Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-18 (page 66)

У-18

Џемал Ибиши е единствениот играч од повозрасните категории, кој успеваше да постигне голови за три младински екипи на ФК Вардар

vardarfans-ibisi

Еден од играчите кој успеваше за изминатата натпреварувачка сезона да посигне голови за три генерации на фудбалскиот клуб Вардар, беше Џемал Ибиши. Напаѓачот на црвено-црните дојде на почетокот на сезоната од екипата на Металург и веднаш се наметна во првиот состав. Ибиши успеа да се запише во листата на стрелци за три младински екипи на Вардар. Најмногу голови постигна за ... Read More »

Ѓорѓи Христов: Вардар ќе добие еден систем и начин на работа, според кој академијата и школата треба да се движат во иднина, да постигнеме стандарди, кои многу генерации во иднина ќе ги практикуваат

vardarfans-naslovna

Фудбалскиот клуб на Вардар од неодамна има нов директор на Академијата или младинската школа на клубот. Се работи за поранешниот репрезентативец на Македонија, Ѓорѓи Христов кој има 48 настапи во националниот дрес и постигнато 16 голови за селекцијата на Македонија. Христов исто така може да се пофали со долга интернационална кариера, кога како играч настапуваше за голем број на клубови ... Read More »

Перо Ангелески-Манце, економот на ФК Вардар, без кој не поминува ниту еден тренинг и натпревар на младинските категории

vardarfans-naslovna

Ниту еден тренинг, ниту еден натпревар на младинските екипи во фудбалскиот клуб Вардар, не може да се замисли без економот во Вардар. Се работи за Перо Ангелески-Манце, кој веќе шест години е задолжен за спортската опрема во клубот. Најпрво започнува во фудбалскиот клуб Работнички, каде се задржува три години, по што истата дејност ја продолжува во Вардар, во периодот од ... Read More »

ФК Вардар: Ѓорѓи Христов назначен за директор на фудбалската Академија

hristov

Како што официјално соопштија од ФК Вардар, прославеното македонско фудбалско име, еден од најдобрите македонски репрезентативци на сите времиња Ѓорѓи Христов, е назначен за нов директор на младинската Академија на фудбалскиот клуб Вардар. Христов го  наследи Бобан Бабунски, кој што стана “кормилар“ на сениорската екипа на Вардар. До сега тој беше координатор во фудбалската Академија, откако пристигна во нашиот тим пред точно една година. ... Read More »

Преглед на сезоната за кадетите на ФК Вардар, кои се вицешампиони на Македонија

1-2

Кадетите на ФК Вардар се вицешампиони на Македонија, за нтпреварувачката сезона 2017/18. Избраниците на Влатко Колев со само пет бодови помалку од екипата на Шкендија, завршија на второто место на табелата. Имавме 17 победи, 6 нерешени резултати и 4 порази. Двата последователни порази во рамките на 20 и 21 коло во дуелите со конкурентите, екипите на Шкендија и Работнички, не ... Read More »

(ФОТО) Кадетите на ФК Вардар завршија со групната фаза на турнирот во Златибор

s14

Кадетите на ФК  Вардар одиграа три меча во групата “Д“ на турнирот во Златибор, Србија. По крајот на групната фаза тие завршија на делбата на 3-то место со тимот на Удинезе од Италија со кој одиграа реми во првото коло на турнирот.   Read More »

Кадетите во Златибор минимално поразени од Олимпија, Велковски одличен на голот спаси поголем пораз

meto

Кадетите на ФК Вардар со пораз од екипата на ФК  Олимпија -Љубљана  го заврши настапот на „Куп на пријателство“ кој што се одржува во Златибор. Ривалите од Словенија во дуелот од последното коло не совладаа со минимални 1:0 (0-0). Вардар: М. Велковски, Радевски, Тасев, Талевски, Ѓурковски, Д. Велковски, Благоевиќ, Младеновски, Пешевски, Петејчук, Бериша. Резерви: Тимевски, Наумчевски, Адем, Колевски, Димовски, Игнатов, Митревски.  На ... Read More »

Кадетите на Вардар парираа одлично едно полувреме на Еспањол, шпанците го добија дуелот во вториот дел на турнирот во Златибор

r7d

Кадетите на ФК Вардар одиграа  натпревар од 2.коло на турнирот “Куп на Пријателство“, кој вчера стартуваше во Златибор (Србија). Црвено-црните за противник ја имаа екипата на Еспањол од Шпанија. Тие беа поразени со 3-1 со два гола во вториот дел, нашите момци одиграа одлично прво полувреме во кое парираа, истото заврши со нерешен резултат 1:1. Вардар: Тимевски, Радевски, Талевски, Наумчевски, Велковски, ... Read More »

Кадетите на ФК Вардар со одличен старт на турнирот во Златибор, без победник на дуелот со Удинезе

vardarfans-kadeti

Кадетите на ФК Вардар одиграа одличен прв натпревар на турнирот “Куп на Пријателство“, кој денес стартуваше во Златибор (Србија). Црвено-црните за противник ја имаа екипата на Удинезе од Италија, со која одиграа со нерешен резултат 1:1. Вардар: M.Велковски, Наумчески, Ѓурковски, Тасев, Радевски, Талески, Димоски, Адем, Бериша, Благојевиќ, Д.Велковски. Истиот резултат беше актуелен и по првото полувреме. Најпрво Вардар успеа да ... Read More »

Стартува “Куп на Пријателство“, кадетите на ФК Вардар отвараат против екипата на Удинезе

vardarfans-naslovna

Денес со почеток од 16:00 часот генерацијата на ФК Вардар родени “2000“ година го стартуваат учеството на силниот меѓународен турнир “Куп на Пријателство“ кој до недела ќе се игра во Златибор (Србија). Вардарци на овој турнир се предводени од Петар Ѓорѓиевски, додека негови помошници ќе бидат Сашо Јанев и Горан Петрески. Во првото коло, кое на програмата е денес за ... Read More »