Ракометниот клуб „Вардар“ на својата официјална страница објави информација за уписи во пионерската екипа на црвено-црните, во иста се вели: Генерација родени 2008 и помлади со тренерот Пепи Манасков својот тренинг ќе го имаат утре (СРЕДА) од 13,30 часот во малата сала во СЦ „Јане Сандански“. Сите заинтересирани кои сакаат да тренираат во Вардар и со македонската ракометна легенда ... Read More »
Младински лиги
Кадетите на Македонија го освоија ЕХФ Шампионатот, во финалето ја победивме Швајцарија
Машката кадетска ракометна репрезентација на Македонија го освои првото место на ЕХФ Шампионатот во Летонија. Момците на Раде Стојановиќ во големото финале беа подобри од репрезентацијата на Швајцарија. Иако во последниот период од играта влеговме со два гола негатива, 20-22, се сепак на крајот Македонија победи со резултат 24:22. На тој начин оваа генерација обезбеди учество на следното кадетско СП ... Read More »
Македонија денес игра финале со Швајцарија, Стојменов и Стојановски се најдоа во составот
Денес, кадетската ракометна репрезентација го игра финалниот натпревар на ЕХФ Шампионатот во Летонија. Противник за момците на Раде Стојановиќ ќе биде репрезентацијата на Швајцарија. Вчера, Македонија во рамките на полуфиналето убедливо го победи Луксембург со резултат 32:22. Вардаровите играчи, Александар Стојменов и Марио Стојановски, се најдоа во составот за денешното големо финале против Швајцарија. Натпреварот меѓу Македонија и Швајцарија се ... Read More »
Стојменов со прв гол на ЕХФ Шампионатот, Македонија подобра од Летонија
Кадетската ракометна репрезентација на Македонија ја забележа и третата победа на ЕХФ Шампионатот во Летонија. Избраниците на Раде Стојановиќ беа подобри од репрезентацијата на Летонија. Победникот беше решен уште по првото полувреме, кога Македонија имаше водство од 21:12. Оваа позитива ја задржавме и во вториот дел од натпреварот, за конечни 33:23. Првиот гол на овој ЕХФ Шампионат го постигна вардаровиот ... Read More »
Кадетите на Македонија обезбедија полуфинале на ЕХФ Шампионатот, Марио Стојановски постигнуваше голови против Турција и Косово
Машката кадетска ракометна репрезентација на Македонија има максимален учинок на освоени бодови, после одигрување на првите две кола на ЕХФ Шампионатот во Летонија. Избраниците на Раде Стојановиќ на отварањето ја победија репрезентацијата на Турција со резултат 34:19, додека на полувреме беше 15:10. На овој натпревар во составот на Македонија се најде Марио Стојановски, кој успеа да се запише во листата ... Read More »
Стојменов и Стојановски ќе го носат дресот на Македонија, на претстојниот ЕХФ Шампионат во Летонија
Стручниот штаб и тренерот на машката кадетска ракометна репрезентација г-дин Радослав Стојановиќ го објави списокот на ракометари за настап на претстојното EHF M18 Championship LAT 2022. На истиот се најдоа и двајца ракометари на Вардар, се работи за Александар Стојменов и Марио Стојановски. На ЕХФ Шампионатот во Рига, кадетската машка репрезентација на Македонија се наоѓа во група А со Турција, ... Read More »
РК Вардар, младинските репрезентативици Стојановски и Стојменов ги приклучи на првиот тим
Двајца вардарови млади надежи кој беа дел од македонската селекција на ЕХФ Шампионатот во Вардар, Бугарија за младинци добија шанса во првиот тим на РК Вардар 1961. Клубот на официјалната страница информираше за тоа, во информацијата се вели: Меѓу новите лица што се појавија на првиот тренинг на Вардар се и младите Марио Стојановски и Александар Стојменов. Ќе тренираат со ... Read More »
Петрушевски мина од Вардар во сениорскиот тим на РК Бутел
Управата на РК Бутел уште еднаш покажа дека мисли на иднината и донесе двајца млади и талентирани ракометари, кои во следните три сезони ќе ги бранат боите на Бутел Скопје. Еден од нив е Андреј Петрушевски, кој има 18 години, доаѓа од екипата на Вардар и настапува на позицијата десен бек. Овој млад талениран играч беше ... Read More »
Македонија го „разби“ Косово, вардарци постигнаа 7 гола
Вчера, машката младинска репрезентација на Македонија ја забележа првата победа на ЕХФ шампионатот во Варна, откако славеше над Косово со убедливи 22 гола разлика, 51-29. Победникот беше решен уште по првиот дел кога Македонија направи огромна залиха од 11 погодоци, црвено-жолтите момци водеа со 22-11 за време на паузата. На почетокот на второто полувреме Македонија зголеми на 26-12 и до крајот на ... Read More »
Четворица вардарци, на поширокиот список на селекторот Стојановиќ за селекција на кадети
Селекторот на машката кадетска репрезентација, г-дин Радослав Стојановиќ го објавува поширокиот список на ракометари за селекција. На списокот се најдоа и четворица играчи од редовите на Вардар. Се работи за Никола Спасовски, Марио Стојановски, Андреј Петрушевски и Александар Стојменов. Собирот е закажан на ден 25.06.2022 во Хотел Карпош – Скопје со почеток во 13:00 часот. Read More »