Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња (page 227)

Петлиња

Среќен роденден Дарко Глишиќ!

Денес свој 25-ти роденден прославува нашиот играч Дарко Глишиќ. Ние му посакуваме уште многу настапи и успеси оваа година во дресот на ФК Вардар, а воедно и уште многу подигнати трофеи со Вардар. Среќен роденден Даре! Read More »

Во сабота стартува новата сезона во детската фудбалска лига, Вардаровите генер. “2004“ и “2007“ ќе го бранат трофејот освоен од минатата сезона

9

Во сабота и официјално започнува новата сезона во детската фудбалска лига. Натпреварите ќе се играа на терените на фудбалската федерација на Македонија и ФК Работнички. Оваа сезона има мали промени во однос на учеството на генерации. Како што веќе знаеме генерациите родени “2002“  “2003“ година се натпреваруваат во посебна меѓурегионална лига, додека новитет во оваа сезона е приклучување во натпреварувањето ... Read More »

Марко Киш: Најубав момент ми е кога со своите соиграчи ќе се гушнеме после секој тренинг или натпревар и силно ќе го извикаме името Вардар

Вардаровата генерација родени “2007“ година успеаа изминатата сезона да се закити со златниот медал, освојувајќи го првото место во детската лига, во својата најмлада генерација. Член на неа е токму Марко Киш, кој имаше важна улога во добрите игри и резултати на својата екипа. Интересен играч за следење со голем осет за фудбалската игра. Неговите квалитети допрва треба да доаѓаат ... Read More »

ФК Вардар генер.2003 реди победи во лигата, Работнички нова “жртва“

Денес од  14-00 часот се одигра дуел на генерацијата  родени “2003“ помеѓу екипите на  Вардар и Работнички. Мечот беше  во рамките на 3 првенствено коло за нашите млади надежи во новата лига . Овој натпревар се одигра на теренот на Алумина и во истиот славеа црвено-црните. тренерот на оваа генерација Трајановски се одлучи денес да стартува со овој состав: на голот Стојковски, ... Read More »

Нова убедлива победа за генерација “2005′ на контролен натпревар

Нов контролен натпревар пред почетокот на новата сезона во детската лига за Вардаровата генерација “2005“ и нова победа. Избраниците на Игор Кралевски овој пат за противник ја имаа екипата на Смилковци, која ја поразија убедливо со резултат 15:0. Натпреварот се одигра на Академијата во две полувремиња од 30 минути. Самиот резултат говори за одразот на силите на двете екипи и ... Read More »

Работнички ќе биде следниот противник во меѓурегионалната лига, за Вардаровите генерации “2002“ и “2003“

Во сабота продолжуваат натпреварите од меѓурегионалната лига, за генерациите родени “2002“ и “2003“ година. Противник на двете Вардарови екипи ќе биде Работнички. Мечевите ќе бидат одиграни на теренот на Алумина. Генерацијата родени “2002“ година ќе го одигра второто коло во новоформираната лига. Во првото избраниците на Петар Ѓорѓиевски беа убедливи во дуелот со екипата на Башкими (6:0). Истиов противник беше ... Read More »

Генерација “2002“ со убедлив триумф се пласираше во следната рунда на националниот куп

Генерација родени “2002“ година денес на теренот на Академијата на фудбалскиот клуб Вардар  одиграа уште еден натпревар против екипата на Башкими од Куманово. Овој дуел беше во рамките на 1/16 на националниот куп, на кој нашите млади надежи беа повторно убедливи. Сега триумфот беше изразен со резултат 7:0. И овој дуел се одвиваше на идентичен начин како и претходниот. Однапред ... Read More »

Огнен Здравковски: Сон на секое дете што го сака фудбалот е да игра во Вардар

Големи успеси во изминатата сезона во детската фудбалска лига беа поврзувани со генерацијата родени “2004“ година. Нашите млади надежи успеаа да освојат прво и трето место на државно ниво во оваа лига, натпреварувајќи се со две екипи. Дел од оваа генерација е Огнен Здравковски, кој има голем удел во успесите на Вардаровата генерација родени “2004“ година. Играч кој може да ... Read More »

Вардарци од генер. “2005“ ги надиграа своите врсници од Металург на контролен натпревар пред почетокот на новата сезона

Пред почетокот на новата сезона во детската лига, фудбалскиот клуб на Вардар генерација родени “2005“ година одигра контролен натпревар со своите врсници од екипата на Металург. Овој дуел се одигра на академијата, во две полувремиња по 25 минути. Нашите млади надежи забележаа убедлива победа, изразена со резултат 8:1. Ова беше добра увертира за избраниците на Игор Кралевски за новата сезона, ... Read More »

(Фотогалерија) Момците на Томче Трајановски генер.2003 безмилосно ја “решетаа“ мрежата на Башкими

Во текот на вчерашниот ден на теренот на Академијата на ФК Вардар  се одигра вториот меч на вардаровата генерација 2003 во новата лига, противник во истиот ни беше екипата на  Башкими 1947 од Куманово. Младите вардарци  остварија убедлива победа  “решетајчија“ безмилосно  мрежата на кумановчани во текот на целиот натпревар. Избраниците на Томче Трајановски успеаа да погодат дури 17 пати во мрежата ... Read More »