Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 (page 91)

У-16

Академија Пандев , прв пролетен предизвик за младинските фудбалски екипи на Вардар

vardarfans-79

Во сабота и недела ќе се одигра првото пролетно коло во првенството на младинските фудбалски категории. Вардаровите екипи за противник на стартот ја имаат Академија Пандев. Пионерските екипи се домаќини на теренот во населбата Јане Сандански, додека кадетите и младинците гостуваат во Струмица. Помладите пионери се домаќини на своите врсници од А.Пандев, меч кој се игра во сабота со почеток ... Read More »

Триумф и пораз за пионерските екипи во мечевите со ФК Пирин одиграни во Бугарија

pp

Денес во Бугарија во градот Благоевград пионерите и помладите пионери на Фудбалскиот клуб Вардар одиграа тест-натпревари со ФК Пирин. Нашите момци забележаа една победа и впишаа и еден пораз во дуелот со бугарите. Пионерите на Сашо Тодоровски -“Рап-Тап“ генерацијата 2000 година во натпреварот со Пирин беа поразени со резултат 3:1. Единствениот гол за  вардаровите пионери беше постигнат од  Филип Антовски. Помладите ... Read More »

Андов и Димоски дел од фудбалската репрезентација до 16 години, за контролните натпревари против Ерменија

vardarfans-reprezentacija

Македонската фудбалска репрезентација до 16 години во сабота и вторник на тренинг центарот “Петар Милошевски“ ќе одигра два контролни натпревари со соодветната селекција на Ерменија. Овие мечеви ќе бидат како подготовка за квалификацискиот турнир кој во месец октомври ќе се одигра во Скопје, на кој покрај нашата селекција ќе се натпреваруваат и Словачка, Молдавија и Босна и Херцеговина. За натпреварите ... Read More »

Пионерските екипи на ФК Вардар ги завршија подготовките во Дојран

vardarfans-58-660x330

Двете пионерски екипи во текот на денешниот ден ќе пристигнат во Скопје, откако ги одработија седумдневните подготовки во Дојран. Во текот на вчерашниот последен ден помладите пионери одиграа контролен натпревар против екипата на Брегалница, кој го загубија со резултат 1:2. Иако по првото полувреме имавме водство со погодокот на Давид Астарџиев, во вториот дел противникот направи комплетен резултатски пресврт и ... Read More »

Успешни контроли за пионерските екипи на ФК Вардар, на подготовките во Дојран убедливо совладани повозрасните генерации на Беласица

vardarfans-pioneri

Пионерските екипи на фудбалскиот клуб Вардар веќе четврти ден се наоѓаат во Дојран, каде го одработуваат главниот дел од подготовките. Тие веќе ги одиграа и првите контролни натпревари на кои забележаа победи. Пионерите на ФК Вардар одиграа против генерацијата на Беласица родени 1999 година. Црвено-црните издвојуваа победа. Конечниот резултат гласеше 5:0. По првото полувреме имавме водство од 2:0 и тоа ... Read More »

Пионерските екипи заминуваат во вторник на еднонеделни подготовки во Дојран

Неделава со подготовки одпочнаа сите млади екипи на ФК Вардар: младинците, кадетите и двете пионерски екипи на црвено-црните. Тие во нашиот главен град Скопје на Академијата на фудбалскиот клуб Вардар во Градскиот парк ја одработуваат првата етапа од зимските подготовки за сезоната 2016/17. Според планот пионерските екипи втората фаза ќе ја одработуваат во Дојран. Во вторник на 31-ви јануари помладите ... Read More »

Фудбалската “Јуниор“ лига привлече многу талентирани играчи во младинските екипи на Вардар

vardarfans junior liga

Најтрофејниот клуб во Македонија и најголем спортски бренд, Вардар прв дојде до идеја да формира лига, натпреварување кое ќе ги обедини сите школи да играат меѓусебно во различни возрасни генерации и да ги покажуваат своите квалитети и талент. Веќе е втора сезона на таканаречената “Јуниор“ лига, во која се натпреваруваат девет фудбалски школи од Македонија, меѓу кои е и ФК ... Read More »

Младинските екипи на фудбалскиот клуб Вардар започнаа со подготовки за пролетниот дел од сезоната

Младинските екипи на фудбалскиот клуб Вардар во текот на вчерашниот ден ги стартуваа подготовките за пролетниот дел од сезона. Први кои стартуваа беа младинците предводени од Љупчо Марковски, додека од вчера својот прв тренинг го имаа пионерските екипи, како и кадетите на Влатко Колев. Првиот ден се работеше на физичка подготовка со трчање на Кеј, додека од денес се очекува ... Read More »

Филип Манасиевски: Само шест бода не делат од првопласираниот тим на Металург, што значи дека ништо не е изгубено

vardarfans-manasievski

Помладите пионери на фудбалскиот клуб Вардар на седмото место го завршија есенскиот дел од сезоната во првенството. Забележавме пет победи, на два пати одигравме со нерешен резултат, додека на четири натпревари нашите противници излегуваа како победници во меѓусебните дуели. Сепак избраниците на Сашо Јанев остануваат во борбата за титулата, со оглед на бодовната разлика од само шест бодови од лидерската ... Read More »

Пионерите на Вардар одиграа пријателски натпревар со Македонија ЃП

vardarfans-pioneri-660x3301-660x330

Денеска на фудбалската академија на ФК Вардар, пионерите на Вардар одиграа пријателски натпревар со пионерите од фудбалскиот клуб на Македонија ЃП. Овој натпревар донесе многу возбудувања на двете страни. По првиот дел пионерите на Македонија ЃП дојдоа до предност од 2:0 со головите на Филип Алексоски и Бесар Фејзулау. Во вториот дел и двете екипи имаа свој шанси за погодоци. ... Read More »