Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Втор тим (page 4)

Втор тим

Ивона Трпевска: Ние сме млада и нова екипа, која треба уште да учи, во иднина посакувам само успеси

vardarfans-tekst1

Ивона Трпевска е 16-годишна млада и надежна ракометарка која настапува за екипата на Вардар Јуниор, која се натпреварува во најсилната супер лига. Таа ја игра својата четврта сезона во црвено-црниот дрес и ги има поминато младинските категории на Вардар. Настапува на позицијата десно крило и е младинска репрезентативка на Македонија. Во следново интервју ве запознаваме со Ивона Трпевска, која игра ... Read More »

ЖРК Металург минимално го доби дербито со Вардар Јуниор, во неизвесна завршница посреќен беше домашниот тим

vardarfans-naslovna-2

Екипата на Металург го доби дербито против Вардар Јуниор, во дербито на женската супер лига. Попладнево во спортската сала во населбата Автокоманда, домашниот тим славеше минимално со резултат 23:22 Во најголем дел од мечот, екипата на Металург имаше предност, но вардарки ниту во еден момент не се откажаа и цело време му дишеа во “врат“ на противникот. Видовме мал број ... Read More »

КУП: Познати противниците во 1/4-фин. за двете машки и женски екипи на Вардар

gggggggggg

Познати се четвртфиналните предизвици во Купот на Македонија за четирите црвено-црни екипи, машките и двете женски. Во машкиот куп со  четврт-финалните групи од Купот на Македонија почнува одбраната на титулата што РК Вардар ја брани. Вардарци ќе бидат домаќини на Група 1 каде се уште и екипите на Борец, Металург 2 и Металург јуниор.  Вардар јуниор ќе гостува во Автокоманда ... Read More »

Утре, Вардар Јуниор гостува кај ЖРК Металург во дуел значаен за вице-шампионската позиција

zrk-junior

Во овие денови пред престојните празници се одигруваат дуели во женската ракометна Супер лига, вчера првиот тим на Вардар одигра меч со Гевгелија, а утре помладиот тим на Вардар Јуниор има свој натпревар. Девојките на Симе Симовски, утре гостува кај ЖРК Металург во дуел значаен за вице-шампионската позиција во лигата. Натпреварот се игра, утре, четврток, 5.април со почеток во 16-00 ... Read More »

Вардар Јуниор совладан од ЖРК Пелистер

pr-660x330

Вчера младите девојки од тимот на Вардар Јуниор ја пречекаа екипата на ЖРК Пелистер во дуел од домашната Супер лига. По поразот во истиот за избраничките на Симовски Симе, нашите млади ракометарки ќе заостануваат во однос на конкурентите во борбата за вице шампионската титула. Тие  во дербито на 21. коло на женската лига загубија со 26-28 (14-12) од тимот на ... Read More »

Вардар јуниор утре на мегдан со Пелистер

zk6

Викендов нов предизвик во домашната женска Супер лига ги очекува девојките на Симе Симовски, младите вардарки од тимот на Вардар Јуниор. Тие ќе се сретнат во овој 21ви дуел за нив сезоната во единствената женска ракометна лига со тимот на ЖРК Пелистер.  Вардарки се домаќини на овој натпревар кој ќе се одигра утре, сабота, 31.март во Скопје. Победа во овој ... Read More »

Нема одмор, вардарки денес против Вардар Јуниор во “сестринскиот дуел“ од домашната лига

vardarfans-pobeda-za-zrk-vardar-660x330

Вчера со седмата последователна победа за екипата на ЖРК Вардар, на мечевите од регионалната лига нашите девојки дојдоа до титулата во регионалното натпреварување. Тие вчера триумфираа во натпреварот со Крим, а утре играат дуел со тимот на ЖРК Будуќност. Сепак во паузата помеѓу вчерашниот и утрешниот дуел во регионалната лига денес ги очекува меч од домашната лига. Денес во  С.Ц. Јане ... Read More »

Селекторот Симовски со пет вардарки на скратениот список за двомечот со Фарските острови

sime-simovski-660x330

Тренерот на Вардар Јуниор и селектор на сениорската репрезентација на Македонија, Симе Симовски го скрати списокот за двомечот  со селекцијата на Фарските острови.  На списокот од  16 ракометарки селекторот се одлучи да има пет девојки од двата црвено-црни клуба, за напомена на поширокиот беа седум. Утре почнуваат подготовките, првиот меч со островјанките  се игра в среда, 21 март, апак вториот на 25 март ... Read More »

Вардар Јуниор го совлада тимот на Деспина, Анастасија Николовска блесна со 15 погодоци

vardarfans-nikolovska1-660x330

 Вчера во спортско рекреативниот центар “Кале“- Скопје екипата предводена од Симе Симовски, Вардар Јуниор во рамки на домашната лига го пречека тимот на  ЖРК Деспина од Прилеп. Црвено-црните девојки одиграа одличен дуел кој го добија со резултат 28:21  , со оваа победа останаа во битката за вицешампионската позиција во лигата. Вардар јуниор поведе од стартот со 1-0, во следниот напад гостинките ... Read More »

Вардар Јуниор денес домаќин на ЖРК Деспина

vardarfans-vardar-junior4-660x330

Младиот женски ракометен состав на Вардар Јуниор денес игра дуел од домашната лига, во истиот е домаќин на екипата на ЖРК Деспина од Прилеп.  Девојките на Симе Симовски  ќе ги пречекаат своите ривалки во Спортскиот центар “Кале“, дуелот ќе се игра со почеток во 17 часот и 30 минути. Вардарки се фаворити во овој натпревар, во првиот дуел како домаќини ... Read More »