Tuesday ,16 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-17 (page 63)

У-17

Помладите пионери и пионерите на Вардар триумфално денеска

39

Помладите пионери и пионерите на Вардар одиграа одлично денеска и заслужено запишаа гостински победи против тимот на Шкупи. Помладите пионери победија со резултат 0:1, а пак пионерите  донесоа победа од 1:3. Тренерот Деспотовски стартуваше со следниве 11-сетмина: Стојковски, Сељанац, Ѓорѓоски, Давков, Стојчевски, Мирков, Ѓорѓиевски, Живков, Трпезановски, Алими, Прелоговски. Во игра влегоа уште и В.Стојановски, Андрески, Марковски, Давидовски. Првото полувреме мина без голови на двете страни. Вардар ја имаше ... Read More »

Пионерските екипи на ФК Вардар гостуваат на Шкупи, колото е одложено за кадетите и младинците поради репрезентативни настапи

k13

Претстојниов викенд активни во рамките на 6.првенствено коло ќе бидат само пионерските екипи на ФК Вардар, кои за противник ја имаат екипата на Шкупи. Натпреварите ќе бидат одиграни во сабота на теренот во Волково, со почеток од 10 и 12 часот. Помладите пионери ќе се обидат да ја прекинат серијата од два натпревари без триумф и да ги совладаат врсниците ... Read More »

Пионерите и младинците во победничка серија, пом.пионери и кадетите без триумф на последните дуели

9

Изминатиов викенд се одигра 5 коло во првенството на младинските фудбалски категории. Вардар се сретна со екипата на Академија Пандев, против која забележавме две победи, еден нерешен резултат и еден пораз. После три последователни победи на стартот од сезоната, помладите пионери и втор меч во серија не можат да стигнат до триумф. Избраниците на Филип Деспотовски на домашен терен не ... Read More »

Далибор Костовски: Големата мотивација и желба беа пресудни за победата против А.Пандев

14

Пионерите на ФК Вардар стигнаа до многу важна втора последователна победа во лигата, откако на домашен терен ја совладаа екипата на Академија Пандев, минимално со резултат 1:0 што беше доволно да се освојат бодовите. Тоа беше вкупно трети триумф за црвено-црните од пет одиграни кола оваа сезона, каде имаат уште и два нерешени резултати. Одлучувачкиот гол падна на стартот во ... Read More »

(Фотогалерија) Еден гол го реши пионерското дерби, Вардар подобар од А.Пандев

1

Пионерите на ФК Вардар го добија дербито со екипата на Академија Пандев, во рамките на 5.првенствено коло. Еден гол го одлучи победникот на овј дуел, а него го постигна Азер Омерагиќ на стартот на второто полувреме. Погледнете ја фотогалеријата од овој меч во пионерската лига. Read More »

Омерагиќ повторно “кобен„ за противниците, пионерите на ФК Вардар славеа во дербито против А.Пандев

5

Пионерите на ФК Вардар стигнаа до втората последователна победа, откако во рамките на 5.првенствено коло ја совладаа екипата на Академија Пандев, минимално со резултат од 1:0. Тренерот Кралевски стартуваше со следниве 11-сетмина: Китановски, Петејчук, Костовски, Крстевски, Асани, Гугуљанов, Речица, Величковиќ-Радуловиќ, Хасани, Туша, Омерагиќ (c). Првиот директен удар го имаше екипата на Вардар, кога се обиде Абдула Хасани, но топката заврши ... Read More »

Академија Пандев е противник за вардаровите екипи, во рамките на 5.првенствено коло

214

После пауза од една недела во сабота ќе се одигра 5.коло во првенството на младинските фудбалски категории. Противник на Вардар ќе биде екипата на Академија Пандев. Пионерските екипи се домаќини на теренот на Академијата, додека кадетите и младинците ќе гостуваат во недела во Стгрумица. Термините на одигрување на натпреварите се од 10 и 12 часот. Помладите пионери на ФК Вардар ... Read More »

Матеј Величковски: Во продолжение од сезоната може да очекувате многу победи, бидејќи оваа генерација е желна за повторување на успехот од минатата сезона

vardarfans-matej

Пионерите на ФК Вардар на најдобар можен начин се вратија на победите во првенството, откако на гостински терен го совладаа еден од конкурентите за трофејот, екипата на Работнички. Црвено-црните беа подобри на теренот и славеа со резултат 1:3, победа која им дава поттик во продолжение од есенскиот дел на сезоната. Голманот на Вардар, Матеј Величковски се наоѓа во одлична форма, ... Read More »

Половичен успех за младинските екипи на ФК Вардар, во дуелите со екипата на Работнички

7

Изминатиов викенд на програмата беше 4. коло во првенството на младинските фудбалски категории. Вардар за противник го имаше тимот на Работнички, против кој забележавме две победи и два порази. Пионерите и младинците триумфираа, додека порази претпреа помладите пионери и кадетите на Вардар. После три последователни победи во дебитантската сезона во првенството за помладите пионери на Вардар, стигна и првиот пораз ... Read More »

Пионерите на Кралевски со “одмазда„ за Работнички, пом.пионери со прв пораз сезонава

1611

Утрово на теренот на Алумина се одигра градското фудбалско дерби од 4.коло кај пионерските екипи. Во него се сретнаа екипите на Вардар и Работнички, натпревари на кој имавме половичен успех. Помладите пионери после три последователни победи во првенството, го претрпеа и првиот пораз во новата натпреварувачка сезона. Домашниот тим славеше минимално со гол во првото полувреме. Вардар: Стојковски, Јовановски, Ѓорѓоски, ... Read More »