Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим (page 228)

Прв тим

Шкендија – Вардар на ТВ Нова

fkv

За нешто повеќе од еден час започнува мега дербито на Македонија, дербито во кое се среќаваа тимовите на Шкендија и Вардар. Овој натпревар и дефинитивно ќе се одигра, истиот ќе можете да го проследите низ директен пренос на ТВ Нова. Натпреварот започнува во 14:20ч, очекуваме интересен дуел и победа на Вардар! Read More »

Епа Вардаре, покажи зашто си шампион

fkv-antalija

Се враќаат возбудувањата во ПМФЛ и одма дерби пресметка, за нешто повеќе од еден час шампионот на Македонија ќе истрча на теренот во Тетово, ќе ги заборави сите проблеми и уште еднаш ќе докаже дека и оваа сезона е далеку најквалитетен тим во нашето првенство. Овој дуел ќе биде и деби натпревар на новите засилувања во Вардар, секако тука главен ... Read More »

Фелипе замина со тимот во Тетово, дали ќе игра!?

fkv-felipe

Тимот на Вардар замина за Тетово каде од 14.00 часот ја игра дерби пресметката за титулата со тимот на Шкендија. Радува веста дека со тимот за Тетово се качи и Хуан Фелипе, но, дали нашиот најдобар играч ќе настапи сеуште незнаеме. Според фотографиите кои ги објавува на социјалните мрежи, дава знак дека е подготвен за игра и победа на својот ... Read More »

Започнува ПМФЛ и одма проблеми, на еден ден пред мечот сменет судијата

На еден ден пред натпреварот Шкендија – Вардар кој не се знае дали ќе се одигра, ФФМ го смени судијата, па така место Александар Ставрев делител на правдата утре треба да биде Марјан Ецкоски од Охрид. Во соопштението на ФФМ се вели: Александар Ставрев кој беше делегиран за главен судија на натпреварот од 19. коло во Прва МФЛ меѓу Вардар и Шкендија ... Read More »

Брдаровски не игра против Шкендија и Победа!

vardarfans-gogov-brdarovski-skendija

Чедомир Јаневски нема да може да смета на Владица Брдаровски во првите две пролетни кола. Десниот бек на Вардар се повреди на еден пријателски дуел во Анталија, за среќа повредата не е сериозна но бара одреден период мирување. Значи утре на дерби пресметката со Шкендија, Брдаровски нема да може да помогне и в недела на домашен терен против Победа. Се очекува ... Read More »

Александар Ставрев главен судија, на дербито помеѓу Шкендија и Вардар

1b-660x330

Најдобриот Македонски судија според ФФМ за 2017 година, Александар Ставрев е делегиран за главен судија, на фудбалското дерби помеѓу екипите на Шкендија и Вардар. Овој натпревар ќе го означи стартот на пролетниот дел од сезоната, а на програмата е во среда во Тетово, со почеток од 14:00 часот. Екипата од Тетово влегува со осум бодови предност пред екипата на Вардар, ... Read More »

Вардарци се подготвуваат, Шкендија мора да падне!

fkv

Шампионот на Македонија наголемо се подготвува за можеби најважниот дуел оваа сезона во ПМФЛ. Во среда „црвено-црните“ ќе заминат за Тетово со една цел, победа и докажување по којзнае кој пат дека и оваа сезона се најдобриот тим во нашата лига и се зрели за одбрана на титулата. Во Тетово е секогаш тешко за игра, но токму овие играчи на Вардар ... Read More »

Толку од Хамбарџумјан, спогодбено ќе биде раскинат договорот

hof-barsegjan-vardar-vardarfans

Помирување на релација Јаневски – Хамбарџумјан дефинитивно нема па така ќе биде спогодбено раскинат договорот со Хофханес Хамбарџумјан. Хамбарџумјан како и што објавивме пред неколку денови, тренираше одвоено со младите надежи на Вардар во Академијата што беше доволен знак дека играчот е на прагот да си замине од тимот на Вардар. И пак “црвено – црните” прават грешка, доколку не сметаа на Хоф требаше ... Read More »

Фото: „Екипа ПИВО – ФКВ“ во посета на Симоновски

25037-komiti-so-humanitarna-pomosh-za-vencislav-simonovski

Во посета на фудбалерот од шампионската генерација на Вардар, Венцислав Симоновски, беа „екипа ПИВО – ФКВ“ , кои му доставија облека, медицинска и прехранбена помош. Дека Венцислав Симоновски не е заборавен од најверните, покажува токму оваа фотографија. Read More »

Ништо од потенцијалното засилување, Арсиќ потпиша за Војводина

dsadsadsa

Пропадна и последното потенцијално засилување за шампионот на Македонија. Вардар во последните денови од преодниот рок имаше во план да го доведе одличниот Лазар Арсиќ од Раднички Ниш, беа остварени првични контакти со играчот да дојде во Вардар, но, неофицијално дознаваме дека Вардар понудил малку како оштета, па во игра влегол сега веќе новиот тим на Арсиќ кој понудил прифатлива сума. ... Read More »