Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Втор тим (page 2)

Втор тим

Во наредниве денови, Вардар Јуниор ќе одигра три контролни натпревари

vardarfans-junior

Екипата на Вардар Јуниор која е дел од најсилната Супер-лига максимално се подготвува за пролетниот дел од сезоната. Во следниве денови младиот состав кој е предводен од Стојан Петрушевски ќе одигра вкупно три контролни натпревари. Денес со почеток од 18:00 часот ќе гостуваме кај уште еден суперлигаш, тоа е тимот на Пролет 62. Во сабота ќе одиграме натпревар против екипата ... Read More »

Екипата на Вардар Јуниор одигра два контролни натпревари, на кои забележа победа и пораз

vardarfans-kontrolni-mecevi

Екипата на Вардар Јуниор во изминатиов период одигра два контролни натпревари како подготовка за пролетниот дел од сезоната во Супер лигата. Избраниците на Стојан Петрушевски остварија една победа и пораз во дуелите со екипите на Вардар Неготино и РК Бутел. Двата меча се одиграа во спортскиот центар Јане Сандански. На првиот меч бевме поразени од екипата на Бутел со резултат ... Read More »

Вардар Јуниор во среда ќе одигра контролен натпревар против Бутел

vardarfans-junior

Екипата на Вардар Јуниор продолжува да се подготвува за продолжение од сезоната во најсилната Супер Лига. Тројцата играчи кои во новата година започнаа да тренираат со првиот тим, се вратени на Вардар Јуниор, па тренерот Петрушевски може да смета на нивните услуги. Се работи за Стефан Атанасовски, Славе Јанковски и најдобриот стрелец на екипата, тоа е средниот бек, Стефан Крстевски. ... Read More »

Вардар Јуниор се уште има теоретски шанси за плеј-оф, познат распоредот за последните четири кола во регуларниот дел

vardarfans-junior

Од регуларниот дел на машката ракометна супер лига останува да се доиграат уште четири кола, по што ќе бидат познати екипите кои ќе продолжат во плеј-оф, односно плеј-аут разигрувањето. Пролетниот дел е предвиден да стартува на први март, а Вардар Јуниор на домашен терен го пречекува тимот на Металург 2. 01/03 Вардар Јуниор – Металург 2 07/03 Пролет 62 – ... Read More »

(ФОТО) Вардар Јуниор со „преполовен“ состав се подготвува за пролетниот дел

1

Екипата на Вардар Јуниор која е дел од Супер Лигата тренира со преполовен состав. Екипата која е предводена од Стојан Петрушевски се подготвува за пролетниот дел од сезоната, но значително ослабена. Дел од Јуниор не се веќе Карапалевски, Ќосевски, Кизиќ и Кукуловски кои имаат право за настап само со првиот тим. Од друга страна, со првата екипа тренираат уште и ... Read More »

Четворица играчи од Вардар Јуниор тренираат со првиот тим

82448960_10158893765205348_7417821159174963200_o

Европскиот ракометен Шампион веќе третти ден тренира во С.Ц. Јане Сандански и се подготвува за вториот дел од сезоната. Екипата не е комплетна, со оглед што осум играчи беа дел од Европското првенство, додека Калифа Гедбан со репрезентацијата на Алжир од утре ги започнува настапите на „Африканскиот Куп на Нации“. Со првиот тим тренираат и четири играчи од редовите на ... Read More »

Никола Анакиевски и Виктор Трифуноски ќе играат во Супер лигата за Вардар Јуниор

82180986_625904841284675_4434854479614967808_n

Екипата на Вардар Јуниор која е дел од најсилната супер лига, својот старт на подготовките ќе го има на 13. јануари ( понеделнк), во С.Ц. Јане Сандански. Што се однесува до составот, оваа екипа ќе претрпи промени во пролетниот дел од сезоната. Тренерот Стојан Петрушевски нема да може да смета на услугите на Ќосевски, Кукуловски, Кизиќ и Карапалевски, кои имаат ... Read More »

Стојан Петрушевски: Натпреварот против Металург беше најдобар за Вардар Јуниор, се надевам дека ќе го оствариме зацртаното од почетокот на сезоната, тоа е опстанок во супер лигата

vardar-junior-metalurg-super-liga-20-11-2019-229541

Тимот од кој се „црпат“ играчи за првата екипа на ракометниот клуб Вардар, тоа е Вардар Јуниор и оваа сезона има за главна цел да обезбеди опстанок во најсилната супер лига. Екипата која изминативе години ја води Стојан Петрушевски ја заврши полусезоната во најсилната-супер лига на одличното 6.место. Освоивме вкупно 18 бодови на 14 одиграни натпревари, па со оглед на ... Read More »

Вардар Јуниор имаше солидна полусезона, момците на Петрушевски и Манасков на пролет ќе продолжат во плеј-аут

vardarfans-junior

Младиот состав на Вардар Јуниор и оваа сезона има големи шанси да обезбеди опстанок во најсилната супер лига. Тимот од кој се „црпат“ играчи за во првиот тим, го заврши есенскиот дел на 6.место. Избраниците на Стојан Петрушевски на 14 одиграни натпревари остварија шест победи и осум порази. Иако остануваат да се одиграат уште четири кола од регуларниот дел на ... Read More »

Гогов: Мечот со Нексе е големо искуство за нас младите

77411442_10158740664150348_6128318917166235648_o

Вардар, вчера со екипа составена   од младинци убедливо беше поразен  во Хрватска од  тимот на Нексе. Натпреварот од последното есенско коло во СЕХА лигата во  Нашице им донесе големо искуство на младите ракометари. За оваа средба младиот надежен голман на црвено-црните, Гогов изјави: Честитки за ракометарите на Нексе за победата. Се обидовме да извлечеме максимим од себе, се трудевме на ... Read More »