Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња (page 229)

Петлиња

Генерацијата ”2004” загуби од Славија Софија за третото место

Денеска ФК Вардар генерација ”2004” го одигра натпреварот за третото место на турнирот во Благоевград. Нашите млади момчиња загубија од Славија Софија со резултат 1-0 (0-0). Голот за Славија Софија бил постигнат пред крајот на натпреварот, односно во завршната минута. Нашите момчиња исто така и на натпреварот против Динамо во 1/2 финалето не успеаа да победат, иако и на тој ... Read More »

Марко Крстевски: Играњето во најтрофејниот и најголемиот клуб во Македонија е моја најголема привилегија, чест е што сум дел од Вардар

Младинската школа на фудалскиот клуб Вардар има голем број на бисери во неа, токму еден од нив е членот на најмладата генерација која изминатата сезона се натпреваруваше во детската лига, која стана шампион на Македонија. Се работи за Марко Крстевски кој уште од мал покажува голем потенцијал и квалитет да прерасне во голем играч. Незаменлив дел од генерацијата “2007“, момче ... Read More »

Младите Вардарци ќе играат за трето место на турнирот во Бугарија, по тешка борба Динамо З. излезе како победник

Генерацијата родени “2004“ година предмалку го одиграа полуфиналниот натпревар против своите врсници од Динамо Загреб, на турнирот во Благоевград. По тешка борба на теренот, на крајот се радуваше противникот со минимална победа од 1:0. Само еден гол го реши патникот во финалето, а тоа за жал ќе биде тимот на Динамо Загреб Вардарци добро го одиграле овој натпревар и според ... Read More »

Михаил Танчев: Уште од најмала возраст одам на натпреварите на ФК Вардар и многу сум среќен што сум дел од ова семејство

Во следново интервју ве запознаваме со Михаил Танчев, кој настапува за генерацијата родени “2006“ година. Тој изминатата сезона беше втор најдобар стрелец во детската лига за својата генерација. Многу значаен играч за својата екипа кој располага со одлични фудбалски квалитети. Минатата сезона под водство на Игор Кралевски со својата генерација освои четири турнири, а веќе пред стартот на новата сезона ... Read More »

Вардаровата генерација “2003“ го освои петтото место на турнирот во Благоевград

Вардаровата генерација “2003“ со победа ги заврши настапите на турнирот во Благоевград. Утрово избраниците на Томче Трајановски во борба за петтото место беа подобри од екипата на Славија. Конечниот резултат на овој натпревар гласеше 2:0 во корист на Вардар. Одлично издание за нашите млади надежи кои целосно ја надиграа противничката екипа. По првото полувреме резултатот беше оној почетниот 0:0. Во ... Read More »

Вардар генер. ”2004” во полуфиналето, генер. ”2003” ќе игра за 5 место

Денеска во Благоевград Бугарија генерациите 2003 и 2004 на ФК Вардар одиграа нови натпревари. Генерацијата 2003 одигра два натпревари. На едниот одигравме со Академија Пандев 1:1, а потоа загубивме од Војводина 1:2. Утре оваа генерација ќе разигрува за петтата позиција на овој турнир. Оваа генерација во групната фаза два пати беа поразени, а еднаш одиграа нерешено. Генерацијата 2004 на ФК Вардар ... Read More »

Победа и нерешен резултат за генер. “2003“ и “2004“ во дуелите со А. Пандев, на турнирот во Благоевград

Денес продолжија натпреварите за Вардаровите генерации на турнирот во Благоевград. Утрово двете наши екипи, родени “2003“ и “2004“ година одиграа мечеви со екипите на Академија Пандев. Беа забележани една победа и нерешен резултат. Генерацијата родени “2003“ година одиграа со нерешен резултат 1:1 против своите врсници од Академија Пандев. Црвено-црните први го отворија резултатот на овој меч и поведоа со голот ... Read More »

Нерешен резултат и пораз за Вардаровите генерации на турнирот во Бугарија

Денес своите први натпревари на турнирот во Благоевград ги одиграа Вардаровите генерации родени “2003“ и “2004“ година. Тие денес за противници ги имаа екипите на Левски Софија и Ботев Пловдив. Избраниците на Томче Трајановски, генерација “2003“ беше поразена во дуелот со екипата на Левски. Конечниот резултат на овој натпревар гласеше 3:0. По првото полувреме противникот имаше водство од 1:0. Левски ... Read More »

Борјан Томовски: Јас го сакам многу фудбалот и Вардар и сакам еден ден да заиграм за репрезентацијата на Македонија

Најмладата Вардарова генерација која се натпреваруваше во детската лига, момчиња родени “2007“ година успеаа да станат шампиони на Македонија во својата возрасна категорија. Избраниците на Томче Трајановски во текот на целата сезона имаа забележано повеќе од 43 победи, натпреварувајќи се со две екипи во лигата. На крајот заслужено нашите млади надежи го подигнаа трофејот за освоеното прво место. Беа постигнувани ... Read More »

Младите Вардарци стартуваат против Левски и Ботев Пловдив, на турнирот во Благоевград

Денес Вардаровите генерации родени “2003“ и “2004“ година го отвараат настапот на силниот меѓународен турнир во Благоевград (Бугарија). Прв противник за нашите млади надежи ќе бидат екипите на Левски од Софија и Ботев Пловдив. Двата натпревари ќе започнат од 16 часот. Ова ќе биде прв поголем предизвик за  генерацијата “2003“, која е предводена од новиот тренер Томче Трајановски. Инаку во ... Read More »