Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 (page 65)

У-16

Пом.пионери на ФК Вардар убедливи во Струмица, пионерите несреќно загубија два бода

88

Денес во Струмица последното есенско првенствено коло го одиграа пионерските екипи на ФК Вардар, кои гостуваа во Струмица на екипата на Академија Пандев. Помладите пионери триумфираа убедливо, додека пионерите одиграа со нерешен резултат. Помладите пионери со победа од 0:3, вкупно деветта го завршија есенскиот дел од сезоната во помладата пионерска супер лига. Уште во 12.минута од мечот успеавме да го ... Read More »

Пионерските екипи гостуваат кај А.Пандев, кадетите и младинците се домаќини, во последното есенско првенствено коло

49

Претстојниов викенд ќе се одигра последното 14 есенско коло во првенството на младите фудбалски категории. Академија Пандев ќе биде противник за вардаровите генерации. Пионерските екипи во сабота гостуваат во Струмица, додека кадетите и младинците во недела на теренот во населбата Јане Сандански ја пречекуваат А.Пандев. После триумфот во минатото коло против екипата на Работнички, пом.пионери на Вардар се вратија на ... Read More »

Пионерските екипи на ФК Вардар повторно се лидери, младинците им дишат во “врат„ на Шкендија

124

Изминатиов викенд се одигра 13.коло во првенството на младинските фудбалски категории. Екипите на Вардар за противник го имаа тимот на Работнички, натпревари на кои забележавме три победи и еден пораз. Помладите пионери со победата против Работнички успеаа да избијат на првото место на табелата во лигата и да се израмнат по бројот на освоени бодови со екипата на Работнички. Избраниците ... Read More »

(Фотогалерија) Победа за пом.пионери на ФК Вардар во дербито со Работнички

14

Триумф за помладите пионери на ФК Вардар во дербито против екипата на Работнички. Иако по првото полувреме имавме негатива, во вториот дел со погодоците на Стојановски и Живков успеавме да направиме резултатски пресврт и на крајот да ги освоиме бодовите. Погледнете ја фотогалеријата од овој натпревар. Read More »

Градското фудбалско дерби им припадна на пом.пионери на Вардар, Стојановски и Живков за три бода во дуелот со Работнички

47391839_1960424307337739_285622356045463552_n

Помладите пионери на ФК Вардар успеаа да слават во градското дерби против екипата на Работнички. Утрово на теренот на Академијата нашите млади надежи со пресврт во вториот дел го победија противникот и славеа со резултат 2:1. Тренерот Деспотовски стартуваше со следниве 11-сетмина: Стојковски, Јовановски, Ѓорѓоски, Давков, Сељанац, Алими, Давидовски (c), Стојчевски, Живков, Мирков, Стојановски. Првиот директен удар кон еден од ... Read More »

Градско фудбалско дерби во 13.првенствено коло, Вардар за противник го има тимот на Работнички

41533900_1850538011659703_8549142723494412288_n

Во сабота на програмата е градското дерби во првенството на младинските фудбалски категории, во 13 коло се среќаваат екипите на Вардар и Работнички. Пионерските екипи се домаќини на теренот на Академијата, додека кадетите и младинците гостуваат на теренот на Алумина. Во помладата пионерска супер лига се среќаваат првиот на табелата, тимот на Рабоотнички и второпласираниот тим на Вардар. Противникот има ... Read More »

Три победи и еден нерешен резултат за вардаровите екипи во дуелите со Ренова

16

Изминатиов викенд се одигра 12.коло во првенството на младинските фудбалски категории, во кое за противник ја имавме екипата на Ренова. Беа забележани три победи и еден нерешен резултат. Помладите пионери ја оправдаа фаворитската улога и на домашен терен славеа убедливо против екипата на Ренова (7:0) и на тој начин стигнаа до седмата победа во лигата. Што се однесува до табелата ... Read More »

Седум голови во мрежата на Ренова, пом.пионери на ФК Вардар стигнаа до седмиот триумф сезонава

138

Помладите пионери на ФК Вардар утрово на теренот на Академијата стигнаа до нова убедлива победа, откако беа подобри од екипата на Ренова. На овој меч, црвено-црните славеа високо со резултат од 7:0. Тренерот Деспотовски стартуваше со следниот состав: Јовчев, Давков, Марковски, Стојчевски, Трпезановски, Ѓорѓиевски, Алими, Давидовски (c), Прелоговски, Г. Стојаноски, В.Стојановски. Уште в0 10. минута од мечот го отворивме резултатот ... Read More »

Грегори Давков: Се одлучив за Вардар затоа што е најтрофеен клуб во Македонија, со најдобри услови за работа

88

Генерацијата на ФК Вардар родени “2003“ година ја имаат дебитантската сезона во рамките на помладата пионерска Супер лига. После 11 одиграни кола, црвено-црните се наоѓаат на второто место со реални шанси до крајот од сезоната да се борат за трофејот. Екипата е малку поизмената од претходните две сезони, со оглед дека на тимот се приклучија и старо-нови играчи. Тоа беа ... Read More »

Пионерските екипи се домаќини на Ренова, кадетите и младинците гостуваат во Тетово

46

      Претстојниов викенд на програмата е 12.коло во првенството на младинските фудбалски категории. Пионерските екипи во сабота се домаќини на екипата на Ренова, додека во недела кадетите и младинците ќе гостуваат во Тетово. Помладите пионери се фаворити за освојување на трите бода против Ренова и ова ќе биде шанса за избраниците  на Деспотовски да се вратат на победите ... Read More »