Денес на теренот во Марино, натпревари од 13.коло во регионалната-скопска лига одиграа генерациите на ФК Вардар 2005 и 2006 кои гостуваа на екипата на Грозданоски. Генерацијата 2006 стигна и до 12.последователна победа, откако убедливо на гостински терен го совлада тимот на Грозданоски (0:5). Уште во 3.минута од мечот со голот на Нуман Ајетовиќ успеавме да го отвориме резултатот на 0:1, ... Read More »
Петлиња
Грозданоски е следен противник за вардаровите генер. 2005 и 2006, кои ќе се обидат да ја продолжат победничката серија
Генерациите 2005 и 2006 на ФК Вардар во сабота ќе го одиграат 13.коло во рамките на регионалната скопска лига. Во ова коло ќе гостуваме на екипата на Грозданоски, дуели кои ќе бидат одиграни на теренот во Марино. Мечевите ќе започнат во термините од 11:00 часот ( генер.2006) и 12:30 часот ( генер. 2005). Генерацијата 2006 на Вардар се наоѓа на ... Read More »
Двете екипи на ФК Вардар генер.2008 со максимален број на бодови го завршија есенскиот дел во детската лига
Шампионската генерација 2008 на ФК Вардар и оваа сезона продолжува со добрите игри во детската лига. Петар Георгиевски е новиот предводник на оваа генерација, која повторно се наметнува како најголем претедент за освојување на трофејот. И оваа сезона се натпреваруваме со две екипи кои есенскиот дел од сезоната го завршија со максимален број на освоени бодови. Вардар (1) одигра девет ... Read More »
Вардар ген.2009 „препородени“, на чело со Кралевски до два пехара во Бугарија, нивниот „кормилар“ настапи за тимот на „Балканските фудбалски ѕвезди„ (ФОТО)
Генерацијата на ФК Вардар родени 2009 оваа сезона ја презема, Игор Кралевски. Под негово водство тие во детската лига се на врвот на табелата по есенскиот дел. ФК Вардар(1) воопшто и не е поразен во есенскиот дел. Тимот доста напредна под водство на новиот стратег, доби компактност и воиграност. Екипата е на сосема друг левел оваа есен. Тие настапија во ... Read More »
ФК Вардар генер. 2010 дел од турнир во Грција, „Пефкохори Куп 2019“
Генерацијата 2010 на ФК Вардар под водство на Влатко Колев во периодот од 6-8.декември ќе учествува на меѓународен турнир во Грција, „Пефкохори Куп 2019“. На турнирот ќе се натпреваруваат генерации родени 2008 и 2010 година. Во двете генерации учество ќе земат вкупно 16 екипи. Нашите млади надежи се дел од групата Б, во која се уште и екипите на Арис ... Read More »
Величковски дебитира за У15 селекцијата, меѓу повиканите за дуелите со Кипар е и Цветков
Македонската фудбалска репрезентација до 15 години се наоѓа во Кипар, каде ќе одигра два контролни натревари со соодветната селекција на оваа земја. Селекторот на оваа селекција, Тони Јакимовски за овие дуели повика двајца играчи од редовите на Вардар. Се работи за капитенот на генерација 2005 на Вардар, Никола Величковски, за кој ова е прв повик во националната селекција, а меѓу ... Read More »
Победи за ФК Вардар генер. 2005 и 2006 во дуелите со Драчево Јуниор
Денес на теренот на Академијата, своето 12.коло во регионалната-скопска лига го одиграа генерациите 2005 и 2006 на ФК Вардар, кои славеа победи во дуелите со Драчево Јуниор. Генерацијата 2006 на Вардар потешко од очекувањата го совлада противникот, со гол во второто полувреме. Нови три бодови за црвено-црните донесе Нуман Ајетовиќ во 61 минута од дуелот. Вардар имаше уште неколку добри ... Read More »
Утре на теренот на Академијата, генер. 2005 и 2006 ќе одиграат дуели со Драчево Јуниор
Во текот на утрешниот ден, своето 12.коло во рамките на регионалната-скопска лига ќе го одиграат генерациите на ФК Вардар родени 2005 и 2006 година. Противник ќе ни биде тимот на Драчево Јуниор. Двете вардарови екипи се фаворити за освојување на бодовите. Генерацијата 2006 на Вардар се наоѓа на првото место со 30 освоени бодови, додека Драчево Јуниор е на средината ... Read More »
ТАБЕЛИ !! Генер. 2006 останува максимална, генер. 2005 го одржува чекорот за првото место
Изминатиов викенд, генерациите 2005 и 2006 одиграа ново коло во рамките на регионалната скопска лига. Нашите млади надежи славеа на гостувањето кај екипата на Сарај. Генерацијата 2006 стигна и до десеттата последователна победа, откако славеше на гостувањето кај тимот на Сарај со резултат 0:2. На тој начин, избраниците на Филип Спасески останаа на лидерското место со 30 освоени бодови, или ... Read More »
ФК Вардар генер. 2009 го освои меѓународниот турнир во Панаѓуриште-Бугарија
Генерацијата 2009 на ФК Вардар го освои меѓународниот турнир во Панаѓуриште-Бугарија. Момците на Кралевски во финалниот дуел ја победија екипата на Левски-Раковски. Во текот на денешниот ден ги одигравме завршните натпревари на турнирот. Како што известивме утрово во 1/4 финалето ја совладавме екипата на Витоша со резултат 2:1. Последната пречка до финаето ја поминавме на убедлив начин, откако во 1/2 ... Read More »