Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги (page 32)

Младински лиги

Викендов ќе се одигра 2. дел од турнирот „Еден живот, една љубов”

9u-659x330

Викендов, најмладите ракометари од  Ракометната академија Вардар  родени 2008/09 и 2010 година и помлади  во СЦ „Јане Сандански” ќе се натпреваруваат на шестото издание од турнирот „Еден живот, една љубов”. Ракометната академија Вардар по шести пат го организира традиционалниот турнир „Еден живот, една љубов”, а годинава натпреварите беа распоредени во два викенда, и тоа викендите 5 – 6 октомври играа ... Read More »

(Фотогалерија) Радовиш дојде и виде, кадетите на Вардар Јуниор стигнаа до нов триумф во младинската лига

17

Кадетите на Вардар Јуниор стигнаа и до третата последователна победа во рамките на младинската лига. Нашите млади надежи кои од клупата се предводени од двоецо Будимир-Станковски убедливо ја совладаа екипата на Радовиш (47:16). Погледнете ја фотогалеријата од овој натпревар Read More »

Нова „страшна“ партија за кадетите на Вардар Јуниор, ниту младинците на Радовиш не дадоа отпор за пресилните момци на Будимир

6

Кадетите на Вардар Јуниор немаат проблеми да победуваат ниту во младинската лига. Попладнево во малата сала на С.Ц. Јане Сандански избраниците на Будимир и Станковски ја „преслушаа“ и екипата на Радовиш. Екипата на Радовиш играше само во првите пет минути кога и имаше водство од 3:4, се до крајот на дуелот играше само една екипа, а тоа беа Вардар Јуниор. ... Read More »

Пионерите на Вардар со максимални 12.бода осамени на врвот, момците на Зенга имаат најефикасен напад во групата

73156423_2516522451909940_4828718738893176832_n

Пионерите на Вардар, момците на Зоран Петковски-Зенга имаат идеален старт на лигата. Тие по четири кола се на врвот на табелата со максимални 12.бода. Единствени се во нашата група со максимален ефект, втора е екипата на КЛ7 со 10 бода која очигледно ќе биде единствена која ќе ни парира за врвот. Трет е тимот на Металург-2, екипата која вчера ја совладавме ... Read More »

Пионерите на Вардар газат се пред себе, момците на Зенга со 4/4 во лигата по победата кај Металург

72323063_2460849460701666_3802512895665766400_n

Пионерите на Вардар денес во „Автокоманда“ дојдоа до победа во дербито со тимот на РК Металург-2. Избраниците на Зоран Петковски-Зенга се зацврстија на врвот на табелата со четвртата победа од исто толку мечеви во лигата. Овој тим игра пеколно во својата конкуренција, на сите мечеви досега победуваше со убедлива игра, ги краси  одличен ритам, цврста одбрана  и перфекна реализација. Првиот ... Read More »

Вардар Јуниор во среда домаќин на Радовиш во меч во младинската лига

71695564_2700439529974948_1175498949386043392_n

Кадетите на РК Вардар Јуниор, предводени од Будимир и Станковски во рамки на 2.коло од младинската лига ќе се соочат со тимот на  РК Радовиш. Ние сме домаќини на тимот од истоимениот град во Спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје. Натпреварот од младинската машка Група-1  е закажан за задутре, среда, 16.октомври и истиот ќе започне во 16-30 часот.  Правдата ќе ... Read More »

Пионерите на Вардар без бодови од гостувањато кај младинците на РК Работнички

132

Пионерите на Вардар гостуваа кај младинците на РК Работнички во 2.коло од младинската лига. Момците на Зенга успеаа да парираат во почетните минути против повозрасниот ривал, тие сезонава првпат се сретнуваат со поголеми ривали  и првпат играат мечеви по 60.минути. Првиот дел нашите момци го започнаа рамноправно,  на почетокот беше 1-1, 2-2 и на крајот 3-3. Потоа противникот кој е ... Read More »

Македонија прва на кадетската балканијада во Бугарија, вардарецот Савревски најдобар играч

b

По победата денес над екипата на РК Пирин, Македонија  е прва на кадетската балканијада во Бугарија. црвено-жолтите момци го освои ова натпреварување. Честити за нашите кадети на турнирот во градот Гоце Делчев покажаа огромен потенцијал. Македонската кадетска селекција денес го совлада тимот на РК Пирин, екипа која имаше во своите редови повозрасни играчи. Првите минути ги отворивме одлично поведовме со високи ... Read More »

Вардарци со значаен придонес во победата над Романија, голема победа за македонската кадетска селекција

kadeti-1

Победа за младата кадетска селекција на Македонија  беше остварена во Бугарија. По ремито против домаќинот, машката  репрезентација славеше во второто коло од Балканијадата против  Романија.  Првиот дел беше релативно изедначен, мечот започна со по пет гола во двете мрежи,  романците успеаа со минимална предност од еден гол да заминат на пауза. За време на одморот тие водеа со резултат 13-14, Во ... Read More »

Кадетите одиграа реми со Бугарија, вардарци со значајни улоги

52451494_2106607389453798_8468612997227479040_n

Избраниците на Брестовац, идните членови на кадетската македонска репрезеација  која идната година ќе бидат  ЕХФ-шампионатот во Скопје одиграа вчера официјална средба.  На Балканското првенство во Бугарија се сретнаа со домаќинот и одиграа  реми од 25:25. По крајот на првиот борбен дел домашниот тим замина со два гола предност, тие имаа 15-13 за време на паузата. Домаќинот успеа да се одлепи ... Read More »