Friday ,18 October 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 (page 78)

У-16

Пионерските екипи гостуваат во Прилеп, кадетите и младинците домаќини на Победа, во рамките на 16 првенствено коло

2217

Во сабота и недела ќе се одигра 16 коло во првенството на младинските фудбалски категории. Противник за генерациите на Вардар ќе биде екипата на Победа од Прилеп. Пионерските екипи во недела гостуваат во Прилеп, додека кадетите и младинците се домаќини во сабота, на теренот во населбата Јане Сандански. Дербито ќе се одигра кај помладите пионери, со оглед дека прилепскиот тим ... Read More »

Георг Стојановски: Победата со секоја екипа ми е драга, секој гол подеднакво важен и на секој натпревар се трудам да бидам најдобар што можам

vardarfans-naslovna

Претстојниов викенд стартуваше пролетниот дел од сезоната во првенството на младинските фудбалски категории и регионалната-скопска лига, а првото пролетно коло го одбележа Георг Стојановски. Ова момче кое во есенскиот дел настапуваше за генерацијата родени “2004“ година и беше најдобар стрелец, во пролетниот дел е прекомандуван во една повозрасна генерација, тоа се момчиња родени “2003“ година. Сепак младиот Гео, кој инаку ... Read More »

(Фотогалерија) Фуриозен пролетен старт на пом.пионери кои убедливо го добија дербито против Пелистер

17

Помладите пионери на ФК Вардар со убедлив триумф во дербито против Пелистер го стартуваа пролетниот дел од сезоната во првенството. Избраниците на Тодоровски испорачаа пет голови во противничката мрежа, забележувајќи ја 14 победа во лигата. Стрелци на головите беа: Абдула Хасани (2), Виктор Крстевски, Азер Омерагиќ и Георг Стојановски. Погледнете ја фотогалеријата од овој натпревар.   Read More »

“Петарда“ во мрежата на Пелистер, деби гол за Георг Стојановски за 14-ти триумф на пом.пионери на ФК Вардар

vardarfans-naslovna

Како и што започнаа така и продолжуваат во пролетниот дел од сезоната. Помладите пионери на ФК Вардар, утрово на теренот на Академијата беа убедливо во дербито со екипата на Пелистер, совладувајќи ги со резултат 5:0. Тренерот Тодоровски се одлучи да стартува со следниве 11-сетмина: Величковски, Костовски (c), Асани, Крстевски, Величковиќ, Петејчук, Гугуљанов, Стојановски, Хасани, Омерагиќ, Мирков. Првиот удар кон еден ... Read More »

Пелистер прв пролетен предизвик за младинските генерации на ФК Вардар

vardarfans-najava

Претстојниов викенд стартува пролетниот дел од сезоната во првенството на младинските фудбалски категории или вториот круг на натпреварување. Противник на нашите генерации ќе биде екипата на Пелистер. Пионерските екипи во сабота на теренот на Академијата се домаќини на Пелистер во термините од 11 и 13 часот , додека кадетите и младинците во недела, во истите саатници ќе гостуваат во Битола. ... Read More »

Давидовски, Ѓорѓоски, Андрески и Мирков дебитираат во дресот на Македонија до 15 години, за контролните дуели со Полска, повик и за Хасани

vardarfans-reprezentacija

Македонската фудбалска репрезентација до 15 години денес ќе одигра контролен натпревар, против соодветната селекција на Полска. Првиот од двата контролни дуели е закажан за денес, со почеток од 13:00 часот на тренинг центарот “Петар Милошевски“. За овие дуели, селекторот на Македонија, Звонко Златановски повика пет играчи од фудбалскиот клуб Вардар. Дебитанти во националниот дрес ќе бидат дури четири играчи. Се ... Read More »

(Фотогалерија) Помладите пионери на ФК Вардар победуваат и на контролни натпревари

18

Помладите пионери на ФК Вардар забележеа победа на контролен натпревар против екипата на Шкупи. Дуелот се одигра на Академијата и заврши минимално со триумф на црвено-црните со 1:0, со голот на Абдула Хасани, на стартот на второто полувреме. Погледнете ја фотогалеријата од овој натпревар. Read More »

Абдула Хасани за победа на пом.пионери на ФК Вардар, на пријателски натпревар против Шкупи

2

Денес на теренот на Академијата, пријателски натпревар одиграа помладите пионери на ФК Вардар и Шкупи. Поуспешни беа нашите млади надежи, кои славеа минимално со резултат од 1:0, со голот на Абдула Хасани Тренерот Тодоровски стартуваше со следните 11-сетмина: Величковски, Асани, Костовски, Крстевски, Величковиќ, Гугуљанов, Стојановски, Хасани, Петејчук, Салиу, Омерагиќ. Во првите 20 минути од мечот речиси и да не видовме ... Read More »

Анатолиј Петејчук: Се надевам дека ќе го оправдаме сето она кое го постигнавме до сега, тренерот Тодоровски има голема заслуга за успехот

vardarfans-naslovna

Најпријатното изненадување во пролетниот дел од сезоната во првенството на младинските фудбалски категории, се сигурно помладите пионери, или генерацијата родени 2002 година. Оваа екипа која ја предводи Сашо Тодоровски го заврши есенскиот дел од сезоната, убедливо на првото место на табелата, забележувајќи 13 победи и само еден нерешен резултат, кој се случи уште во второто коло, кога на гостинскиот терен ... Read More »

Пионерските екипи на ФК Вардар подобри од Шкендија, на пријателски натпревари одиграни на Академијата

vardarfans-naslovna14-650x330

Денес на теренот на Академијата, пионерските екипи на ФК Вардар одиграа пријателски натпревари со врсниците од Шкендија и на двата дуели славевме победи. Помладите пионери продолжуваат со победи и на контролни натпревари, совладувајќи ја екипата на Шкендија и тоа убедливо со резултат од 3:0. Ново одлично издание за ибраниците на Сашо Тодоровски, кои доминираа на теренот и имаа најголем дел ... Read More »