Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 (page 58)

У-16

Утре, пом.пионери на ФК Вардар ќе бидат крунисани во Шампиони на Македонија, кадетите и младинците во сабота гостуваат кај Шкендија

246

Во петок и сабота своето последно првенствено 27.коло ќе го одиграат младинските екипи на фудбалскиот клуб Вардар. Во петок на теренот на Академијата, пионерските екипи се домаќини на Шкендија, додека во сабота, кадетите и младинците гостуваат во Тетово. Утре, помладите пионери ќе бидат крунисани во шампиони, во својата дебитантска сезона во помладата пионерска супер лига. Избраниците на Филип Деспотовски одиграа ... Read More »

Пионерите на ФК Вардар го загубија лидерското место после поразот од А.Пандев, пом.пионери одиграа со нерешен резултат

vardarfans-pionerski

Денес во Струмица, своето претпоследно првенствено коло го одиграа пионерските екипи на ФК Вардар. За жал, пионерите се високо поразени во дуелот со директниот конкурент за трофејот, кој после ова коло ќе избие на првото место, додека помладите пионери на меч кој немаше никаква важност одиграа со нерешен резултат 1:1. Помладите пионери на Вардар и Академија Пандев ги поделија бодовите ... Read More »

Претпоследно коло во младинските фудбалски лиги, Академија Пандев е противник за вардаровите екипи

87

Во сабота своето претпоследно коло ќе го одиграат младинските екипи на ФК Вардар, кои за противник ја имаат екипата на Академија Пандев. Пионерските екипи гостуваат во Струмица, додека кадетите и младинците на теренот на Академијата се домаќини на А.Пандев. Натпреварите ќе се одиграат во термините од 10:00 и 12:00 часот. Последните две кола ќе бидат само формалност за помладите пионери, ... Read More »

Ѓорѓоски, Хасани и Стојановски добија повик за настап во репрезентацијата до 17 години, за пријателскиот турнир во Србија

1414

Македонската фудбалска репрезентација до 17 години во периодот од 19-23. мај ќе учествува на меѓународен пријателски турнир „Миљан Миљаниќ“ во Стара Пазова-Србија. По тој повод, селекторот на оваа репрезентација, Горан Станковски повика тројца играчи од редовите на Вардар. Се работи за Филип Ѓорѓоски, Абдула Хасани и Георг Стојановски. Повикот е закажан за во недела, во 9:30 часот пред фудбалската федерација ... Read More »

Три победи и еден пораз за младинските екипи на ФК Вардар, на дуелите со Македонија Ѓ.П

176

Изминативе два дена се одигра 25.коло во младинските фудбалски лиги. Вардаровите генерации за противник ја имаа екипата на Македонија Ѓ.П, дуели на кои забележавме три победи и еден пораз. Помладите пионери иако ја имаа заверено титулата и пред ова коло, сепак не пропуштија ништо на случајноста и остварија нова победа, вкупно 19 оваа сезона за избраниците на Деспотовски. На гостински ... Read More »

Познати термините за финалните мечеви на вардаровите генерации, во Купот на Македонија

vardarfans-finale-kup

Четири младински екипи на ФК Вардар се пласираа во големото финале од купот на Македонија и ќе имаат можност да се борат за трофејот во ова натпреварување. Тоа се генерациите на Вардар родени 2000, 2003, 2004 и 2005 година. Првично, финалните натпревари од Купот на Македонија во шест конкуренции за млади категории беа закажани на стадионот „Билјанини извори“ во Охрид, ... Read More »

Пионерските екипи на ФК Вардар славеа на гостувањето кај Македонија Ѓ.П

1112

Пионерските екипи на ФК Вардар забележаа победи на гостувањето кај екипата на Македонија Ѓ.П, во рамките на 25.пренствено коло. Помладите пионери на Вардар стигнаа и до својот 19. триумф оваа сезона, откако во второто полувреме го скршија отпорот на противникот. Играчот на одлука беше Георг Стојановски, кој успеа во 77 и 83 минута да ја затресе противничката мрежа и да ... Read More »

Во вторник и среда, младинските екипи на ФК Вардар ќе го одиграат своето 25.првенствено коло

19748415_1640684899311683_3314955141926642243_n

Во вторник и среда, своите натпревари од 25.коло ќе ги одиграат младинските екипи на ФК Вардар, кои за противник ќе ја имаат екипата на Македонија Ѓ.П. Пионерските екипи во среда гостуваат во Ѓорче, додека кадетите и младинците во вторник, на теренот во Аеродром се домаќини на Македонија Ѓ.П. Мечевите се играат во термините од 10:00 и 12:00 часот. Во помладата ... Read More »

Четири победи за младинските екипи на ФК Вардар во дуелите со Шкипи. пом.пионери се први кои се промовираа во шампиони

60175882_2299196323634199_5901925341248618496_n

Четири победи од исто толку одиграни натпревари за младинските екипи на ФК Вардар, во рамките на 24 коло и дуелите против екипите на Шкупи. Една генерација на Вардар веќе се промовира во шампион на Македонија, тоа се помладите пионери предводени од Филип Деспотовски, кои имаат недостижни десет бодови повеќе од екипата на Победа. Помладите пионери како што напоменавме се Шампиони ... Read More »

ПОМ.ПИОНЕРИ НА ФК ВАРДАР ГО ПОБЕДИЈА Шкупи И СЕ КРУНИСАА ВО ШАМПИОНИ НА МАКЕДОНИЈА

53673331_2094663070580528_6511897442735095808_n

Помладите пионери на три кола пред крајот се крунисаа во шампиони на Македонија во помладата пионерска-супер лига. Утрово на теренот на Академијата, црвено-црните ја совладаа екипата на Шкупи Тренерот Деспотовски стартуваше со следните 11-сетмина: Стојковски, Сељанац, Давков, Јовановски, Ѓорѓоски, Трпезановски, Давидовски (c), Андрески, Мирков, Живков, Стојановски. Вардар беше подобрата екипа на теренот, покрај минималното водство по првото полувреме, црвено-црните имаа ... Read More »