Црвено-црниот тим во оваа сезона влегува амбициозно, подмладен, засилен на стручен и кадровски план со големи очекувања. Ристова Драгана, тренерот на ЖРК Вардар која оваа генерација ја води од пионери, успеа да направи тим кој е во врвот на мак.сениорскиот ракомет и кој ќе игра во европските натпреварувања каде што ќе ја претставува Македонија. Разговараме денес за Вардар фанс со нашиот ... Read More »
Интервјуа
Петрушевска: Дафни Агиос Димитриос претставува голем предизвик и тест за мене,но спремна сум да се борам “лавовски”
Една од најдобрите вардарови кошаркарки, постојаната македонска репрезентативка, Јована Петрушевска ја очекува сериозен предизвик. Вардарката деновиве ќе реализира интернационален трансфер во соседна Грција. По четири години во вардаровиот состав каде што се закити со шампионска титула и Куп пехари, дојде време за нов предизвик. Има одлични игри зад себе, од репрезентативно ниво беше дел од селекциите У16 две години, и една година ... Read More »
Данески: Ангажманот во ЖРК Вардар за мене претставува голем предизвик
ЖРК Вардар се засили во стручниот штаб ова лето со кондиционен тренер и физиотерапевт. Нашиот тим е единствена женска екипа досега во Македонија која ќе има свој тренер задолжен за физичката подготовка. Раководството на нашиот колектив вложува напори и покрај ограничените финансиски средства на девојките да им овозможи модерни услови за подготoвка и натпреварување. Кондиционен тренер на тимот ќе биде Борис Данески, етаблиран, млад ... Read More »
Нина Бојаџиска: Огромна чест и задоволство е моето враќање во Вардар, но сега на друга функција
ЖРК Вардар во петокот промовираше двајца нови членови во стручниот дел на тимот, кондиционен тренер и физиотерапевт. Задолжена за здравјето на девојките ќе биде Нина Бојаџиска, за неа ова е практично враќање дома. Имаше ракометна кариера претходно, голем дел од неа ја мина во црвено-црниот тим. Разговараме за нејзината нова функција и едукацијата со која се стекнала, со неа Вардар добива ... Read More »
Поп-Крстев: Го остварив сонот, титулата му ја посветувам на покојниот чичко Драги, татко ми е горд до небо, тој ја има првата титула со Вардар, јас последната
Кугларите на Вардар станаа шампиони, по 19.години го симнаа од тронот не прикосновениот тим на Макпетрол. Дел, и тоа важен дел од тимот е и младиот куглар Георг Поп-Крстев. Ова момче од веќе пола деценија е дел од нашиот црвено-црн кугларски колектив, веќе пола деценија сонуваше и сонот му стана јаве. Тој дојде тивко… подадената рака на тренерот Драги Димитровски кој насети ... Read More »
Симов: Убави спомени имам од голманските денови, се надевам дека ќе продолжиме по тој успешен пат како во минатото
Горан Симов освои две шампионски титули како играч на Вардар, а сега ќе треба да освојува како предводник од клупата на ,,црвено – црните”. ,,Вардар Фанс” правеше интервју со Симов кога беше играч на нашиот клуб, а денес прави со новиот тренер на најтрофејниот фудбалски клуб од Македонија. - Се вративте дома, што значи за вас клупата на ФК Вардар? ... Read More »
Поп-Крстев: Само еден викенд не дели од титулата, мотивацијата е на највисоко ниво
Кугларскиот клуб “Вардар“ е пред историја, со двете победи во дерби дуелите со актуелниот шампион, Макпетрол и силната екипа на КК ГТЦ дојдовме до позиција да сами одлучваме за шампионската позиција. Лидери сме, имаме за одигрување две кола со две победи без разлика на останатите резултати по две декади екипата на Макпетрол нема да биде шампион и ќе го препушти приматот ... Read More »
Царчев: Сакам „сребро“ во двете конкуренции, работиме вредно цел тим
Секогаш е тешко да се започне вовед за една ваква црвено-црна величина како што е Александар Царчев. Тој е поранешниот голман на РК Вардар, потоа тренер во машкиот, а сега во женскиот тим. Има еден интересен факт за него, тоа е дека тој како и РК Вардар се “родени“ во истата 1961 година, токму црвено-црниот тим му го одбележа поголем дел од животот и кариерата. ... Read More »
Илиќ: Наградата ми е дополнителен потик, со Металург не очекува тешка битка
Викендов, ЖРК Вардар се закити со „сребро“ во Купот на Република Македонија, во полуфиналето го совладавме тимот на Чаир, во финалниот дуел Куманово беше подобар. Како и во 2019 кога Грујовска дојде до наградата, така и оваа година најдобриот голман го има повторно црвено-црниот тим. Станува збор за младата надеж на македонскиот ракомет, Илиќ Андреа. Пуленката на Царчев, доби признание за најдобар „чувар на мрежата“ на оваа ... Read More »
Миновска: Имаме желба, вештина, енергија и квалитет за Пехарот
ЖРК Вардар обезбеди Куп финале, истото се игра денес од 14-30 часот против Куманово во Автокоманда. Црвено-црните ќе атакуваат на 7-мата Куп титула во историјата, односно прва за овој млад моментален состав. Вчера во совладавме Чаир во полуфиналето и обезбедивме дуел за пехар. Разговараме со еден од најдобрите поединци, девојката која кога влезе во игра го смени целосно ритамот на ... Read More »