари имаа исто толку победи. Дел од екипата на Вардар (2) е Михаил Јорданоски кој остави посебен впечаток во есенскиот дел ... Read More »
Интервјуа
Кристијан Китановски: Задоволен сум од мојот придонес и од резултатите на мојата екипа, со тимски “дух„ и работа успеавме да се избориме за врвот на табелата
Во следново наше интервју ве запознаваме со еден од голманите во генерацијата на ФК Вардар родени 2002 година (пионерите). Се работи за новото засилување кое на почетокот од сезоната пристигна од екипата на Пелистер и на неколку натпревари се наметна во првиот состав на пионерската екипа на Вардар. Прочитајте го интервјуто со Кристијан Китановски. 1. Како се случи да се ... Read More »
Скубе: Годината ќе ја паметам по преминот во Вардар што се покажа како полн погодок за продолжување на мојата професионална кариера
На почетокот на новата натпреварувачка сезона екипата на РК Вардар ја засили поранешниот репрезентативец на Словенија, Стас Скубе кој пристигна од екипата на Пик Сегед. Скубе беше замената за Циндриќ и според договорот во Скопје треба да остане во наредните три сезони. Се работи за одличен организатор на играта, покрај постигнувањето голови квалитет во неговата игра е тоа што е ... Read More »
Никола Цветановски: Ние сме најмлад тим, сепак сме Вардар и не се откажуваме толку лесно
Вардар Јуниор е тим составен од млади момци кои се натпреваруваат на два фронта, предводен од искусниот Стојан Петрушевски и Пепи Манасков. Во Супер лигата се убедливо најмлад колектив каде се борат “лавовски“ со искусните и повозрасните тимови во најсилната лига. Во младинската лига се во најдобрата тројка по есенскиот дел, иако во истата не може да се фокусираат целосно ... Read More »
Ана Марија Божиновска: Не се откажувам лесно од целта, тоа е “огнот“ кој ме води низ кариерата
Вардаровата женска сениорска екипа годинава е составена од неколку малку повозрасни девојки и повеќето ракометарки од 15-16 години кои се по всушност кадетки. Сепак тие покажаа дека на теренот игра срцето, а црвено-црното е огромно и пулсира во еден ритам, шампонски. Во младинската лига сме лидери на пауза, апак во сениорската конкуренција ќе “зимуваме“ во топ-3 тимовите. Тоа е нешто ... Read More »
Зоран Петковски: Турнирите во Илинден и Белград ќе ни дадат појасна слика до каде сме и на што треба најмногу да работиме
Пионерите на ракометниот клуб Вардар го завршија есенскиот дел од сезоната на второто место во својата група. Генерацијата на ракометари родени 2004/05 година одигра шест натпревари на кои забележа пет победи и еден пораз. Ова е втора натпреварувачка сезона за оваа новоформирана селекција на ракометари на Вардар, кои полека треба да го покажуваат квалитетот кој го поседуваат. Како помина полусезоната ... Read More »
Дибиров: Во мојата играчка кариера најмногу се гордеам со освојувањето на Лигата на Шампионите
Тимур Дибиров ја игра својата шестта сезона во црвено-црниот дрес откако пристигна од екипата на Чеховски Медведи. Тој редовно е најдобар стрелец за Вардар во Лигата на Шампионите и еден од милениците на вардаровите навивачи. Ви го пренесуваме интервјуто 20 на 1 за официјалната страна на клубот. Што е уште поважно, вистината или среќата? - Има многу работи што ... Read More »
Славче Живков: Посветеноста, работата и мотивацијата на секој натпревар ќе не доближи до освојување на двојната круна со пом.пионери
Помладите пионери на ФК Вардар завршија на првото место во помладата пионерска Супер лига и се промовираа во есенски шампиони на Македонија. После две сезони во регионалната-скопска лига во која на два пати и станавме шампиони, пред оваа генерација родени “2003„ година се постави нов предизвик, во дебитантската сезона во првенството. За конечната цел да биде остварена на почетокот на ... Read More »
Борис Павловски: Со Будимир соработуваме веќе седум години, па слободно можам да кажам дека јас сум нејзин ракометен “производ„
Во следново наше интервју ве запознаваме со уште еден ракометен бисер, кој е дел од кадетската екипа на ракометниот клуб Вардар. Се работи за Борис Павловски кој игра на позицијата среден бек. Одличен играч кој придонесува многу за успесите на генерацијата на играчи родени 2002/03 година кои после освојување на пионерската лига, се на добар пат успехот да го повторат ... Read More »
Дисингер: Тимските победи се моја најголема радост
Вардар во текот на сезоната се засили со германецот, Дисингер тој од натпревар во натпревар е се подобар и го покажува квалитетот што го поседува. Он е првиот Германец што игра за машкиот тим на Вардар, а неговата сонародничка Ања Алтхаус со успех неколку сезони го носеше дресот на женскиот клуб. Како и секој спортист и Дисингер има работи што ги сака, ... Read More »